„Превенција од кражби“ на охридските плажи

За време на туристичката сезона (Јули и Август) 2012 година, во Охрид и околните туристички локалитети имаше зголемено присуство и раздвиженост  на поголем број домашни и странски туристи како и зголемена фрекфенција во сообраќајот. Оттука, во СВР Охрид  во текот на Јули и Август 2012 година беа регистрирани зголемен број на казнени дела односно вкупно 150 што претставува зголемување за 34 проценти во однос на истиот период во 2011 година кога СВР Охрид евидентира 112 казнени дела.  Посебно е значајно што истовремено се зголеми откривачката функција на СВР Охрид што…

повеќе...

Притворено лице поради извршени тешки кражби

Поради постоење на основи на сомнение за сторени шест казнени дела „Тешка кражба“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.К.(38) од Охрид. Истражен судија на А.К. му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.   Пријавениот, кражбите ги извршил во почетокот на месецов во неколку ветеринарни амбуланти, продавници, сервиси како и во една нотарска канцеларија притоа одземајќи пари и други поситни предмети. Тој употребувал штрафцигери и друг подесен алат за разбивање на сигурносните брави и кинење на катинарите од вратите а потоа и физичка сила по што вешто влегувал…

повеќе...

Кривична пријава за противправна сеча на дрва во струшко

Поради постоење на основи на сомнение за сторено казнено дел „Шумска кражба“ полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против К.А.(42) од селото Богојци З.Т.(30) од селото Долно Татеши М.А.(34) од селото Богојци како и против албанските државјани В.Ќ.(20) А.Н.(33) и Ф.Ќ(22). Пријавените, на 21-ви овој месец во 22 часот и 30 минути се затекнати при транспорт на вкупно 37 метри просторни огревно дабово дрво наменето за понатамошна продажба. Пријавените претходно извршиле противправна сеча во местото „Рабини дупки“ атар на струшкото село Брчево по што 21 метро дабовото дрво натовариле…

повеќе...

Засилени контроли на крадците на електрична енергија и должниците

ЕВН Македонија ќе ги интензивира контролите на мерните места и исклучувањата на корисниците кои навреме не ги платиле сметките за потрошена електрична енергија. За време на летниот период нема да се намалат активностите, туку напротив ќе се зголемат и екипите ќе бидат постојано на терен со цел да се откријат кражбите и да се опоменат корисниците кои подолг период не платиле за потрошената еклектрична енергија. Во последните 6 месеци ЕВН Македонија откри 1000 кражби на електрична енергија. Крадците потрошиле 16 милони kWh електрична енергија или направиле штета од 113 милони…

повеќе...

Двајца дебарчани со крадење „печалеле“ во Охрид

Поради постоење на основи на сомнение за сторени вкупно 10 казнени дела од кои девет – “тешка кражба“ и едно кривично дело – “кражба“, Секторот за внатрешни работи Охрид, поднесе кривична пријава против А.М.(20) и Е.К.(18), двајцата од Дебар. Се работи за лица кои по претходен договор, во текот на минатиот месец во повеќе наврати доаѓале од Дебар во Охрид со намера да ги извршат кражбите. Тие одземале златен накит, пари, лап топ компјутери, мобилни телефони, протеински препарати, колонијални производи, фен, радио касетофон и други предмети со што се стекнале…

повеќе...

6 икони и 12 илјади денари украдени од црква во Модрич

Шест икони со мотиви од повеќе светци нацртани на хартија и 12.000 денари е епилогот од тешката кражба извршена во црквата „Пресвета Богородица“ во струшкото село Модрич. Засега непознат сторител, ноќта на 20-ти односно рано утрото на 21-ви овој месец, влегол во камбанаријата преку незаклучената врата. Тука пронашол копач со кој го скршил катинарот од решетката на вратата на северната страна од црквата но не успеал да ја отвори и да влезе во внатрешноста на црквата.  Сторителот на вандалскиот чин и на тешката кражба сепак успеал да влезе од западната…

повеќе...

Фатени рибокрадци од Албанија

Три лица албански државјани, вчера се приведени при незаконит риболов во водите на Охридското Езеро. Во акцијата на охридската полициска станица за граничен надзор, во македонските територијални води  во близина на селото Трпејца, во незаконит риболов затекнати се: Д.Д. (20), Н.Д (20) и А.А. (44) сите од Поградец. Истите, вчера околу 13 часот нелегално ја преминале водената гранична линија на македонско-албанската државна граница и на околу 3 километри на македонска територија отпочнале незаконит риболов со ловни мрежи и метални канџи. Забележувајќи го полицискиот глисер, тројцата рибари  од нивниот пловен објект…

повеќе...

Успеал да се одврзе и убил еден од крадците

На 27.02.2013 година, околу 21,00 часот, Зоран З.(28) од с.Пантелеј  и Б.И.(34) од с.Полаки – кочанско, со такси возило управувано од Ќ.Ѓ(43) од Кочани, отишле во с.Којково – кратовско, при што на таксистот наводно му кажале дека требало да се видат со нивен пријател. Потоа, Зоран З. и Б.И. маскирани со фантомки на главите и со ракавици на рацете, влегле во куќата на Љ.М.(73) кој живеел со сопругата Ц.М.(73), која инаку е болна и неподвижна. Истите барајќи му пари физички го нападнале Љ.М.  удирајки го со тупаници по главата и…

повеќе...

Маскиран разбојник ограбил бензиска во Дебар, но бегајќи ги изгубил парите

Кривично дело разбојништво  извршено е утрово во 01 часот и 40 минути во бензиската пумпа „Макпетрол“ во Дебар.  Едно засега непознато лице, маскирано и вооружено со автоматска пушка, насилно велегло во бензиската станица, и на вработената, заканувајќи и се со оружјето и кажал дека има само една минута да му ги даде парите од прометот. Одкако таа се спротивставила и одговорила  дека нема пари, маскираниот ја одтурнал и кон рафтовите во бензиската станица  испукал еден куршум. Потоа, од работното биро одзел еден дел од парите во фиоката.  Во обид да…

повеќе...

Крадел мобилни во Охрид и ги продавал во Струга

Поради постоење основи на сомнение за сторени пет казнени дела „Кражба“ секторот за внатрешни работи Охрид, против лицето Е.М.(36) од Радовиш поднесе кривична пријава. Со пријавата, опфатено е и лицето К.З.(39) од Струга поради сторено едно казнено дело „Прикривање“. Кражбите, пријавениот Е.М. ги извршил во текот на минатиот и почетокот на овој месец во една амбуланта како и во неколку други објекти во Охрид, бесправно одземајќи мобилни телефони, пари и други  вредни предмети. Со тоа, стекнал противправна имотна корист од близу 100.000,оо денари. На 25-ти минатиот месец, во времето од…

повеќе...