Нов паркинг простор наспроти Центарот за обука на вода

Нов  уреден паркинг простор наспроти Центарот за обука на вода во непосредна близина на мостот кај  каналот „Студенчишта“, наскоро ќе добие Охрид. Активностите за уредување на новиот паркинг простор со кој ќе стопанисува ЈП „Билјанини извори“ се во тек, а ги реализираат охридските јавни претпријатија „Ниско градба“ и „Градски гробишта“. Новиот паркинг се очекува да биде ставен  во употреба на крајот од оваа недела и ќе биде наменет за паркирање на околу 60-ина автомобили. Паркирањето ќе изнесува 30 денари за час а до него  ќе  се стигнува преку кракот кој…

повеќе...

Нови бесплатни паркинзи летово во Охрид

Неколку  нови бесплатни паркинг простори летово  ќе има во  Охрид.  Бесплатно ќе  биде  паркирањето на автомобили на  неодамна уредениот паркинг кај месноста Долни Сарај, на паркингот на улица “Илинденска“, кај Античкиот театар и над театарот, пред куќата на Уранија“,  на просторот кај црквата “Св. Варвара на улица Илинденска“, кај црквата “Света Софија “ крак од улица “Коста Абраш“ од левата страна, на паркингот кај простор кај месноста Сараиште. Бесплатното паркирање летово се однесува на жителите од М.З. „Стар град“ за кои во одреден период од денот им е дозволен патен…

повеќе...

Бесплатен паркинг за купувачите на охридскиот зелен пазар

Охриѓани кои пазарат на охридскиот зелен пазар од вчера имаат можност своите автомобили бесплатно да ги паркираат на улицата „Туристичка“ покрај градскиот пазар на просторот од  аптека „Зегин“ до пешачкиот премин.  Бесплатното паркирање е предвидено само за купувачите на пазарот за период од 30 минути, а по надминувањето на  рокот  ќе се наплаќа 20 денари по час.  Бесплатното паркирање  и минутажата ќе  бидат контролирани од надлежни лица на јавните претпријатија „Билјанини Извори“ и „Градски пазар“. Овие две охридски претпријатија  со ваквата меѓусебна  соработка   настојуваат битно да влијаат во  намалување…

повеќе...

ЈП Билјанини Извори: Продолжуваат да изнесуваат невистини се со цел да не дозволат претпријатието да застане на позитивна патека

ЈП „Билјанини Извори“ испрати соопштение до медиумите, во кое стои: „Со разјаснувањето на сите претходни дилеми (доколку ги имало и доколку навистина биле дилеми) од страна на изготвувачот на физибилити студијата на вчерашната седница на Советот на град Охрид како и цврстите гаранции што во својата дискусија ги изнесе директорот на ЈП „Билјанини Извори“ во насока на сите  прашања од интерес на јавноста  во врска со вработените, цените, и идното работење на претпријатието, за ЈП Билјанини Извори значеше конечно разјаснување, поткрепено со факти и податоци околу сите нејаснотии кои тенденциозно…

повеќе...

ВМРО – Народна партија прашува зошто ДПМНЕ бега од ставовите со кои ги доби локалните избори во Охрид?!

ВМРО – Народна партија испрати соопштение во кое стои: „ДПМНЕ уште еднаш го покажа своето вистинско лице пред граѓаните. Лицемерието што го покажува партијата и нејзиното општинско раководство заедно со градоначалникот Никола Бакрачески ги надмина сите граници. Како вчера да беше, кога  партијата жестоко реагираше за паркинзите во Охрид, кога организираше протести и кога тврдеше како граѓаните на Охрид трпеле поради криминални дејности и давањето на приватници на јавниот паркинг простор. Со барање приватен партнер преку јавно – приватно партнерство, власа на ДПМНЕ се поби самата себе си во тврдењата…

повеќе...

ОО на СДСМ Охрид со реакција за дадената согласност за имплементација на електронски систем за наплата на паркинзите

ОО на СДСМ Охрид денес испрати реакција по повод вчерашното продолжение на 23 седница на Советот на Општина Охрид, на која се донесе одлука за усвојување на Физибилити студијата за јавно приватно партнерство и се даде согласност за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за имплементација на електронски систем за организирање и наплата на паркирање на јавните паркинг простори кои на ЈП „Билјанини извори“- Охрид му се отстапени на користење. Оттаму потенцираат: „Пред нецела една година оваа градска власт многу помпезно, но очигледно во…

повеќе...

Нема повеќе паркирање крај малиот плоштад и црквата Св. Софија

По налог на  Општина Охрид денеска, Јавните Претпријатија „Ниско Градба“, „Градски гробишта“ и „Охридски комуналец“ започнаа акција за оградување на просторот околу малиот плоштад и црквата „Св. Софија“ со жардињери и бетонски столбчиња.   По денешната акција на оградување се очекува повеќе да ги нема диво паркираните автомобили крај малиот плоштад кои оневозможуваа пристапност до него  како и видливост на  неговите убавини.  Со акцијата се очекува да се стави крај на  грдата слика која диво паркираните автомобили  ја правеа крај источната страна од  дворот на еден од најубавите сакрални објекти…

повеќе...

Вкупно 195 паркиралишта и гаражи во Македонија

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2013 година, бројот на паркиралишта и гаражи, како објекти за паркирање изнесува 195 со површина од 551 609 м2.  Според обработените податоци, 14 383 места за паркирање, со површина од 366 363 м2 се на отворен простор, 2 543 места за паркирање со површина од 72 995 м2 се во покриените гаражи, додека во катните гаражи има 3 437 места за паркирање со површина од 112 251 м2.  Со годишното истражување за паркиралишта и гаражи се опфатени 24 извештајни единици, а истражувањето…

повеќе...

ВМРО-НП: Паркинзите да останат целосно во рацете на ЈП „Билјанини Извори“

ОК на ВМРО-НП Охрид денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои: Како што најавивме и предупредивме, власта на ДПМНЕ одма по завршувањето на изборите ги стави паркинзите на точка на дневен ред во Советот на Општина Охрид.  Сето тоа само заради стравот од губење гласови на изборите и манипулирање со гласачите. Сакаме уште еднаш да ги потсетиме дека токму на темата паркинзи тие освоија најголем дел од гласовите на последните локални избори во 2013 година. Пред изборите, заради некоординираност, но и заради стравот од рејтингот Локалната самоуправа ги повлече…

повеќе...

Бесплатно паркирање за Велигден во Охрид

ЈП „Билјанини Извори“ по повод големиот христијански празник Велигден донесе одлука на ден 20 април (недела) користењето на услугите на јавниот градски простор да бидат бесплатни за сите нејзини корисници. „Убедени сме дека граѓаните на Охрид и сите гости ќе ја поздрават оваа одлука која е донесена, се со цел ЈП „Билјанини Извори“ активно да се приклучи во чествувањето на големиот празник секако промовирајќи ги нејзините христијански вредности.“-велат од претпријатието. ЈП Билјанини Извори им посакува на сите граѓани на Охрид, Република Македонија и на сите наши иселеници од православна и…

повеќе...