Проекција на филмот „Исправи се, Делфина“ вечерва на Охридско лето

Вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“, во рамки на дополнителната програма на „Охридско лето“, со почеток во 20:00 часот ќе биде прикажан филмот „Исправи се, Делфина“, во режија и по сценарио на Александар Ѓурчинов – Ацо, во продукција: Вардар Филм-Скопје (Македонија). Филмот е снимен во 1977 година и е  со времетраење од 101 минути. Ова е филмска приказна за девојката Делфина, која е решена да ги совлада сите оние тешкотии и разочарувања што ги носи со себе животот и да истрае во совладувањето на водите од каналот Ла Манш.…

повеќе...

Концерт на српскиот пијанист Филип Маџунков на „Охридско лето“

Вечерашната програма на фестивалот „Охридско лето“ ќе биде исполнета со концертен настап на пијаностот Филип Маџунков од Србија. Концертот е со почеток во 21:00 часот во црквата Св.Софија, а влезот е 300 денари. „Интерпретацијата на Филип Маџунков, според богатството, сериозноста и посветеноста, може да се мери со процесот на експозиција на музичкото дело. Внимателноста со која пристапува кон пијанистичката интерпретација, неговата сосредоточеност и широкиот дедуктивно-истражувачки опсег импонираат и како средство за постигање на што посовршен впечаток, но и како метода во работата. Во својата поетска сеопфатност, Филип Маџунков ја приближува…

повеќе...

Ликовна изложба „Огледало“ на Охридско лето

Македонскиот ликовен уметник Гордана Тодевска, вечерва од 20:00 часот ќе ја претстави нејзината изложба „Огледало“ во рамките на „Охридско лето“. Изложбата ќе биде поставена во Центарот за култура „Григор Прличев“. Со овај ликовен проект е изграден хоризонт, каде спојот на театарот, скулптурата, цртежот, дигиталната фотографија и текстот се обид, гледачите да допрат до нечиј друг свет, да обединат или да разделат два света или да стигнат до интерсликовноста на сопствената душа, полна со противречности. Во еден меѓупростор се раѓаат наративни сцени, во кои сенките и нивните тела преку тишината раскажуваат…

повеќе...

Хуманитарен концерт на „Академија за солисти“ вечерва на Охридско лето

Вечерва, во рамки на програмата на „Охридско лето“ во црквата „Св. Софија“ во Охрид, концерт ќе одржи Државниот камерен оркестар „Академија за солисти”, со виолинистката Ајман Мусакајајева од Казахстан, а под диригентство на Хуан Карлос Ломонако од Мексико. На програмата се дела на А. Вивалди/А. Пјацола, Г. Ф. Хендл. Ајман Мусакајајева е еден од најзначајните претставници на виолинистичката школа на Казахстан. Постојано е активна на музичките сцени во светот, а на нејзиниот репертоар се наоѓаат дела од речиси сите епохи. Основач е на Државниот камерен оркестар „Солистичка академија“, со кој…

повеќе...

Концерт на виолончелистот Марк Копе и пијанистот Питер Лаул на „Охридско лето“

Во Црквата Св.Софија – Охрид, вечерва во 21 часот концерт ќе одржат францускиот виолончелист Марк Копе и рускиот пијанист Питер Лаул, во рамки на програмата на „Охридско лето“. На програмата ќе бидат изведени дела на Л. В. Бетовен. Францускиот виолончелист Марк Копе се смета за еден од водечките виолончелисти на денешницата. Повеќе од 20 години тој е постојан гостин во концертните сали низ светот, како солист и како камерен музичар. Во неговиот репертоар може да се најдат дела од различни периоди, но најзначајно место зазема музиката на германскиот композитор од…

повеќе...

Проекција на филмот „Цената на градот“

Во рамки на програмата на фестивалот „Охридско лето“, вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“, со почеток во 20 часот ќе има проекција на филмот „Цената на градот“, во режија на Љубиша Георгиевки, по сценарио на Симон Дракул, а во продукција на Вардар Филм-Скопје. Филмот е снимен во 1970 година и е со времетраење од85 минути. Содржина: Едно гратче во Македонија е под германска окупација. Крајот на војната наближува. Во овие последни денови на окупацијата, жителите ослободуваат руски и италијански војници. Германскиот командант бара од граѓаните да ги предадат ослободените заробеници,…

повеќе...

Вечер на ЕУ на Охридско лето

Вечерва во црквата „Света Софија”, со почеток во 21 часот ќе се одржи традиционалната „Вечер на ЕУ“. Концерт ќе одржат Нина Костова (пијано) Македонија, Хеншел гудачки квартет (Германија), Кристоф Хеншел (виолина), Каталин Еуген Десага(виолина), Моника Хеншел Шлинд (виола), Mатиас Бејер-Карлсој (виолончело). Нина Костова е македонска пијанистка, која во својата биографија запишува голем број значајни награди на престижни национални и интернационални натпревари. Нејзината активна изведувачка дејност ја носи на концертните сцени во Франција, Италија, Англија, Турција, Бугарија, Србија и други земји. Чест гостин е и на фестивалот „Охридско лето“, каде настапувала…

повеќе...

Албански театар-Скопје со „Магбет“ на Шекспир вечерва на „Охридско лето“

Драмската програма на 56-тото издание на Фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со третата Шекспирова претстава, со изведбата на „Магбет“ во продукција на Албанскиот театар од Скопје, во режија на Диана Добрева од Бугарија. Како што беше истанато на прес-конференција, публиката вечерва ќе може да разбере зошто токму со оваа постановка на „Магбет“ театарската куќа го прослави јубилејот 65 години од основањето. „Она што е многу важно е што ја запознавме Диана Добрева, нејзин беше предлогот да се работи „Магбет“ и драго ни е што како продукција го прифативме нејзиниот предлог…

повеќе...

Промоција на книгата „Патникот” од Борче Грозданов на Охридско лето

Во Центарот за култура „Григор Прличев” во Охрид (мал изложбен салон) вечерва (10 август) во 20 часот ќе биде промовирана книгата „Патникот” на Борче Грозданов. Грозданов работи како новинар и театарски критичар во дневниот весник „Вечер” повеќе од една деценија. Во книгата „Патникот” има најмалку два патника. Првиот е самиот автор, а вториот, за жал, неодама починатиот актер Шишков јуниор. Оваа прозна книга на Борче Грозданов толку многу е натопена со емоции, страсти, (лични и професионални) факти што слободно може да се сфати и прифати и чита и третира како…

повеќе...

Турскиот пијанист Фазил Сеј вечерва на Охридско лето

Денеска на програмата на „Охридско лето“ е уште еден извонреден солистички концерт со кој ќе се потврди ексклузивноста и квалитетот на Фестивалот. Во црквата „Света Софија“ солистички концерт ќе одржи турскиот пијанист Фазил Сеј. Сеј ќе изведе дела од Јозеф Хајдн, Волфганг Амадеус Моцарт, Клод Дебиси, Џорџ Гершвин и дела компонирани од изведувачот. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“, со почеток во 21 часот. Со својот извонреден пијанистички талент, Фазил Сеј ги воодушевува слушателите ширум светот повеќе од 25 години. Главна улога на почетокот на неговата кариера одиграл…

повеќе...