Поради постоење на основи на сомнение за сторено казнено дело „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.П.(36) и Љ.К.(35) од Охрид како и против Н.С.(52) за „Спречување на службено лице при вршење службено дејствие“ . Истражен судија на тројцата им одреди мерка притвор во траење од 30 дена. На 26-ти овој месец околу 16 часот и 30 минути, Ј.П. со секира нападнал полициски службеник нанесувајќи му расекотина во пределот на градите. Тоа го сторил откако претходно со Љ.К. физички го нападнале…
повеќе...Tag: криминал
Непознати лица извршиле разбојништво во Кичево
Кривично дело разбојништво извршено е синоќа околу 21 часот во Кичево. Три засега непознати лица од кои еден имал маска на главата и бил вооружен со пиштол, а другите имале секири, влегле во домот на брачната двојка И.У.(66) и Е.У.(61) каде пребарувајќи низ спалната соба одзеле златни прстени и неколку други златни предмети. Потоа, во соседната соба ја сретнале брачната двојка при што под закана со оружјето, на Е.У. и го одзеле златниот ланец кој го имала на себе. Тројцата мошне брзо ја напуштиле куќата притоа заклучувајќи ја влезната врата…
повеќе...Тешка кражба во стан во Охрид
На 22 октомври во Охрид на ул. „Дејан Војвода“ во стан сопственост на С.Р.(68), непознат сторител извршил тешка кражба. На непознат начин ја отворил блиндор вратата, влегол внатре, извршил пребарување по собите и одзел една ташна во која имало разновиден златен накит во вредност од околу 1.200.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
повеќе...Школа за сајбер одбрана – Заштитата во Македонија на потребното ниво
Состојбата кај интернет заштитата во Македонија е на потребното ниво, но имајќи го предвид технолошкиот развој и новите системи што се ставаат во функција, ќе имаме потреба од подготовка и примена на безбедносните мерки, оцени министерот за одбрана Талат Џафери. На отворањето на НАТО регионалната школа за сајбер одбрана што од денеска до 26-ти овој месец се одржува во Охрид во организација на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ и Правниот факултет од Љубљана, Џафери истакна дека се обучува кадар кој може да ги користи новите технолошки достигнувања. „Напредокот на информатичката…
повеќе...Притворени две лица од Кичево кои извршиле кражби на пари, накит и злато од куќи во кичевско
Поради постоење на основи на сомнение за сторени вкупно шест казнени дела „Тешка кражба“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против А.Е.(18) и Г.К.(25) од Кичево. Нив истражен судија им одреди мерка притвор во траење од 30 дена. Пријавените, во периодот од Април до Октомври оваа година, во Кичево и неколку околни населени места извршиле шест тешки кражби. По претходен меѓусебен договор, сега притворените со употреба на железна хебла и физичка сила насилно ги отворале вратите и прозорците од куќите во селата Србица, Туин и Аранѓел. Нивната цел биле…
повеќе...МВР дел од голема европска акција за спречување на криминал со крадени патнички автомобили
Со цел спроведување на предвидените мерки и активности во рамки на иницијативата на ЕУ – EMPACT (European Multidisciplinary Platform Against Crime Threats) во Оперативниот акциски план за 2013 година во рамки на Приоритет Б, (намалување на улогата на Западен Балкан, како главна зона за транзит и складирање на илегални стоки, кои се наменети за ЕУ, и логистички центар за организирани криминални групи, вклучително и групи од албанско говорно подрачје) предвидено беше спроведување на заедничка полициска операција со име “Европа 2013“, чија цел беше борба против криминалот со крадени возила. Притоа…
повеќе...Запленето поголемо количество шверцувана стока вредна околу 500.000 денари
Регионалниот центар за гранични работи-Север, завчеравечер (10 октомври) реализираше случај на кримчарење со текстил при што беа запленети околу 3254 парчиња разновиден текстил натоварени на четири коњи со вредност на стоката од околу 450 000 до 500 000 денари. Во врска со случајот РЦ за ГР Север до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, ќе поднесе соодветна пријава против НН сторител, поради постоење на основано сомнение дека извршило кривично дело „криумчарење“. Имено, по предходни оперативни сознанија и изготвен план за постапување на службите на м.в. “Широка ливада“, атар…
повеќе...Обид за убиство со автоматска пушка во Горно Татеши
На 06.10.2013 година во 18:00 часот во Полициската станица во Струга, М.Т.(1974) од с.Горно Татеши–Струга, пријавил дека околу 14:30 часот додека бил на место викано „Долно Тоски“, атар на с.Горно Татеши, кон него, еден од синовите на А.И. истрелал неколку рафали со автоматско оружје, но не го погодил. Од страна на полициските служби е излезено на наведеното место, каде се пронајдени и подигнати за вештачење 14 чаури и еден проектил кој бил во непосредна близина на моторциклот на М.Т., а кој проектил претходно го пробил седиштето на моторциклот. По увидот…
повеќе...Кривична пријава за лице од Кичево поради неовластено пуштање наркотични дроги во промет
Поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, полициската станица од Кичево против лицето И.М. (42)од Кичево поднесе кривична пријава. При претрес во неговиот дом во Кичево, пронајдена е помала количина опојна дрога Марихуана што била сокриена во една од собите во семејната куќа додека друга помала количина, пријавениот сокрил под керамидите од надворешната ограда. Марихуаната, пријавениот И.М. неодамна ја купил од друго лице со цел натамошна препродажба на нарко зависници од Кичево по што, во…
повеќе...Откриени и запленети околу 86 килограми марихуана наменета за западноевропскиот нарко пазар
Министерството за внатрешни работи постапувајќи на полето на сузбивање на недозволена трговија со наркотици од Р.Албанија преку Р.Македонија кон западноевропските земји како крајна дестинација, реализираше случај на недозволена трговија со наркотична дрога, при што се запленети 85,870 кг марихуана. Имено, денеска, 02.10.2013 година, по претходно изготвен план и преземени координирани мерки и активности на магистралниот пат Охрид-Скопје, околу 01,00 часот во близина на превојот Пресека, од страна на полициски службеници, направен бил обид за контрола на патничко возило„Ауди А4“ со охридски регистерски ознаки. Возачот не постапил по наредбите на полицијата,…
повеќе...