Музички хепенинг, фото-работилница и ликовен перформанс на градскиот плоштад по повод Светскиот ден на планетета земја

По повод Светскиот ден на планетата Земја, на ден 22-ри април, (среда), со почеток во 13:00 часот, на Градскиот плоштад „Св.Климент Охридски”, во Охрид, ќе се одржи музички хепенинг насловен „Охрид фин, зелен и син“, фото-работилница и ликовен перформанс. Имено организатор на настанот е ТАКТ заедно со група волонтери и вљубеници во природата. Истиот има за цел да ја подигне еколошката свест кај граѓаните, пред сè, заради заштита и зачувување на водите на Охридското eзеро. Се очекува присуство и од градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакречески. Во целост ја пренесуваме програмата:  ПРОГРАМА…

повеќе...

Кривична пријава за жител од Велешта поради бесправно градење и узурпација на недвижности

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Бесправно градење“ и „Узурпација на недвижности“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Е.Б. (30) од струшкото село Велешта. Пријавениот, на почетокот на годинава започнал доградба на претходно изграден објект во комплексот „Аква Блу“ во Струга на брегот на Охридското езеро. На барање на полициската станица од Струга, во текот на месецов овластен градежен инспектор од општина Струга извршил увид. Според записникот за инспекциски надзор, инвеститорот – сега пријавениот Е.Б. на катастарска парцела број 2650/1 – КО Струга, на државно…

повеќе...

Пронајдени и одземени рибарски мрежи кај Калишта

Повеќе рибарски мрежи во должина од околу сто метри со дваесет и осум парчиња риба Охридска белвица се пронајдени и одземени од водите на Охридското езеро при патрола на полициската станица за граничен надзор. На 19-ти овој месец околу 6 часот наутро, во близина на крајезерската населба Калишта на струшкото крајбрежје, на оддалеченост од околу 300 метри од брегот на езерото пронајдени се четири рибарски мрежи со должина од по 50 метри со димензии на окца 45 x 45 милиметри кои не беа соодветно обележани и немаа соодветен жиг од…

повеќе...

Цветан Мицкоски го фати Светиот крст во Охрид

Многу бројни верници, од земјава и странство, претставници од дипломатскиот кор, Претседателот на Собранието Трајко Велјаноски, пратеници и бројни охриѓани утрово на градското пристаниште, кејот и плоштадот го проследија чинот на осветување на езерските води и барање на чесниот крст. Охриѓанецот Цветан Мицкоски, по потекло од Белчишта, Дебрца беше најсреќниот, од над 1000 капачи: охриѓани, жители на други македонски градови и странци кои во езерските води го бараа Чесниот Крст и кој прв успеа да стигне до него. Првите честитки ги прими од градоначалникот Никола Бакрачески и кумовите Зоран Милески…

повеќе...

Јавна анкета за избор на најдоброто јавно архитектонско урбанистичко решение за уредување на пет плажи на Охридското езеро

Министерството за транспорт и врски имформира дека на својата интернет страница www.mtc.gov.mk, креира јавна анкета и ги повикува сите заинтересирани граѓани да ја искористат можноста за електронско гласање и да учествуваат во изборот на најдоброто идејно архитектонско урбанистичко решение за уредување на пет плажи на Охридско езеро. Станува збор за четири идејни решенија за уредување на пет нови плажи, долж крајбрежјето на Охридско езеро и тоа: Уредување на 120 метри плажа во населеното место Далјан, Уредување на 120 метри плажа во близина на т.н. Извиднички камп, · Уредување на 700…

повеќе...

Ќе се бира идејно решение за уредување на пет нови плажи на Охридското езеро

Од Министерството за транспорт и врски информираат дека утре (недела, 23.11.2014 година), во 11:30часот, во Министерството за транспорт за врски ќе се одржи брифинг на тема: Уредување на пет нови плажи на Охридското езеро и јавно гласање за избор на најдобро решение.

повеќе...

При контрола одземени 13 парчиња риба белвица

Две рибарски мрежи во должина од по 50 метри со улов од 13 парчиња риба белвица одзеде викендов езерската патрола на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“. Мрежите се забележани на околу 50 метри од езерскиот брег во близина на „Парк“ по што поради немање жиг од државниот инспекторат за земјоделие а по  консултација со јавниот обвинител, истите се одземени. Минатиот месец еден албански државјанин е затекнат во незаконит риболов во водите на Охридското езеро наспроти населбата Трпејца со 4 парчиња риба охридска пастрмка со тежина од 2,5 килограми,…

повеќе...

Засилени надзори на вршење на риболовот на Охридско Езеро

При вршење на заедничка контрола од страна на овластени лица на Државниот инспекторат за земјоделство – Охрид со рибочуварската служба од концесионерот на рибниот фонд од Охридско Езеро – ПАСТРМКА 2012 ДООЕЛ од Охрид на ден 15-ти октомври во 22.30 часот кај м.в Рибница во водите на Охридско Езеро затекнати се 2 лица кои вршеа недозволен риболов со мрежи. При вршењето на контролата од страна на овластените лица од концесионерот и Државниот инспекторат за земјоделство користена е софистицирана опрема за ноќно набљудување и снимање по што лицата се идентификувани од…

повеќе...

Малолетник затекнат во незаконит риболов со подводна пушка

Едно малолетник од Охрид е затекнат во незаконит риболов вчера во 18 часот и 35 минути од страна на патролата на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“. Малолетникот роден 1999 година е забележан на околу 20 метра од брегот наспроти угостителски објект на кеј „Македонија“ во момент кога со недозволено средство за подводен риболов-подводна пушка врши незаконит риболов. По консултација со јавен обвинител, малолетникот е повикан во полициска станица каде во присуство на адвокат за малолетници извршен е разговор. На малолетникот одземена му е подводната пушка марка Ccessi-club, горен…

повеќе...

Охридското Езеро доби „Бело знаме“- симбол за чиста вода

Пред хотелот „Инекс Горица“ на свечен начин беше подигнато првото бело знаме во Република Македонија, како меѓународен симбол на еколошки третиран дел од крајбрежјето на Охридското Езеро. Обраќајќи се пред присутните на церемонијата претседателот Ѓорге Иванов истакна дека ова е уште едно признание за Охрид кој веќе се наоѓа на светската мапа по својата чистота, сето она што ни го дала природата, а нашите предци ни го предале нам да го чуваме за идните поколенија. „Ова што денеска се случи во Охрид е на некој начин апел до сите да…

повеќе...