Свечено ќе се доделат сертификатите за курсевите по странски јазици и информатика

Во рамки на одбележувањето на 106 годишнината од смртта на охридскиот преродбеник Кузман Шапкарев, во НУ „Григор Прличев“, утре, градоначалникот Никола Бакрачески на пригодна свеченост ќе ги додели сертификатите за посетените курсеви по англиски јазик, германски јазик и информатика од ОЈУ „Кузман Шапкарев“. Почетокот на манифестацијата е во 13:30 часот.

повеќе...

Министерот Јолевски ги посети учесниците на Курсот за стратегиско лидерство во Охрид

Развојот на лидерството и размената на искуства и мислења околу местото на теориите и моделите на лидерство во областа на одбраната е од исклучително значење имајќи ја предвид нашата цел за воспоставување на ефикасен одбранбен систем. Ова го истакна министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, пред учесниците на еднонеделниот Курс за стратегиско лидерство кој се одржува во Охрид, во коорганизација на Министерството за одбрана и Амбасадата на Обединетото Кралство во Република Македонија. Министерот Јолевски додаде дека станува збор за многу интересна материја која мора да биде предмет на изучување,…

повеќе...

Започнуваат бесплатните курсеви организирани од Општина Охрид

Утре, во просториите на работничкиот универзитет „Кузман Шапкарев“ започнуваат предавањата по бесплатните курсеви по англиски , германски јазик и информатика што по претходно распишан конкурс градоначалникот Никола Бакрачески ги додели на 34 невработени лица и студенти од општина Охрид. Од бесплатните курсеви 14 се по англиски 16 по германски јазик и 4 курсеви по информатика. Износот за еден курс по англиски и германски јазик е 2 000 денари односно за 30-те курсеви по овие два странски јазика општината предвиде 60. 000 денари. Износот за еден курс по информатика е 1…

повеќе...

Продолжуваат бесплатните курсеви и практичната настава за идните мајки во Црвениот крст

Поради пројавената заинтересираност за Проектот МАЈКИ, Црвен крст Охрид ги информира идните мајки од Охрид дека бесплатните курсеви и практичната настава водена од врвни специјалисти од повеќе области, продолжуваат и во наредниот период. Курсевите се одвиваат во просториите на Црвен крст Охрид, траат пет дена по три часа, а опфаќаат едукација на идните мајки во однос на бременоста, правилното доење, исхрана и повивање, вакцинација и давање прва помош. Сите кои го посетуваат курсот бесплатно добиваат и прирачници за правилно и успешно доење и навремена и дополнителна исхрана кај доенчињата. Заинтересираните…

повеќе...

Бесплатни курсеви по англиски, германски јазик и информатика за студенти и невработени лица

БЕСПЛАТНИ КУРСЕВИ ПО АНГЛИСКИ , ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК И ИНФОРМАТИКА ЗА СТУДЕНТИ И НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА Во рамки на Стратегијата за помош на социјално ранливите категории граѓани , што во континуитет се реализира веќе 18 месеци, Општина Охрид периодов спроведува два крупни социјални проекти кои се однесуваат на ранливите категории луѓе. Едниот проект се однесува на бесплатните курсеви по англиски, германски јазик и информатика а вториот проект се однесува на субвенционирање на дел од трошоците за комуналните услуги. Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, денеска на прес конференција ги обелодени деталите за двата…

повеќе...

Доделени дипломи за завршен веб-курс на ученици од социјално загрозени семејства

Во рамките на активностите за општествена одговорност на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ се реализираше проектот наменет за лица од социјално загрозени семејства. Во рамките на овој проект, ученицитена возраст од 16 до 18 години од оваа социјално ранлива категорија имаа можност бесплатно да стекаат знаења и вештини за веб програмирање, како опција повеќе при нивното идно вработување. Основната цел на курсотсо работен наслов „Learn the web“бешеоспособување на учениците самите да креираат едноставна веб – страна, како поттик при нивната определба за нивното идно образование и кариера или како потенцијален извор…

повеќе...

„Летна школа за зависности од дроги 2014“ ќе се одржи во Охрид 30 јуни до 07 јули

ХОПС – Опции за здрав живот Скопје по трет пат организира „Летна школа за зависности од дроги“. Оваа седумдневна летна школа ќе понуди мултидисциплинарен пристап за учење за зависноста од дроги, пристап кој ќе ги земе предвид социјалните, медицинските, но и политичките прашања. Целта на летната школа е да ги едуцира младите стручни кадри за работа на полето на зависноста од дроги. Школата посебно ќе се фокусира на моделите на политика за дроги, третманите базирани на докази, намалување на штети, психосоцијална подршка и концептот на човекови права на корисниците на дроги. ХОПС – Опции за здрав живот…

повеќе...

Започнуваат бесплатните курсеви за матурантите

Од утре во ОУ Отворен граѓански универзитет, „Кузман Шапкарев“ започнуваат бесплатните курсеви за подготовка за државна матура кои Општина Охрид врз претходно донесен правилник ги додели на ученици од социјално ранливите семејства. Иако вакви бесплатни курсеви општината обезбеди за 30 ученици, на претходно распишаниот конкурс се пријавени 23 деца. Согласно наставната програма за полагање државна матура, приоритет во курсевите имаат предметите по македонски јазик, математика и англиски јазик. Ранг листа за курсеви за државна матура

повеќе...

Црвен крст Охрид и годинава организира подготовка за матурскиот испит за англиски јазик

Црвен крст Охрид и оваа година организира подготовка за матурскиот испит за предметот англиски јазик. Курсевите се одржуваат во просториите на Црвен крст Охрид. На нив кандидатите ќе ги добијат потребните знаења по англиски јазик од страна на стручни и искусни предавачи, со што во целост ќе бидат подготвени за успешно полагање на матурскиот испит по англиски јазик. “Би сакале да напоменеме дека во двегодишното спроведување на овој проект беа вклучени 30 матуранти и сите посетители на подготвителниот курс УСПЕШНО го положија матурскиот испит по англиски јазик. Следејќи ги искуствата од…

повеќе...

Започнува нов пролетен циклус од едукативната програма Час за приказни на англиски јазик

Во организација на Црвен крст Охрид, a со поддршка на волонтерите на Мировен корпус Македонија, започнува нов пролетен циклус од едукативната програма Children’s Story Hour – Час за приказни на англиски јазик за деца на возраст од 4 -7 години. Волонтерите-предавачи од Црвен крст Охрид и Американскиот мировен корпус, во периодот февруари-мај 2014 година, на забавен и интерактивен начин, преку приказни, песни, уметност и вежби и пред се, користење на англиска литература за деца, ќe го надоградуваат и зајакнуваат знаењето на англискиот јазик и ќе поттикнуваат и развиваат нови креативни…

повеќе...