Во рамките на своите активности за подготвеност и дејствување при несреќи, а со цел подигнување на нивото на координираност и заедничко делување во случај на несреќи, Црвен крст Охрид во соработка со Центарот за управување со кризи, СВР Охрид, Службата за итна медицинска помош, Територијалната протпивпожарна бригада и Општина Охрид ќе реализира јавна показна вежба на евакуација на учениците и вработените во ОУ „Ванчо Николески“ во с. Лескоец, Охрид при случена несреќа според соодветно сценарио. Вежбата, воедно ќе биде и можност за проверка на подготвеноста и капацитетите на ОУ „Ванчо…
повеќе...Tag: крст
Средношколците од „Ванчо Питошески“ се вклучија во акцијата „За посреќно детство“
ОУТУ „Ванчо Питошески“ – Охрид даде свој придонес со поддршка за спортско рекреативната хуманитарна акција „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ во организација на „Црвен Крст“ – Охрид. Учениците од Младинската организација како волонтери беа вклучени во целокупната организација на настанот, додека пак професорката Катерина Стојаноска беше одговорна за учеството на спортските игри со учениците од паралелките за ракомет, фудбал и кошарка презентирајќи ги спортските способности и вештини на присутните. Под мотото „Дружи се, спортувај, забавувај се, биди хуман“! тие учествуваа на спортските игри на Градскиот плоштад со цел да се донираат средства…
повеќе...Традиционално ќе се одржи акцијата „За посреќно дестство“
Традиционалната хуманитарна и спортско-рекреативна акција на Црвен крст Охрид „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ на која младите своите спортски вештини и способности ги презентираат преку натпреварување во бројни спортски дисциплини и културно-забавни содржини, и оваа година ќе се одржи во месец октомври во организација на Црвен крст Охрид. Традиционален партнер на акцијата „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ е комплексот Св.Ѓорѓија-Стоматолошки Центар Д-р Баткоски, кој и оваа година подготви голем број награди и изненадувања, како и бесплатни корисни совети и препораки за грижа и заштита на здравјето на устата и забите кај децата и возрасните.…
повеќе...При крај рокот за пријавување за програмата Час за приказни на англиски јазик
Пријавувањето за популарната едукативна програма за деца во Црвен крст Охрид, Children’s Story Hour – Час за приказни на англиски јазик за деца, е при крај! Програмата е наменета за деца на возраст од 4 – 7 години каде на забавен и интерактивен начин, преку читање приказни, пеење песнички, изработка на креативни вежби и пред се, користење на англиска литература за деца од Англиската библиотека на Црвениот крст Охрид, децата го надградуваат и зајакнуваат знаењетo на англискиот јазик и ја развиваат емоционалната сигурност како и хуманоста и солидарноста од најмала возраст. Часовите се одржуваат еднаш неделно…
повеќе...Утре голема крводарителска акција „Охрид спасува животи“
Во рамките на своите активности за обезбедување на доволни количества крв и крвни продукти за потребите на пациентите во здравствените установи во Охрид, Црвен крст Охрид во соработка со Општина Охрид организира голема крводарителска акција, која под мотото „ОХРИД СПАСУВА ЖИВОТИ” ќе се реализира утре од 10-15 ч. во Центарот за култура „Григор Прличев”, Охрид. Се покануваат сите хумани сограѓани да ја покажат својата хуманост и даруваат крв. Во рамки на овој настан на градскиот плоштад „Св.Климент Охридски” ќе биде одбележен и Светскиот ден на прва помош, 12 септември, со бројни активности…
повеќе...Црвен крст Охрид организира отворен ден за сите прашања, поврзани со мозочниот удар
Во рамките на своите активности во делот на здравствено-превентвната област, а како поддршка на активностите на Здружението за борба против мозочен удар „Мозочен удар“, насочени кон советување за третманот и рехабилитација на лица кои доживеале мозочен удар, како и презентирање на ризик фактори и мерки за превенција и заштита од мозочен удар за широката популација, Црвен крст Охрид и Здружението „Мозочен удар“ организираат јавни настани – Отворен ден за сите прашања, поврзани со мозочниот удар. Настаните ќе се реализираат на Градскиот плоштад Климент Охјавни места во Охрид, каде сите заинтересирани…
повеќе...Во недела крводарителска акција во организација на охридскиот Црвен крст
Традиционалната крводарителска акција која во организација на Црвен крст Охрид секоја година се одржува за празникот „Св.Климент“, оваа година ќе се реализира на 9-ти август (недела) во ОУ „Св.Климент Охридски“ во Охрид во периодот од 9-13 ч. Од Црвениот крст ги покануваат хуманите охриѓани и гости да бидат дел од оваа крводарителска акција и дарувајќи крв ја покажат својата хуманост.
повеќе...Охриѓани и гостите беа дел од Денот за спортски предизвик – Спортикус
Возење кајак, едрење, пливање, возење велосипед, играње тенис, аеробик го исполнија денешното претпладне на голем број охриѓани и гости од сите возрасти кои го прифатија спортскиот предизвик и беа дел од настан СПОРТИКУС – ДЕН ЗА СПОРТСКИ ПРЕДИЗВИК кој во организација на Црвен крст Охрид, а со поддршка на клубот за спортови на вода Акватика, пливачкиот клуб Охридски бранови 2008, велосипедскиот клуб Екодром и ИБ фитнес, се одржа денес на просторот на Центарот за безбедност на вода на Црвен крст Охрид кај плажата Горица 1. Екипите за прва помош на…
повеќе...Црвен крст организира ден за спортски предизвик – Спортикус
Официјалниот почеток на летната туристичка сезона Црвен крст Охрид ќе го одбележи со организирање на атрактивен настан под мотото СПОРТИКУС-ДЕН ЗА СПОРТСКИ ПРЕДИЗВИК, насочен кон промоција и практикување на спортски активности меѓу младите. На просторот кај Центарот за безбедност на вода на Црвен крст Охрид, на плажата Горица 1 (поранешен х. Парк) посетителите ќе имаат можност да стекнат знаења од стручни лица и испробаат бројни спортски вештини: возење кајак, едрење, пливање, сурфање, оние кои не знаат ќе можат да научат да возат велосипед, да играат тенис, да испробаат карате зафати…
повеќе...Поставен контејнер за донирање облека пред седиштето на Црвен крст Охрид
Црвен крст Охрид заедно со охридската експозитура на Алфа Банка АД Скопје денес успешно го реализира „Алфа Банка Групација Волонтерски ден – 2015“. Имено како општествено одоговорна компанија Алфа банка во соработка со Црвен крст на Република Македонија успешно соработува уште од 2009 година преку најразлични активности од областа на социјално-хуманитарната дејност. Оваа година банката донира контејнер за донација на облека и во Охрид во кој денес вработените во Алфа банка ескпозитура Охрид, волонтерите на Црвен крст Охрид и граѓаните на Охрид симболично донираа облека. Контејнерот е поставен пред седиштето…
повеќе...