Локалната самоуправа со конкретни активности за уредување на речните корита

По налог на Локалната самоуправа, екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ деновиве  преземаат активности за изведување работи и извршување услуги за уредување на речното корито на Коселска река и реката Грашница. „Чистењето ќе продолжи во периодот кога дозволуваат временските услови, односно предвидено е до крајот на месец октомври да заврши акцијата за чистење на речните корита“, – рече Елена Скрческа, в.д. директор на ЈП „Охридски Комуналец“. Во акцијата за чистењето на реките на територијата на општина Охрид кои во периодот на врнежи се најголеми причинители на поплави и штети од поплави…

повеќе...

Пановски: Очекувам позитивни оценки од УНЕСКО, a подоцна и активирање на акционен план за управување на Биосферниот резерват

Тимот кој работеше на изготвување на Номинацијата за прогласување на Прекуграничен биосферен резерват Охрид Преспа под УНЕСКО, во предвидениот рок во четвртокот ја испрати Номинационата форма до седиштето на УНЕСКО во Париз. Номинацијата е примена вчера петок во Унеско во 14:48 часот. Од тогаш почнува процесот на оценка на апликацијата за кое првично изјаснување Комисијата при УНЕСКО ќе го има во Ноември, а конечната одлука следнава пролет. Актот е испратен со писма за поддршка од Министерите за животна средина на Република Македонија и Република Албанија и од Националните Комисии на…

повеќе...

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање утре во Охрид

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски утре кај градското пристаниште во Охрид ќе одржи прес-конференција. Целта на пресот е да ја информира јавноста за Втората глобална подводна акција чистење на водите во светот. Свое обраќање ќе имаат и Периклија Бешка, претседател на „Сојузот на Подводни активности на Македонија“, г-дин Киро Ангелески, претседател на спелеонуркачкиот клуб „Врело“, како и претставници на нуркачките клубови што учествуваат во акцијата: „Амфора“ од Охрид, „Акватек“ од Скопје, и „Клубот на Подводни Активности Охрид“. Оваа година, во глобалната  акција која е подржана…

повеќе...

Се уредуваат тротоарите покрај Кејот

Екипи на јавното претријатие „Нискоградба“ од денес започнаа со уредувањето на тротоарите покрај градскиот Кеј. Стручните служби со механизација го обновуваат бекатонот, а зеленилото покрај кејот хортикултурно ќе го ревитализира работната единица „Паркови и зеленило“ при Ј.П. „Охридски Комуналец“. Претходно сите угостителски објекти добија налог да ја отстранат урбаната опрема од тротоарите, а тротоарот ќе служи исклучиво за пешаците. Во акцијата за уредување на тротоарите покрај градскиот Кеј ќе се вклучат и екипите на останатите општински јавни претпријатија.

повеќе...

Од 17-20 септември – Македонски документарни филмови за Охрид

Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид од вторник 17 до петок 20 септември, со почеток во 20 часот ќе се прикажуваат  македонски документарни филмови (за градот Охрид). Поточно ќе се прикажуваат документарниот филм „Охридско Езеро“, „Дванаесетте од Папрадник“ и „Охридските трубадури“. Влезот чини 60 денари.

повеќе...

Јане Петков од Бугарија успеа да исплива над 2 километри врзан во вреќа

Јане Петков од Бугарија, уште познат како човекот–амфибија, претпладнево врзан во вреќа и без помагала, исплива од местото Горица, а целта беше кај старото пристаниште. Во неговиот подвиг цело време беше придружуван од медицинска екипа, претставници на Црвениот крст од Охрид и претставници на Клубот за спортови на вода „Охридски бранови“. За околу два и пол часа тој исплива околу 2.300 метри со што ќе биде номиниран за Гинисов рекорд. Настанот беше поддржан од Општина Охрид, Црвениот крст од Охрид и Клубот за спортови на вода „Охридски бранови“. WebOhrid

повеќе...

Кучињата – редовни капачи во Охридското Езеро

Капењето на кучињата во Охридско Езеро сеуште е дозволено. Најдобриот пријател на човекот можеме да го видиме насекаде во и околу езерото, без разлика дали се работи за посетени плажи, диви плажи или пак Кејот и пристаништето. WebOhrid

повеќе...

Завршува 46-то Балканско првенство во едрење

Денеска е последниот ден од серијата трки на 46то Балканско првенство во едрење кое се одржува во Охрид од 2ри до 8ми Септември. 200 едриличари од 6 балкански држави за првпат во историјата на Република Македонија ги одмеруваат силите на Охридското Езеро. Според прелиминарните резултати од 4 извозени трки до денес, доминираат турските натпреварувачи во сите класи. Денеска според распоредот треба да се одржи уште една трка по која ќе знаат балканските шампиони во 9 класи. Од македонските натпреварувачи до овој момент најдобар резултат има едриличарот од ЕК Снегар-Струга, Ердал…

повеќе...

Се чисти крајбрежниот појас кај „Холандскиот Парк“

Екипите на Ј.П. „Охридски Комуналец“ денес спроведуваат акција за расчистување на натрупаниот муљ, трска и друг вид неразградлив отпад од езерските води во близина на „Холандскиот Парк“. Акцијата се изведува со багерување, со ангажирање на специјална машина ИЦБ, а се очекува да се подигнат околу 40 м³ муљ и друг вид отпад. Оваа активност се спроведува по добиен налог од комуналната инспекција, а ваквите акции на годишно ниво се изведуваат 4-5 пати, во зависност од потребите.

повеќе...

Ветераните во ватерполо од Охрид и Струга одиграа ревијален натпревар

Во рамките на масовниот хепенинг „Заедно да навиваме за Македонија“ за поддршка на македонската кошаркарска репрезентација, вчера попладне на старото градско пливалиште, се одигра ревијален ватерполо натпревар на ветераните од Охрид и Струга. На местото, каде како млади ги играа езерските дерби натпревари,  ветераните  ги собраа старите симпазитери но и младите надежи. Резултатот од натпреварот не беше важен, важно беше по долго време во водите на Охридското Езеро  да се фрли ватерполо топката и да се игра во ритамот на спортскиот адреналин. Ветераните порачаа дека, доколку Охрид и Струга добијат…

повеќе...