Изминатата недела во „Куќата на фудбалот“ беа одржани два работни состаноци во врска со организацијата на СУПЕРКУП финалето на УЕФА 2017 година кое го организираме на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје. По одлука на Влада на Р.М. е формирано тело/работна група со претставници од Фудбалската федерација на Македонија, канцеларија на Влада на Република Македонија, Министерство за внатрешни работи, Министерство за финансии, органот во составот на Министерсто за финансии – Царинска управа на Република Македонија, Министерство за транспорт и врски, Министерство за правда, Министерство за економија, Министерство за здравство, АД…
повеќе...Tag: македонски спорт
Нов пораз на МЗТ во АБА лигата
Нов пораз на нашиот шампион МЗТ Скопје Аеродром во регионалната кошаркаска лига. МЗТ Скопје Аеродром ја продолжи серијата порази во АБА лигата откако вечерва на домашен терен во Спортската сала „Јане Сандански“ загуби од Задар со 60:72 (21:08; 7:27; 18:17 и 14:20). Металците добро го започнаа натпреварот и по 4:4 направија серија од 15:0 за водство од 19:4. Сепак добрата игра на избраниците на Пипан траеше само во премиерните десет минути, по што следуваше голем пад во играта и на сцена стапија гостите од Хрватска. Кошаркарите на Задар вториот период…
повеќе...Комплетирано 15 коло од Првата МФЛ
Со денешниот натпревар помеѓу Ренова и Шкендија беше комплетирано 15 коло од Првата македонска фудбалска лига. Останатите натпревари се одиграа вчера, а постигнати беа следните резултати: Брегалница 0:2 Металург Работнички 1:1 Шкупи Силекс 3:0 Младост Царев Двор Турново 2:1 Вардар Ренова 0:0 Шкендија На првото место и понатаму останува Вардар со 36 бодови, пред Шкендија со 34 и Силекс со 22 бодови. WebOhrid
повеќе...Победа за „АВ Охрид“ на гостувањето против „Тетекс“
Кошаркарите на „АВ Охрид“ забележаа нова победа во Втората македонска лига. Овој пат, охриѓани гостуваа во Тетово, против тимот на „Тетекс“. Како и на претходните натпревари, така и на овој натпревар, КК „АВ Охрид“ прикажа одлична игра и успеа убедливо да го совлада тимот на „Тетекс“ со разлика од 30 кошови (Тетекс 65-95 АВ Охрид). И по оваа петта по ред победа, тимот на „АВ Охрид“ се наоѓа на првото место во Втората машка кошаркарска лига. WebOhrid
повеќе...Победа на РК „Охрид 2013“ против РК „Работнички“
Ракометарите на „Охрид 2013“ забележаа победа против „Работнички“ во Спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид. Во цврст натпревар, охриѓани прикажаа подобра игра, водеа во текот на целиот натпревар и успеаа да забележат победа. Првото полувреме го добија со 12-9, додека пак до крајот успеаа предноста да ја зголемат и да го добијат натпреварот со резултат 24-20. Металург и Охрид 2013 го делат првото место од ВИП Суперлигата со по 24 бодови, но тимот на Металург има 2 натпревари помалку. WebOhrid
повеќе...Јаховиќ се враќа во форма
Адис Јаховиќ се враќа во неговата добро препознатлива форма. По долгата повреда, тој денес постигна два голови за тимот на Крилја Советов на гостувањето против лидерот во Руската Премиер Лига, тимот на ЦСКА Москва, на чиј гол брани најдобриот руски голман, Игор Акинфеев. Првиот гол за Крилја Советов, Јаховиќ го постигна во 52 минута, додека пак вториот во 66 минута. На крајот, головите на Јаховиќ беа клучни за конечниот резултат на овој натпревар, ЦСКА Москва 0:2 Крилја Советов. Тимот на Крилја Советов се наоѓа на 10 место во најсилната лига во Русија.…
повеќе...Македонија 0:1 Либан
Македонската фудбалска репрезентација на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје, одигра пријателски натпревар против репрезентацијата на Либан. Според ФИФА рејтингот Македонија и Либан се рамо до рамо, односно 139 и 140 место, но и покрај тоа Македонија влезе како фаворит на овој натпревар. Натпреварот започна со мирна, претпазлива игра. Првото полувреме мина без посериозни шанси. Се залагаа и Македонија и Либан, но акциите беа без посериозна завршница. На полувреме се замина со резултат 0:0. Само што започна второто полувреме по една нафрлена топка следуваше грешка на нашата одбрана и Либан…
повеќе...Селекторот Ангеловски ги повика Барди, Зајков, Алексовски и Ангелов од У21
Селекторот на најдобрата репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски повика четворица играчи од младата репрезентација, за настап на пријателскиот натпревар со Либан. Откако го следеше квалификацискиот натпревар Македонија-Франција 2-2, Ангеловски се реши да ги повика да му се приклучат на А тимот и Енис Барди, Ѓоко Зајков, Игор Алексовски и Виктор Ангелов, а поради повреда отпаѓаат Марјан Радески и Дарко Велковски. „Најпрвин би сакал да им честитам на репрезентативците до 21 година за одличниот настап и резултат против Франција. Рековме дека наша цел ќе биде да повикаме играчи од У21 кои…
повеќе...Македонија до 21 година одигра нерешено против Франција
Репрезентацијата на Македонија до 21 година одигра нерешено 2:2 против селекцијата на Франција на централниот терен на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во натпревар од четвртиот круг квалификации за пласман на Европското првенство во Полска. Натпреварот започна со едноминутно молчење во знак на поддршка за настраданите во нападите во Париз. Нашите млади фудбалери испуштија предност од два гола против фаворитот, откако по првите 45 минути водевме со 2:0 и не и дозволивме на Франција посериозно да се закани по нашиот гол. Во продолжението се опуштивме, тоа мудро го искористија Французите и успеаа…
повеќе...Уште една победа за КК „АВ Охрид“
Кошаркарите на „АВ Охрид“ забележаа уште една победа во Втората македонска кошаркарска лига. Овој пат во Спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид, охридските кошаркари го совладаа тимот на Воднањски лисици со резултат 78-68. По четири одиграни натпревари, екипата на КК „АВ Охрид“ се наоѓа на првото место во Втората лига, со четири победи (8 бодови) и со 363 постигнати кошови. WebOhrid
повеќе...