СДСМ: Градоначалникот на општина Дебрца на Новогодишен календар како соцреалистички лидер

Општинската организација на СДСМ Дебрца денес испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Деновиве Градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски објавувајќи фотографија од предновогодишна средба со новинари од локалните медиуми, во присуство на неговите партиски ментори ќе се пофали дека оваа година била медиумски најуспешна за општина Дебрца. За општина Дебрца не сме сигурни, но за градоначалникот немаме причина да не веруваме во оваа констатација, ако се има во предвид дека врв на неговата „промоција“ е новогодишниот календар на општина Дебрца. На сите страници на календарот се ставени фотографии од…

повеќе...

Костоски и Каневчев: Граѓаните се спремни за промени на власта во Македонија

Кандидатот за пратеник во ИЗ5 од Коалицијата ВМРО за Македонија, Ванчо Костоски денес одржа завршна прес-конференција, на која изрази што задоволство од текот на оваа кампања. Како што рече тој наидувале на голем одѕив и прием кај граѓаните во Охрид и Македонија. „Очигледно граѓаните на Македонија, но и охриѓани се спремни за промени на власта во Р.Македонија и се повеќе и повеќе ни ја даваат нивната поддршка. Ние не правиме мегаломански митинзи, ние работиме од човек на човек, поради демократијата, која што ја нема во Македонија и секако сме задоволни од одѕивот.…

повеќе...

Бошкоски: Ние мораме да гарантираме денешнина на граѓаните на Р.Македонија

Носителот на листата во Изборната единица 5, Љубе Бошкоски од Коалицијата ВМРО за Македонија денес беше помеѓу охриѓани. Во изјава за медиумите тој истакна: „Два дена пред молкот, два дена пред денот кога граѓаните на Р.Македонија треба да изберат нов состав на македонскиот парламент, во кој со сигурност ќе биде и коалицијата ВМРО за Македонија. Денес, на овој светол ден кога градот Охрид и Македонија го слави Св.Климент Охридски, ден кога треба да зборуваме за љубов, за помирување, за единство, за оние христијански високи вредности кои во нашата држава се заборавени,…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ: Вашиот план за живот се докажува на дело кога Македонија веќе две години ја држите во политичка криза

Во врска со прес-конференцијата на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид. Во неа стои: „Очигледното повторување на истите пресови и теми на СДСМ е непобитен факт за нивната безидејност. Истите пресови со различни говорници не ја прават и различна тематиката, тоа е основно правило кое треба да го знаат во Вашата политичка партија. Во однос на Вашиот прес Ве насочуваме на нашата реакција која ја доставивме пред некој ден и во која меѓудругото од Вашата партија побаравме ставови и одговори на кои до ден денес не…

повеќе...

Василевски: Во програмата „Реално“ опфатен е и проектот за изградба на ски-центар на планината Галичица

Туризмот во Република Македонија станува се позначајна гранка и е еден од најбрзо растечките економски сектори во нашата држава кој од година во година генерира се повеќе работни места, поголем девизен прилив, а со тоа и економски раст и пораст на животниот стандарт на македонските граѓани. ВМРО ДПМНЕ продолжува да работи на подобрување и збогатување на туристичката понуда на Охрид, не само на летниот туку и на зимскиот туризам. Во програмата на ВМРО ДПМНЕ наречена РЕАЛНО за 2016-2020 година опфатен е и проектот за изградба на ски-центар на планината Галичица. Ова…

повеќе...

Стефоска: Во нашиот План за Живот има место за сите, најважно e да ги задржиме младите во Македонија

Најголемиот проблем во Македонија е иселувањето на младите. Македонија вложува во кадри од чие знаење потоа ќар имаат други држави. Во Охрид, македонскиот бисер и најголема гордост оваа катастрофа е највидлива – Охрид е рекордер по иселувањето. Ова го истакна на денешната прес-конференција  проф. д-р Ирена Стефоска, кандидат за пратеник во ИЕ 5 од СДСМ и коалицијата и долгогодишен граѓански активист Охрид. „Зарем некој на кого му е добро би ја напуштил оваа убавина, на која сите и завидуваат? Најдобар показател за успешноста на политичарите е тоа дали младите имаат шанса…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ: Делуваме со транспарентни процеси според сите законски одредби

Во врска со денешната прес-конференција на ВМРО Народна партија, реакција испрати ВМРО-ДПМНЕ во која стои: „Очигледна е заблудата на гласноговорникот на Народна партија и очигледно без ориентација за простор и време зборува за временски простор од десет години во градот Охрид. Денешната прилика ќе беше и повеќе од добредојдена доколку прикажеше на кој и каков начин додека самиот тој и неговата партија беа во советот на Општина Охрид како привезок партија на СДСМ се создаде економска дупка од 50 милиони евра. Од друга страна пак, за примерите кои ги посочувате најпрво…

повеќе...

Станковски: ДПМНЕ го распродаде Охрид

ВМРО–ДПМНЕ во изминативе 10 години покажа колку навистина го сака Охрид и охриѓани. Партијата која е власт во заминување љубовта кон градот ја покажа со распродавање на целото земјиште на фирми блиски до неа, по цена која нема скоро никаква вредност. Ова го истакна на денешната прес-конференција претседателот на ОИШ на Коалиција „ВМРО за Македонија“ – Охрид, Јоне Станковски. „Колку за потсетување, ВМРО – ДПМНЕ ја затвори специјалната детска болница, единствена во регионот, и со експресна одлука на Совет заедно со сегашните коалициони партнери донесоа нов урбанистички план со кој на…

повеќе...

Каневчев: Охрид е рекордер во иселување на младите

Кандидатот за пратеник на Коалицијата „ВМРО за Македонија“ во ИЗ5, Владимир Каневчев денес во просториите на изборниот штаб на Коалицијата, на улицата „Партизанска одржа прес – конфернција. „На поголем број охриѓани, посебно средните генерации сеуште ни се свежи сеќавањата од крајот на 90-тите години. Охрид во тој период беше главна туристичка метропола во Македонија, а особено 98-мата година, тогашната Влада на Р.Македонија се посвети токму на Охрид, на реставрација на сето културно богатство, почнувајќи од изградбата на свети климентовиот храм Плаошник, реставрација на сите останати цркви, Самуиловата тврдина и целиот…

повеќе...

Шекеринска: Гласот на секој е важен, на 11 декември избираме живот во Македонија

Носителката на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 5, Радмила Шекеринска, денес во Охрид во изјава за медиумите истакна: „Вчера на огромниот митинг во Скопје, граѓаните на Македонија испратија јасна, гласна, масовна порака, дека се за промени и дека се „За живот во Македонија“. Ваква порака ќе чуеме и денес во Дебар, во Струга и во Охрид. Денеска би сакала да испратам слична порака и до оние вработени во администрацијата кои што страдаат од притисоците на власта, до оние неопределени кои сеуште размислуваат кому да му го дадат својот…

повеќе...