Успеси на ученици од ОУ „Христо Узунов“ на Републичкиот натпревар по физика

На Републичкиот натпревар по физика што се одржа на 13.05.2017 година во ОУ„Христо Узунов“ – Охрид, ученичката Христина Митреска од деветто одделение освои трета награда, Драгана Усовиќ од осмо одд. исто така освои трета награда, а Ивана Пројческа од осмо одд. освои пофалница. „Голема благодарност до семејствата од ученици при ОУ„Христо Узунов“ – Охрид кои беа одлични домаќини на гости – ученици од поодалечните места на државата.“ – велат од училиштето.

повеќе...

ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ учествуваше на 5. Меѓународен натпревар „Балкан Јуниор“ во Тешањ, БиХ

ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ учествуваше на 5. Меѓународен натпревар „Балкан Јуниор“, кој оваа година се одржа во Средната Мешовита Школа во Тешањ, Босна и Херцеговина од 11 до 14 мај. На натпреварот учествуваа околу 50 ученици, ментори и директори на средни стручни училишта од осум држави: Словенија – Велење, Хрватска – Лабин, Србија – Ваљево, Црна Гора – Никшиќ, Македонија – Охрид, Турција – Истанбул, Романија – Констанца и Босна и Херцеговина – Тешањ. Учениците Иван Јузмески, II година во образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика, и Дејан Јанески…

повеќе...

Ученичка од ОУ „Живко Чинго“ освои трета награда на Државниот натпревар по физика

На 41-от Републички натпревар по физика кој се одржа во саботата на 13-05-2017 година во Охрид, ученичката од ОУ „Живко Чинго“ с.Велгошти – Екатерина Бочвароска од VIIIа одделение освои III награда. Ментор на ученичката е наставничката по физика Славијанка Дојчиноска. „На ученичката и менторката им го честитаме успехот.“ – велат од училиштето.

повеќе...

Учениците од ОУ „Григор Прличев“ и годинава меѓу најдобрите на Државниот натпревар по физика

На 13.5.2017 година во ОУ „Христо Узунов“ во Охрид се одржа 41 Државен натпревар по физика за основно образование, на кој учествуваа вкупно 320 ученици од осмо и деветто одделение. Учениците од ОУ „Григор Прличев“ од Охрид и оваа година беа меѓу најдобрите. Ученичката Ана Димоска од IX одделение постигна најдобар резултат на натпреварот освојувајќи прва награда со максимум 100 поени. Јана Петреска од VIII одделение освои трета награда, а ученикот Петар Мишов VIII одделение освои пофалница.У Ментор на учениците е наставничката по физика Славица Јолакоска Таштаноска.

повеќе...

Во ОУ „Христо Узунов“ се одржа Државниот натпревар по физика

Денес во ОУ „Христо Узунов“ – Охрид се одржа Државниот натпревар по физика на кој учествуваа 320 ученици и околу 90 ментори – наставници. Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ) и оваа година продолжува со активностите за популаризација на науката, физиката и другите природни науки преку стекнување и унапредување на знаењата, способностите и вештините кај учениците, наставниците и граѓаните и унапредување и заштита на животната средина. На овој 41 републички натпревар по физика учество зедоа ученици од осмо и деветто одделение од основните училишта во Република Македонија. Натпреварот започна…

повеќе...

Математичарите од ОУ „Христо Узунов“ со бројни награди на Државниот натпревар

Изминатиот викенд, на 06.05.2017 година, се одржа 42-от Државен натпревар за учениците од основното образование, на кој учениците од ОУ „Христо Узунов“ постигнаа одлични резултати. Христина Митреска (IX одд.) I награда, ментор: Виолета Китеска Елена Андрееска (VII одд.) III награда, ментор: Ирена Бачева Сања Јовеска (VII одд.) III награда, ментор: Ирена Бачева Филип Ѓорѓески (VII одд.) пофалница, ментор: Ирена Бачева Борче Исакоски (VI одд.) II награда, ментор: Кристина Крстеска Николоски Горазд Блажески (VI одд.) II награда, ментор:Кристина Крстеска Николоски Од училиштето упатуваат честитки до учениците и нивните ментори и како…

повеќе...

Прво место за ОУ „Живко Чинго“ на Регионалниот натпревар по информатика

На Регионалниот натпревар по информатика кој се одржа на 03.05.2017 година учествуваат и ученици од ОУ „Живко Чинго“ Велгошти Охрид, при што ги постигнаа следните резултати: На натпреварот ученикот Томче Дукоски од 7 одделение го освои првото место, под менторство на наставничката по информатика Дубравка Сершиќ и ученичката Анастасија Кецкароска од 6 одделеение доби Пофалба за успешно учество, исто така под менторство на наставничката по информатика Дубравка Сершиќ. Ученикот Томче Дукоски се здоби со право за учество на Државниот натпревар. „Честитки за учениците кои учестуваа на Регионалниот натпревар по информатика. Му посакувам…

повеќе...

ОУ „Христо Узунов“ домаќин на 41-от Републички натпревар по физика

Во ОУ „Христо Узунов“ Охрид, на 13.05.2017 година ќе се одржи 41-от Републички натпревар по физика за учениците од основните училишта. ПРОГРАМА ЗА 41-от РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА (Сабота, 13 мај 2017 година, ОУ„Христо Узунов“-Охрид ) 9.00 – 9.20 Пристигнување на натпреварувачите и менторите 9.20 – 9.30 Свечена програма (настап на хорот при ОУ „Христо Узунов“ – Охрид) 9.30 – 9.45 Поздравно обраќање во име на домаќинот на натпреварот, директорот на ОУ „Христо Узунов“ – Охрид, м-р Тони Симоновски Поздравно обраќање на претставник од ДФРМ Поздравно обраќање…

повеќе...

Успеси на основци од „Григор Прличев“ на Државниот натпревар по математика

На Државниот натпревар по математика кој се одржа на 6.5.2017 ученици од ОУ „Григор Прличев“ Охрид ги освоија следните резултати: Емилија Николовска VI одд I награда ментор: Марика Бубеска Ева Китрозоска VII одд III награда метор: Анита Николоска Ана Димоска IX одд II награда ментор: Лилјана Фанкоска

повеќе...

Ученици од ОУ „Григор Прличев“ освоија прво место на Регионалниот натпревар по македонски јазик

Голем успех постигнаа учениците од подрачното и централното училиште „Григор Прличев“ освојувајќи го првото место на регионалниот натпревар по македонски јазик. Натпреварот се одржа на 6.5.2017 во ОУ „Братство единство“ во Охрид, а учествуваа ученици од Охрид, Струга и Кичево. Притоа првото место го поделија ученичките Елена Шаптеска од подрачното училиште „Григор Прличев“ нас. Рача под менторство на проф. Кире Стојаноски и Искра Атанасова-Митуш од централното училиште „Григор Прличев“ под менторство на проф. Сузана Маленкова. Ученичките освоија вкупно 98 бодови од можни 100 што секако е за пофалба. Темите за…

повеќе...