Со пригодна свеченост во Општинската организација на Црвен Крст во Охрид, денеска беше одбележан 17 март, Денот на крводарителството во Република Македонија. Охридската организација е една од најуспешните во собраните единици крв и одзивот на граѓаните кои сакаат да ја даруваат драгоцената течност што спасува животи. На денешната свеченост на повеќекратните крводарители им беа врачени признанија, а благодарници и признанија им беа доделени на фирми и поединци што дале придонес во развојот и унапредувањето и омасовувањето на крводарителството во регионот на Охрид и Дебарца. Благодарница и беше врачена на општина…
повеќе...Tag: крст
Црвен крст: Се задоволуваат потребите од крв и крвни продукти на пациентите во здравствените установи во Охрид
Перманентна работа за промовирање и унапредување на крводарителството на територијата на општините Охрид и Дебарца е заложба која Црвен крст Охрид континуирано, посветено и совесно ја спроведува. „Како резултат на постојаната ангажираност на активистите на Црвен крст и службите за трансфузиологија во текот на целата година, се задоволуваат потребите од крв и крвни продукти на пациентите во здравствените установи во нашиот град. Хуманоста што ја покажаа нашите крводарители преку доброволно дарување крв допринесе да бидат спасени многу човечки животи.“– информираат од Црвениот крст Охрид. Честитајќи им го 17 март, Денот…
повеќе...Утре отворен ден во охридскиот Црвен крст
Во пресрет на 17-ти март, големиот јубилеј, 70 години од основањето на Црвениот крст на РепубликаМакедонија, Црвен крст Охрид организира отворен ден. Отворениотден ќе се одржи, утре (недела), со почеток во 11:00 часот во просториите на Црвен крст Охрид за сите пријатели, хуманисти, волонтери, подржувачи на идејата на движењето на Црвениот крст. Присутните, преку фотографии, видео материјал и разговор со волонтерите ќе имаат можност да се запознаат со организираното хуманитарно движење во Македонија од самите почетоци до денес, а за најмладите ќе биде прикажан анимиран филм за идејата на Црвениот…
повеќе...Грст награди и признанија за охридските Бреинобреин генијалци
На првиот БРЕИНОБРЕИН-АБАКУС натпревар во Хрватска, кој на 7-ми март се одржа во Загреб, впечатлив настап имаа децата од Центарот Бреинобреин-Црвен крст Охрид. Десет охридски генијалчиња од завршните нивоа на Бреинобреин програмата, стекнатите мултитаскинг вештини успешно ги презентираа пред своите соученици од Хрватска, кои ги следат почетните нивоа од интернационалната Бреинобреин програма. Со воодушевување беа поздравени од бројната публика децата од Охрид кои истовремено пресметуваат повеќе суми и пеат, танцуваат, прават оригами и сл., а од страна на Мастер франшизерот на БРЕИНОБРЕИН програмата за Европа, Бреинобреин-Црвен крст Охрид центарот беше…
повеќе...Ученици од Центарот Бреинобреин – Црвен крст Охрид учествуваа на државен натпревар во Скопје
На третиот по ред Државен натпревар на учениците кои ја посетуваат Бреинобреин програмата одржан во саботата во Скопје, Центарот Бреинобреин – Црвен крст Охрид го претставуваа 50 ученици кои се натпреваруваа во 9 категории и покажаа исклучителен успех, со освојување на 21 трофеј, 18 златни медали и 9 сребрени медали. Бреинобреин е интернационална едукативна програма која ја посетуваат деца од 5-14 годишна возраст, преку која ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми.…
повеќе...Во четврток започнува новиот циклус од програмата „Детски час за приказни“
Новиот тримесечен циклус од едукативната програма „Детски час за приказни“ (Children Story Hour) која веќе шеста година Црвен крст Охрид ја спроведува во соработка со Американскиот Мировен Корпус, започнува на 26-ти февруари (четврток). Покрај, креативните, забавно-едукативни содржини наменети за децата од 4-8 годишна возраст, овој циклус ќе изобилува и со корисни содржини за родителите, кои во времето додека нивното дете е на Детскиот час за приказни, тие ќе имаат можност, да учествуваат на советодавните работилници, за корисни теми поврзани со психофизичкиот развој, здравствените навики, социјализацијата на своите деца. За тоа ќе…
повеќе...Неколку фирми од Охрид пратија помош за поплавените подрачја
Како израз на позитивен пример, а во насока на поттикнување на компании, фирми и други субјекти во Охрид да се приклучат во хуманитарната акција за собирање на помош за погодените од поплавите во Источна Македонија, од Црвениот крст Охрид информираат дека членовите на Лајонс клуб Десарети, кои веднаш по објавување на апелот за помош, во текот на вчерашниот ден донираа 1,5 тон вода за потребите на жителите во поплавените подрачја. За денес помош во освежителни пијалоци најави и компанијата Словин Тем-Хем. ГП Ремис Охрид денес испраќа еден шлепер со вода за поплавените…
повеќе...Започнува нов пролетен циклус од едукативната програма – Час за приказни на англиски јазик
Во организација на Црвен крст Охрид, а со поддршка на волонтерите на Мировен корпус Македонија, започнува нов пролетен циклус од едукативната програма Children’s Story Hour – Час за приказни на англиски јазик за деца на возраст од 4 -7 години. Волонтерите-предавачи од Црвен крст Охрид и Американскиот мировен корпус, во текот на наредните месеци, на забавен и интерактивен начин, преку приказни, песни, уметност и вежби и пред се, користење на англиска литература за деца, ќе ги надградуваат и зајакнуваат знаењето на англискиот јазик и ќе поттикнуваат и развиваат нови креативни вештини,…
повеќе...Црвен крст Охрид се приклучува на апелот за помош на населението во поплавените подрачја во Источна Македонија
Поројните врнежи од дожд и зголемениот водостој на реките во земјата, предизвикаа поплави на населени места и плодни површини во неколку региони во земјата. Поплавите предизвикаа материјални штети, кои непосредно го погодија населението за што веднаш надлежните институции презедоа соодветни мерки за ублажување на последиците предизвикани од поплавите. Црвениот крст на РМ, согласно сопствените капацитети веднаш се вклучи во санирањето на последиците од поплавите, за што на најпогодените семејства им беше дистрибуирана помош во храна, средства за хигиена, ќебиња, душеци и флаширана вода за пиење. Црвениот крст на РМ согледувајќи…
повеќе...Милениумскиот крст доби современ систем за осветлување
Денеска беше пуштен во употреба новиот систем за осветлување на Милениумскиот крст, кој е еден од главните обележја на главниот град на Македонија. „Милениумскиот крст, е изграден во 2 000 година во чест на две илјади години христијанство во оваа библиска земја, Македонија, чија изградба била финансирана од Македонската православна црква, македонската Влада, како и донатори од Македонија и Македонци од целиот свет. Објектот Милениумскиот крст е челична конструкција, со висина од 66 метри, поставена на армирано бетонски постамент со висина од 10 метри, така што вкупната висина на целокупната…
повеќе...