Подводна еко-патрола

За време на снимањето на подводни сцени од  WebOhrid Aquatic, затекнавме многу отпад. Истиот беше собран од наша страна и депониран до најблискиот контејнер. Најзастапен отпад беше стаклото, кое доколку навремено не се извади од водите се крши на многу повеќе парчиња. Би упатиле апел до сите: Да не фрлаат отпад, да не ја загадуваат природата и доколку забележат отпад да се потрудат истиот да го отстранат! А сега, време е за убави нешта! Уживајте во најновите подводни снимки кои ги сними нашата подводна камера… WebOhrid

повеќе...

Пронајдена и отстранета рибарска мрежа при снимање на сцени од WebOhrid Aquatic

Како што веќе знаете, минатиот викенд WebOhrid започна самостоен проект WebOhrid Aquatic, со кој ве водиме во подводниот свет на Охридското Езеро. Во текот на снимањето на подводните сцени, на потегот помеѓу Десарет и Градиште, пронајдовме и отстранивме рибарска мрежа заплеткана околу карпа, полна со риби во фаза на распаѓање. WebOhrid

повеќе...

WebOhrid Aquatic ве води во подводниот свет на Охридското Езеро

WebOhrid ве води во подводниот свет на Охридското Езеро. Ова лето, со WebOhrid Aquatic, ќе ви доловиме повеќе видеа, кои можете да ги погледнете на нашиот youtube канал: WebOhrid. Бидете дел од оваа летна шема 2017, само на WebOhrid! Следете не! Ваш WebOhrid

повеќе...

Нуркачите ги шират своите крилја за скокови директно од карпите

Четири натпреварувања, четири победи – Тоа е беспрекорниот рекорд на Гери Хант на средина од сезоната во 2015 година. „Брилијантниот Британец“ постојано го подигаше нивото на своите скокови, нивната сложеност и тежина, што му овозможи да стигне до нови височини. Следното натпреварување кое треба да се одржи на архипелагот од кои се сочинети Азорските Острови, не претставува само враќање на овој спорт кон својата најчиста форма со скокови директно од карпите, од 27 метри височина, туку воедно е и локација каде што 31-годишниот Хант не успеа да се пласира во…

повеќе...

Шеици во посета на Нуркачкиот Центар „Амфора“ од Охрид

Шеици облечени во традиционална облека, нуркаа заедно со членовите на Нуркачкиот Центар „Амфора“ од Охрид. Освен разгледување на подводниот археолошки локалитет во Градиште, тие ги вкусија и вината на Стоби. Нуркачкиот Центар „Амфора“ од Охрид на овој начин на православните верници им го честита празникот Василица.

повеќе...

Завршија годинешните подводни истражувања на локалитетот Врбник кај Струга

Завршија годинешните подводни истражувања на локалитетот Врбник кај Струга. Во рамките на истражувањата, откриени се значајни движни наоди, датирани од 6 до 7 век пред нашата ера, периодот кога егзистирала оваа населба … Стручните екипи на Музејот „д-р Никола Незлобински“ во Струга ги завршија годинешните подводни археолошки истражувања на локалитетот Врбник. Годинава, во истражувањата кои беа пообемни, се вклучија и млади дипломирани археолози со специјалност подводна археологија, а интерес пројавија и институции од странство кои работат исклучиво во сферата на подводната археологија. Во рамките на истражувањата, откриени се значајни движни наоди,…

повеќе...