ВМРО-ДПМНЕ: Паушалните обвинувања дека ВМРО-ДПМНЕ спроведува некаков „реваншизам“ се само бесцелен обид да се излезе на прес-конференција

Во врска со денешната прес-конференција на ОО на СДСМ, на која што СДСМ го изрази своето незадовлство поради политичкиот реваншизам кој се спроведувал од страна на општинската власт, ОК на ВМРО-ДПМНЕ испрати реакција, во која се вели: „ВМРО-ДПМНЕ е сериозна политичка партија и своите заложби за Охрид ги истакна во својата Програма која доби полн легитимитет од Охриѓани. Идентификацијата на главните проблеми со кои се соочуваше Охрид во изминатите години покажа тотална неодговорност на СДСМ во раководење со градот вклучувајќи ја и кадровската структура во Општината и во Јавните претпријатија.…

повеќе...

СДСМ изразува незадоволство поради политичкиот реваншизам кој се спроведувал од страна на општинската власт

 ОО на СДСМ Охрид јавно го изрази своето незадоволство поради како што велат политичкиот реваншизам што се спроведувал врз вработените од страна на општинската власт во единицата за локална самоуправа и по јавните претпријатија.  „Со измените на актите за внатрешна организација и систематизација на работните места во општината и по јавните претпријатија, извршени од страна на управувачката и раководната структура на ДПМНЕ, општинската власт си зеде за право да спроведува чистка од политички причини. На вработените секојдневно им се делат нови решенија, со кои се врши нивно несоодветно прераспоредување на…

повеќе...

ВМРО-НП со соопштение по повод одбележувањето на Водици

По повод одбележувањето на Водици, ВМРО – Народна партија испрати соопштение во кое стои: „ВМРО – Народна партија со сериозна загриженост ги доживува изјавите на членовите на здружението Богојавление кои во медиумите најавија дека почнале преговори да се донесе турбо фолк пејачката Лепа Брена да настапи во Охрид за Водици. Апелираме до Локалната власт да не влегува во реализација на секоја идеја со која максимално би се комерцијализирал верскиот празник Водици, а истовремено со невкус и кич би се изгубила и неговата духовна димензија. Такви ѕвезди, секс симболи чиј стајлинг…

повеќе...

ОО на СДСМ Дебарца го обвинува градоначалникот на Дебарца

Со одлука на Извршниот одбор на Општинската организација на СДСМ Дебарца, формиран е Центар за комуникации со јавноста, чија задача е преку користење на соодветни методи и алатки на современото јавно комуницирање да ја информира јавноста за сите активности на ОО СДСМ. „Центарот го сочинуваат Благојче Стојчески – раководител, Ангел Секулоски – портпарол, и членовите  Радмила Филипоска, м-р Томчо Алексовски  и Славица Кузеска. Со оваа промоција на Центарот, сакаме да му порачаме и на градоначалникот на општина Дебарца дека ова е Тимот на ОО СДСМ Дебарца, креаторот на сите досегашни…

повеќе...

СДСМ: Дали и што се гради на местото кај поранешна градска библиотека?

„Доколку во изминативе неколку денови имавте можност да се прошетате кон стариот дел на градот, тогаш на местото каде што порано се наоѓаше градската библиотека можевте да забележите одредени активности што наликуваа на градежен потфат. И да немавте прилика да го видите тоа со свои очи, тогаш имавте прилика да го дознаете тоа преку средствата за јавно информирање, каде што од Локалната самоуправа несебично не информираа дека: „на споменатата локација се преземени интензивни градежни активности и дека се уредува плоштад според светски стандарди“.“ – ова го истакна портпаролот на ОО на СДСМ Охрид, Александар Кузески, на…

повеќе...

Градоначалникот на Винковци и неговиот заменик остварија средба со советникот Љупчо Настоски

Градоначалникот на Винковци Младен Карлиќ и заменик градоначалникот Томислав Шариќ кои викендов престојуваа во Охрид по повод одбележувањето на 8 декември, денот на Св.Климент Охридски, патронот на Охрид, остварија средба со советникот во Општина Охрид и претседател на ОО на ГРОМ-Охрид, Љупчо Настоски. Во текот на вчерашниот ден тие беа на гости во Регионалната канцеларија на Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ – Охрид. На средбата со претседателот на Општинската организација на ГРОМ-Охрид, Љупчо Настоски, гостите  разговараа за продлабочување на меѓусебната соработка која успешно се одвива долги години. Имено, Љупчо…

повеќе...

Одржано 5-то годишно собрание на ПОДЕМ

Во присуство на бројни делегати од месните организации, гости и симпатизери вчера во Охрид, Општинската Организација ПОДЕМ од Охрид го одржа V-то Годишно Собрание. На присутните им се одбрати претседателот на ПОДЕМ, проф. д-р Живко Јанкулоски. Во демократска и конструктивна атмосфера најпрво се усвои извештајот за работењето на ОО ПОДЕМ Охрид во претходната година, а потоа беа избрани членови на Извршниот одбор, Надзорниот одбор и на Централниот одбор. За нов претседател на ОО ПОДЕМ Охрид беше избран дипломиран биотехнички инженер Јованчо Стенкоски.

повеќе...

ВМРО-НП: Да престане притисокот врз наставниот кадар

ВМРО – Народна партија реагира на однесувањето на Државниот просветен инспекторат и Министерството за образование и наука, кои изминатите неколку седмици секојдневно е во посета на училиштата во Охрид и наоѓа забелешки во процесните планирања на наставниот кадар, кои наводно не испланирале техники во програмата за работа за учебната 2013/2014 година.  „Сакаме да го потсетиме Државниот просветен инспекторат, како и Министерството за образование и наука дека тематско – процесните планирања се прават во август и септември и се составен дел од секоја програма за работа на секое училиште за тековната…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Бакрачески имаат обврска да го спроведуваат Законот и да ги почитуваат одлуките на институциите

Вчерашниот прес на СДСМ од Охрид имаше само една јасна причина, да го девалвира Законот и институциите во Охрид и Република Македонија. Тоа е препознатливт стил на политичко размислување на СДСМ, само да го покријат своето незаконско работење секаде онаму каде што има индиции за тоа, истакнаа на денешната прес конференција од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид. „Како поинаку може да се протолкува вчерашниот нивен настап, ставајќи се на страна на фискултурното трио од Гимназијата “Св.Климент Охридски”, освен како врвно непочитување на законите и институциите на Република Македонија. Тоа е класичен пример…

повеќе...

СДСМ Дебарца: Спортското игралиште во Требеништа е неквалитетно изградено

СДСМ Дебарца повторно реагира во врска со игралиштето во Требеништа. Во продолжение следува интегралниот допис: „За жал уште еднаш сме приморани да реагираме за изградбата на спортското игралиште во село Требеништа од страна на Општината Дебарца. И за да не бидеме повторно погрешно разбрани дека сме биле против изградбата на спортски објекти на почетокот уште еднаш го повторуваме нашиот став дека во целост ја поддржуваме секоја активност за изградба и осовременување на спортска инфраструктура, ама не било каква, туку квалитетна и изградено согласно стандардите и техничките прописи за ваков вид…

повеќе...