Селекторот на А футсал репрезентацијата Васко Скендеровски го објави списокот на играчи кои ќе бидат дел од македонската репрезентација на квалификациските натпревари за пласман на Светското првенство. На турнирот во Италија од 10. до 13. декември, Македонија ќе игра против Италија, Словачка и Молдавија. Подготовките за квалификациите за пласман на Светското првенство нашата репрезентација ги започнува денеска, селекторот Скендеровски ги повика следните играчи: ГОЛМАНИ: Антонио Петровски (КМФ Железарец),Илчо Удовалиев (КМФ Железарец); ОДБРАНА: Зоран Левески (КМФ Железарец), Ферид Агуши (КМФ Железарец), Драган Петровиќ (КМФ Железарец), Таулант Исмаили (КМФ Железарец); НАПАД: Даниел…
повеќе...Tag: македонски спорт
Скок од три места за Македонија на најновата ФИФА рејтинг листа
Најлошото помина. Благодарение на победата од 4:1 на пријателскиот натпревар на Македонија против Црна Гора, Македонија конечно забележува скок на ФИФА рејтинг листа. Скокот можеше да биде и поголем, но поразот од Либан си го направи своето. Фудбалската репрезентација на Македонија, на најновата листа забележа скок од +3 места и моментално се наоѓа на 136 место. На врвот од ФИФА рејтинг листата останува Белгија, а промени има на второто место каде се искачи Аргентина и Шпанија на третото место. Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Либија, со скок од +32 места се најде…
повеќе...Гол првенец на Трајковски за Палермо
Александар Трајковски го постигна својот гол првенец во дресот на италијанскиот калчолигаш Палермо. Во натпреварот од Италијанскиот Куп, Палермо на домашен терен го пречека нисколигашот Алесандриа. Трајковски постигна гол во 55 минута од натпреварот и во тој момент го намали резултатот на 1:2. Палермо прими уште еден гол, веднаш потоа неговиот тим повторно намали, но до крајот на натпреварот не успеа и да го изедначи резултатот, загуби со 2:3 со што беше елиминиран од „Копа Италија“. Во осминафиналето Алесандриа ќе игра против тимот на Горан Пандев, Џенова. WebOhrid / фото: palermocalcio.it
повеќе...Одиграни четвртфиналните реванш натпревари од Купот на Македонија
Денес се одиграа реванш натпреварите од четвртфиналето од Купот на Македонија. Постигнати беа следните резултати: Брегалница 4:1 Младост Царев Двор Силекс 1:2 Работнички Турново 0:1 Македонија ЃП Вардар 1:2 Шкендија Во полуфиналето од Купот на Македонија одат Брегалница, Работнички, Турново и Шкендија. WebOhrid
повеќе...Домашните играчи ќе ги одмерат силите со странците од Првата МФЛ
На 12. декември на теренот во тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе се одигра натпревар помеѓу селекцијата на домашни играчи против странците кои играат во нашата Прва лига. Иницијативата на Фудбалската федерација на Македонија и селекторот на А репрезентацијата Игор Ангеловски ја прифати тренерот на Шкендија Шпетим Дуро кој ќе го предводи тимот на странците во нашата лига. Игор Ангеловски ќе има можност да ги одбере најдобрите наши фудбалери кои играат во нашите клубови, од друга страна Шпетим Дуро исто така ќе може да селектира одличен тим. Тука се Павловиќ, Мијушковиќ,…
повеќе...Победа за КК „АВ Охрид“ против КК „Вардар“
Нова победа за КК „АВ Охрид“. Вечерва во Спортската сала „Билјанини Извори“ охриѓани го пречекаа „Вардар“ во дерби натпреварот за врвот од табелата во Втората македонска кошаркарска лига. Првото полувреме му припадна на Вардар, во кое гостите прикажаа добра, цврста игра и сосема заслужено заминаа на полувреме со предност. Но, сепак крајот го краси делото. АВ Охрид прикажа далеку подобра игра во второто полувреме. Играта на Вардар спласна во завршницата на натпреварот, а од друга страна АВ Охрид поентираше, ја зголеми предноста и успеа да победи со 83-75. По одиграни…
повеќе...Одиграно 16 коло од Првата МФЛ
Денес се одиграа натпреварите од 16-то коло од Првата Македонска фудбалска лига, постигнати беа следните резултати: Младост Царев Двор 1:4 Брегалница Металург 2:2 Турново Шкендија 1:1 Работнички Шкупи 0:0 Силекс Вардар 2:0 Ренова По денешната победа Вардар ја зголеми предноста на првото место и со 39 бодови се наоѓа пред Шкендија со 35 бодови и Силекс на третото место со 23 бодови. WebOhrid
повеќе...Уште една убедлива победа за РК „Охрид 2013“
РК „Охрид 2013“ забележа уште една убедлива победа во 11 коло од ВИП македонската ракометна Суперлига. Во Спортската сала „Билјанини Извори“ овој пат тимот на Охрид славеше со убедливи 40-26 против тимот на Металург 2. Победникот беше познат уште по завршувањето на првото полувреме кое Охрид го доби со резултат 21-8. Потоа остана само да се одигра и второто полувреме, во кое охридските ракометари ја одржуваа предноста се до крајот на натпреварот кој го добија со 40-26. По 11 одиграни натпревари РК „Охрид 2013“ се наоѓа на второто место од…
повеќе...ФК Вардар: Да не го видиме Ставрев повеќе на нашите натпревари!
Во врска со судењето на судијата Александар Ставрев на 1/4 финалниот натпревар од Купот на Македонија, управата на ФК Вардар објави соопштение во кое стои: „Како предводници и луѓе кои одвојуваат време и пари за доброто на Вардар, по вчерашното скандалозно делење на правдата на Александар Ставрев, јавно прашуваме кому му пречи ваков Вардар – организиран, квалитетен и со поглед кон Европа? Зошто некому сме му трн во окото и тоа откако успешно ги реализираме сите наши најавени проекти, пред сѐ кампот во Хиподром и Академијата во Градскиот парк. Се…
повеќе...Одиграни првите четвртфинални натпревари од фудбалскиот Куп на Македонија
Со денешниот натпревар помеѓу Шкендија и Вардар се комплетираа првите натпревари од четвртфиналето од фудбалскиот Куп на Макдонија. Останатите дуели се одиграа вчера, а постигнати беа следните резултати: Шкендија 3:0 Вардар Македонија ЃП 2:4 Турново Младост Царев Двор 1:1 Брегалница Работнички 3:0 Силекс Повратните дуели се играат во среда (2 декември) со почеток во 13:00 часот. WebOhrid
повеќе...