ВМРО-ДПМНЕ: Конфузното соопштение на ВМРО-НП е уште еден доказ зошто оваа партија е на политичко дно

ВМРО-ДПМНЕ Охрид испрати реакција по повод соопштението на ВМРО-НП  Охрид, во која стои: „Конфузното соопштение на ВМРО- НП, во кое на контрадикторен, односно нејасен начин се споменува името на ВМРО- ДПМНЕ е уште еден доказ зошто оваа партија е на политичкото дно.  Очигледно членовите од ВНРО-НП не знаат што им се случува во родниот Охрид па затоа им укажуваме дека до сега постоечките тезги за продажба на честитки и новогодишни реквизити уште во теков на денешниов ден се заменуваат со нови дрвени, добро уредени и покриени. ВМРО- ДПМНЕ со доаѓањето…

повеќе...

ВМРО-НП: Дали тезгите кај чинарот се грдото лице на Охрид?!

ВМРО – Народна партија испрати соопштение во кое стои: „Често пати во минатото ДПМНЕ бурно реагираше на поставувањето на тезгите на плоштадот кај чинарот за време на новогодишните и божиќните празници. Во годините наназад, тие тезги го нагрдуваа ликот на градот кој баш во тој период има зголемен број на туристи, истите тие тезги личеа на панаѓур и беа предмет на жестока критика од партијата која сега е на власт. После неколку години, откако ДПМНЕ ја презеде локалната власт во Охрид, тезгите иако го имаат истиот лик и покриени се…

повеќе...

Општина: Денешното “толкувачко“ соопштение на СДСМ со доза параноја е сосема неосновано и смешно

Во врска со денешното соопштение на ОО на СДСМ Охрид, реакција испарати Општина Охрид, во која се вели: „Легитимно, и согласно законските норми донесен е новиот Деловник за работа на Советот на општина Охрид. Со оглед на тоа што истиот е изгласан со мнозинство гласови од советниците, денешното “толкувачко“ соопштение на СДСМ со доза параноја во кое се навредуваат функционери и институции е сосема неосновано и смешно. Општина Охрид изразува жалење што СДСМ помешала термини со различно значење. Укажуваме на фактот дека никој па ни Претседателката на Совет, не ветиле…

повеќе...

СДСМ: Советничкото мнозинство од ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш на дело ги покажа недоследноста, сервилноста и неискреноста

ОО на СДСМ Охрид, денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои: „Советничкото мнозинство од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Охрид уште еднаш на дело ги покажа недоследноста, сервилноста и неискреноста. Најголемиот дел од советниците од позицијата, при донесувањето на Деловникот за работа на Советот на завчерашната седница, без срам отстапија од договореното и еднострано го прекршија тоа што го ветија. Најважниот документ за работа на советниците – Деловникот за работа на Советот – наместо да биде донесен со консензус, како што претходно беше договорено и усогласено помеѓу сите советнички…

повеќе...

Општина: Градоначалникот Бакрачески се што ветил во изборната програма ќе реализира во време на неговиот мандат

Во врска со соопштението на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати општина Охрид, во која стои: „Со денешното соопштение на СДСМ, охридската јавност стана сведок дека советниците во градскиот Совет од оваа политичка партија имаат само една цел – себе промоција, а не како што сакаат да се претстават во јавноста дека се загрижени за развојните програми. Жално е што никој од СДСМ не бил во состојба да одлучува, да распределува, да менаџира со буџет над кој надвиснуваат енормни долгови, судски решенија и судски спорови, па да знае како изгледа…

повеќе...

СДСМ: Градоначалникот и ВМРО-ДПМНЕ ништо не остварија

ОО на СДСМ Охрид, денес испрати соопштение до медиумите, во кое се вели: „Новите нацрт развојни програми за работата на локалната самоуправа во наредната година уште еднаш ја покажаа безидејноста и неспособноста на општинската администрација да се справи со актуелните проблеми на граѓаните во Општина Охрид. Многу е несериозно и крајно непрофесионално да се проектира општинскиот буџет за наредната година, а притоа нацрт програмите да не содржат прецизно одредени вредности и суми на предложените развојни проекти. Најголемиот дел од предложените проекти всушност претставуваат нереализирани проекти од минатите три години и…

повеќе...

ВМРО-НП: Вранишкоски да го спушти светиот крст за да бидеме комплетни

ОК на ВМРО-НП Охрид, испрати соопштение до медиумите, во кое се вели: „ВМРО – Народна партија го поздравува назначувањето на српската музичка ѕвезда Жељко Јоксимовиќ за кум на годинешното празнување на христијанскиот празник Богојавление – Водици. Можеби едниствената „грешка“ која здружението и Локалната самоуправа е тоа што минатата година не ја назначи Лепа Брена за кума на празникот.“ Со ваквиот чин, не можеме да тврдиме, но најверојатно ќе се приближат ставовите на Македонската Православна Црква и Српската Православна Црква и конечно ќе се реши долгогодишниот спор меѓу двете цркви. За…

повеќе...

Василевски: Изградбата на новиот експресен пат Охрид-Пештани, значително ќе придонесе за олеснување на протокот на сообраќај низ населените места

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, д-р Сашо Василевски денес одржа прес конфернција на која се осврна на обезбедените средства за проекти во патната инфраструктура, која што според него ќе ги подобри и осовремени патиштата низ државата. Дел од средствата обезбедени за реализација на оваа Програма, се однесуваат на изградба и реконструкција на повеќе делници, но денес Василевски се задржа на изградбата на патниот правец Охрид-Пештани на ниво на експресен пат кој веќе се наоѓа во собраниска процедура, односно го помина првото читање на 24-тата седница на Собранието на Република…

повеќе...

Раководството на СДСМ се сретна со Ричард Ховит

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и заменик претседателката, Радмила Шекеринска, денеска остварија средба со досегашниот известувач на Европскиот парламент за Македонија, Ричард Ховит. Претседателот Заев се заблагодари за ангажманот на Ховит и поддршката за Република Македонија во процесот на евроинтеграции. Во таа насока позитивно беше оценета досегашната соработка и се разменија мислења за понатамошно продолжување на комуникацијата, за теми кои се од интерес на Република Македонија. Ховит посочи дека и понатаму ќе продолжи да ја поддржува Република Македонија како дел од групата на социјалисти и демократи во Европскиот парламент.

повеќе...

Хуманитарна акција на форумот на жени на ОО на СДСМ Охрид

Водени од мотото дека не секогаш е хуман оној што има, но секогаш може да биде хуман оној што сака Форумот на жени на СДСМ ОО Охрид, вчера организираше хуманитарна акција по повод 3-ти Декември, Светскиот ден на лица со хендикеп. Жените-социјалдемократи приготвија вкусни кулинарски специјалитети кои потоа беа изложени на продажба пред своите сопартијци. Средствата од продажбата ќе бидат донирани на Здружението родители на деца заболени од целебрална парализа . „Со оваа хуманитарна акција имаме за цел да упатиме порака до лицата со хендикеп дека СДСМ секогаш ќе се…

повеќе...