„Додека СДСМ се занимава со одредени проблематики за кои самата таа партија и челните нејзини членови имаа доста долго време да ги решат истите, додека имаа и даден кредибилитет од народот за осум годишно владеење а не направија ништо, наеднаш се споменуваат критики, па замислите дури и идеи за решавање на проблемите со кои се соочува градот Охрид“, – рече на денешната прес-конференција портпаролот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Митровиќ. „Господо од СДСМ, зарем не ви е јасно дека сето укажување, сите критики треба да ги свртите кон самите себеси.…
повеќе...Tag: партија
СДСМ: Бараме ДПМНЕ да и одговори на охридската јавност што е направено и реализирано од ветеното од страна на актуелната општинска власт
СДСМ од Охрид бара ДПМНЕ од Охрид да и одговори на охридската јавност што е направено и реализирано од ветеното од страна на актуелната општинска власт. ВМРО-ДПМНЕ од Охрид упорно и упорно зборува само за поранешната општинска власт, истакна на денешната прес-конференција Христина Гогоска, раководител на Центарот за комуникации на ОО СДСМ Охрид. „По се’ изгледа никако не можат да се навикнат на тоа дека веќе една година се локална власт, па се’ уште настапуваат како опозиција – и’ поставуваат прашања на опозицијата, наместо да дадат одговари на прашањата од…
повеќе...Претседателскиот кандидат на ГРОМ Зоран Поповски меѓу симпатизерите и членовите на ОО ГРОМ Охрид
„Македонија треба да стане место каде што младите ќе се вракаат и ќе ја планираат својата иднина, а не земја од која бегаат“ – истакна на средбата со своите симпатизери и подржувачи проф. д-р Поповски. Претседателскиот кандидат на ГРОМ Проф. Др. Зоран Поповски, денеска се претстави пред симпатизерите и членовите на О.О. Гром Охрид, кои во голем број се собраа за да го поздрават и да ги слушнат неговите идеи и планови. „Бројката на собрани потписи за претседателскиот кандидат проф. д-р. Зоран Поповски за неполни 48 часа, значи дека Колоквиумот…
повеќе...СДСМ ќе учествува на двојните избори – потребни измени на Изборниот законик
Социјалдемократскиот сојуз го прифаќа предизвикот и ќе учествува на претседателските и на парламентарните избори. „Ќе им дадеме можност на граѓаните да го казнат неодговорното и расипничко владеење на досегашната владина коалиција. Истовремено на граѓаните ќе им ја отвориме вратата кон подобра иднина, нудејќи им ја нашата визија и програма.Нашата цел е учество на фер и демократски избори.“– рече на денешната прес конференција, Рената Тренеска Дескоска, член на ИО на СДСМ. Таа потенцираше дека Изборниот законик не предвидувал решенија за ситуацијата која како што рече ја создала владејачката коалиција со совпаѓањето на…
повеќе...Ѓорге Иванов избран за кандидат за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ
Актуелниот претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов, уште еднаш ќе ја трча претседателската изборна трка. На Конвенцијата на владејачката партија, за избор на претседателски кандидат, гласаа 1300 делегати. Од кои 1099 гласаа за Ѓорге Иванов, 124 за Јове Кекеновски, Ставре Џиков доби 10 гласови, додека Божидар Ночев доби само 1 глас. Во презентацијата тој истакна дека за него се најважни три основни принципи. Принципи да се биде чесен, искрен, да се биде вреден. „Покажав дека сум искрен и непосреден во се што се остварува. Политиката не ме променила. Функциите доаѓаат…
повеќе...ОО ГРОМ – Охрид на дружба во манастирот Св.Спас во Лакочереј
Секојдневието на работниците, нивните грижи и радости, е она што најмногу ги интересира членовите на Општинската организација на Граѓанската опција за Македонија од Охрид. Токму затоа, денеска, еден ден пред големиот христијански празник Прочка, претседателот на О.О.ГРОМ – Охрид, Љупчо Настоски и дел од членовите на ГРОМ – Охрид организираа заеднички ручек со мајсторите, градежниците и останатите работници кои се вклучени во изградбата на манастирот Св.Спас во Горно Лакочереј. При посетата на манастирот, членството на ГРОМ имаше прилика да види како се одвиваат работите на манастирот, а воедно и да…
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ: Што тоа СДСМ во текот на своето владеење во Македонија направило во интерес на економијата на државата
Нам ни е сосема јасно дека СДСМ Охрид во предизборието добила наредба да одржува прес конференции за да покаже дека воопшто постои и е активна на политичката сцена, но очекувавме барем малку на тие пресови да се отворат реални политички теми, а не само долги бесцелни приказни и шпекулации, рече на денешната прес конференција советникот од ВМРО ДПМНЕ Охрид, Дејан Пановски. „Имено, очекувавме а и натаму очекуваме на пример да свикаат прес и да кажат како тие го раководеа Охрид во периодот 2005-2013 година, кои резултати во тоа безмалку десетлетие…
повеќе...СДСМ: Ние сме изненадени и зачудени на што е горд градоначалникот во отчетот?
Деновиве градот го преплавија брошури во кои градоначалникот Никола Бакрачески гордо потенцира што наводно сработил во изминатиот период. Вака ја започна денешната прес конференција Христина Гогоска, раководител на центарот за комуникации на ОО на СДСМ Охрид. „Неговите истомисленици и подржувачи се потрудија отчетот да го презентираат речиси во секој дом, а ние се’ уште не можеме да се изначудиме на што се должи нивната гордост. Во отчетот граѓаните требаше да видат и да чујат што конкретно е сработено во изминатиот период, а не повторно за нереални и неостварливи планови за иднината.“–…
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ: Предлогот на ВМРО-НП претставува врв на хипокризија и лицемерие
Предлогот на ВМРО-Народна партија, државата да управува со колекторскиот систем претставува врв на хипокризија и лицемерие, реагираше на прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Атанаско Михаилов. „Кога ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Бакрачески го презедоа јавното претпријатие, долговите на тоа претпријатие изнесуваа повеќе од 8 милиони евра. Таму осум години директоруваше кадар на ВМРО-Народна“, изјави Михаилов. Според него МЈП „Проаква“ е едно од најзадолжените јавни претпријатија , а за тоа, како што рече, главен виновник било претходното раководство. „Борбата за враќање на јавното претпријатие на нормално патеки и враќањето на долговите е започната.Ова не…
повеќе...ВМРО-НП: Предлагаме државата да го преземе управувањето со колекторскиот систем
ВМРО-НП Охрид на денешната прес-конференција предложи државата да го преземе под своја управа колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро, со кое сега раководи МЈП „Проаква“. „Општо познато е дека државата го владее езерото, таа собира средства од концесии и ЕЛЕМ, а товарот за заштита на езерото паѓа на Проаква. На овој начин ќе се заштедат од 150 000 до 200 000 евра на годишно ниво. Предлагаме државата да го преземе и плати долгот настанат уште во 1997 година за градба на колекторот од Пештани до Коњско, а кој изнесува околу…
повеќе...