Објавени победничките раскази од конкурсот „Живко Чинго“

Вкупно 59 раскази беа пријавени за наградата од 30.000 денари што Општина Охрид ја доделува за најдобар расказ, а по повод традиционалната културна манифестација, „Вечер на Живко Чинго“. „Годинава пристигнаа 59 пликоа, од кои после прегледувањето е констатирано дека 5 пликоа не ги усполнуваат пропозициите дадени во конкурсот. Од останатите 54 пликоа се извадени 58 раскази што ги исполнуваат пропозициите. Квалитетот на пристигнатите  раскази варираше, но 10-тина од нив се издвоиа со своите естески квалитети, односно со видливи сценски обележја, содржински издржани со целосна изградена композиција. Темите во расказите се…

повеќе...

Стрелачите параолимпијци Наковска-Бикова и Каранфилов во посета на Агенцијата за млади и спорт

Директорот на Агенцијата за млади и спортм Марјан Спасески организираше прием за членовите на македонската параолимписка стрелачка репрезентација по повод успесите на Оливера Наковска-Бикова и Ванчо Каранфилов кои со одличните настапи на Светското првенство во Германија изборија Олимписка норма за Летните ПараОлимписки Игри РИО 2016 година. Спасески резултатите на Бикова и Каранфилов ги оцени какао значен успех и најави соодветни награди. „Предводени од селекторот Бранимир Јовановски, актуелната шампионка од Лондон 2012 год. и светската рекордерка Наковска-Бикова и Ванчо Каранфилов, уште еднаш потврдија дека ќе претставуваат сериозни претенденти за освојување на…

повеќе...

Борис Трајанов, национален уметник за 2014 година

Македонскиот баритон Борис Трајанов е добитник на титулата национален уметник за 2014 година, соопшти министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска … Трајанов ја добива титулата на иницијатива од Македонската опера и балет. Комисијата составена од академиците Катица Ќулафкова и Газанфер Бајрам, Оливер Белопета и Раде Силјан, по разгледувањето на пристигнатите предлози, одлучила дека Трајанов ги исполнува критериумите утврдени со Законот за национален уметник. Канческа-Милевска информираше дека годинава во законски предвидениот рок во Министерството за култура пристигнале три иницијативи за титулата национален уметник. Покрај Трајанов, имало иницијатива на Младинскиот културен центар од…

повеќе...

Трето место и бронзен медал на Светското првенство во стрелање за лица со инвалидитет во дисциплина воздушен пиштол за Наковска-Бикова

Oливера Наковска-Бикова го освои третото место и бронзениот медал на Светското првенство во стрелање за лица со инвалидитет во дисциплината воздушен пиштол. Македонката добро го започна финалното стрелање со три погодоци во првата серија, меѓутоа во втората серија беше многу непрецизна и на крајот мораше да се задоволи со третото место и бронзениот медал. Овој резултат за Бикова значи и директна квота за учество на Параолимписките игри во Рио 2016 година. Во оваа дисциплина стрелаше и Лидија Крстеска која со резултат од 345 кругови го освои 25.место. По завршување на…

повеќе...

За наградата „Живко Чинго“ пријавени 59 раскази

Вкупно 59 раскази влегуваат во трка за наградата од 30.000 денари што Општина Охрид ја доделува за најдобар расказ, а по повод традиционалната културна манифестација, „Вечер на Живко Чинго“. Синоќа истече рокот за пријавување, а заинтересираните на адреса на Општина Охрид со назнака „за конкурсот за расказ“, во изминатиов едномесечен период трудовите ги доставуваа во печатена форма во три примероци со шифра на авторот без лични податоци. Се очекува Стручната жири-комисија резултатите од конкурсот да ги објави во дневниот печат најдоцна до 31 јули годинава, по што паричната награда за…

повеќе...

„Богородица Куп 2014“ во чест на Зоран Митрески – Бутрагењо

Фудбалскиот клуб „Сатеска“, на вчерашниот состанок на кој се расправаше за организацијата на 17-то издание на Турнирот во мал фудбал „Богородица Куп“ с.Волино едногласно одлучи годинешното издание на „Богородица Куп 2014“  да биде во чест на прерано починатата легенда на „ФК Сатеска“, Зоче  Бутрагењо и да има меморијален карактер, односно „Богородица Куп 2014 – Меморијал Зоран Митрески (1970 – 2013)“. „Името на Зоран Митрески – Бутрагењо со златни букви засекогаш ќе биде врежано во богатата историја на ФК „Сатеска“, како најдобриот стрелец  на Клубот на сите времиња. Повеќе од две…

повеќе...

Министерката за култура Канческа-Милевска со подароци за ѕвездите на „Охридско лето“

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, пред почетокот на свеченото отвoрање на 54.тото издание на фестивалот „Охридско лето“, синоќа оставри средба со екслузивните гости, италијанските солисти Барбара Фритоли и Лео Нучи и аргентинскиот диригент Луис Горелик. На средбата, Канческа-Милевска им подари реплики од надалеку познатите теракотни икони со приказ на богатото македонско културно наследство, како и примерок од ексклузивната фото-монографија „Чудесна Македонија“ во која низ фотографии и текст се претставени убавините нашата земја. Италијанските оперски ѕвезди,  сопранистка Фритоли и нејзиниот колега баритонот Нучи, заедно со диригентот од Аргентина, маестро Горелик приредија…

повеќе...

За традиционалната награда „Живко Чинго“ досега пријавени 17 раскази

Во тек е конкурсот што Општина Охрид  го распиша за  најдобар  расказ по повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“. До денес  на адресата на Општина Охрид со назнака „за конкурсот за расказ“пристигнале   17 раскази. Конкурсот е отворен и трае до 20 јули а сите заинтересирани трудовите треба да ги  достават во печатена форма во три примероци со шифра на авторот без лични податоци. Право на учество на конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија. Стручната жири-комисија  резултатите од конкурсот ќе ги  објави  во…

повеќе...

Музејот на вода добитник на сертификат за успешност што го доделува светски познатиот веб-портал „Трипадвајзор“

Од Министерството за култура, информираат дека капиталната инвестиција на Владата на РМ и на Министерството за култура, Музејот на вода во Градиште, е добитник на највисокиот сертификат за успешност што го доделува светски познатиот веб-портал „Трипадвајзор“ (Tripadvisor), еден од најголемите и најпосетувани туристички веб-портали, воедено и организација која ги обединува најпознатите светски туристички брендови.  „Трипадвајзор“ (Tripadvisor) е најголемата туристичка заедница во светот, а доказ за нејзината успешност се повеќе од 32 милиона активни членови и повеќе од 100 милиони прегледи, мислења и критики поврзани со посетата на културно-историските споменици, хотели,…

повеќе...

Пехарот за хуманост заслужено во рацете на охридскиот Црвен крст

Градоначалникот Никола Бакрачески денес во големата сала во  општина Охрид  присуствуваше на свечениот чин на  доделување на највисокото признание –  пехар,  што за “Промоција на хуманите вредности“ на државно ниво ја доби Црвен Крст од Охрид. „Добивањето на ова највисоко признание за „Промоција на хуманите вредности“, покрај  тимот на Црвен крст, треба да не мотивира и нас и целокупната локална заедница да се приклучиме кон акциите за помош на ранливите групи граѓани.Само преку такви активности се промовира хуманоста, се гради взаемно разбирање и почитување, толеранција и култура на дијалог, како…

повеќе...