По реакцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, во врска со предлог-проектот за енергетска независност на општина Охрид, ВМРО – Народна партија реагира на дописот на ВМРО-ДПМНЕ: „По којзнае кој пат, повторно движењето ДПМНЕ се јави неповикано. Која е причината и целта за тоа, знаат само тие. Сосема ја разбираме нервозата во крилото ВМРО–ЈНА кое е во заминување, но жалиме што не можат да ги разберат нашите зборови. Нашиот предлог проект беше упатен до Локалната самоуправа и до градоначалникот Бакрачески. Сметаме дека градоначалникот и интелектуалците во ДПМНЕ, кои за жал се…
повеќе...Tag: партија
СДСМ Дебарца: Претходната локална власт во Дебарца беспрекорно ги одржуваше патиштата во зимски услови
Во врска со соопштението од кабинетот на градоначалникот на општина Дебарца во кое се известува дека Јавното комунално претпријатие во пресрет на зимата работи на средување на локалната инфраструктура, од ОО на СДСМ Дебарца велат дека се наведува ноторна лага дека претходната локална власт ги оставила жителите на селата во милост и немилост отсечени од светот. „Добро е што надлежните од општината после неколкуте наши прозивки почнаа со чистење на локалните патишта од крајпатната густа вегетација. Активност која досега требаше да биде завршена. Сепак, подобро некогаш отколку никогаш- рекол нашиот…
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ: Лажниот популизам на тнр.Народна излегува на дело преку тнр.проекти за Охрид
Во врска со денешната прес-конференција на ВМРО-Народна партија, каде беше претставен предлог-проект за енергетска независност на општина Охрид, со реакција излезе ВМРО-ДПМНЕ во која стои: „Лажниот популизам на тнр.Народна излегува на дело преку тнр.проекти за Охрид. Како поинаку освен како врвно лицемерие да се сфати таков предлог кој доаѓа од страна на луѓе, кои прво не се стручни, а и до пред 6 месеци беа 8 години на власт во Охрид и никогаш не спроведоа никаков проект. Единствено што знаат граѓаните, е дека тие потрошија 8 годишни буџети и оставија…
повеќе...ВМРО-НП со предлог проект за енергетска независност на општина Охрид
Од ВМРО Народна партија најавија дека ќе почнат со предлагање на низа проекти до Локалната самоуправа и до Владата на Р.Македонија, кои ќе бидат од интерес на граѓаните на општина Охрид. „Предлог проект за енергетска независност на општина Охрид“ беше тема на денешната прес средба која што се одржа во просторитте во ОК на ВМРО Народна партија. „Имено со нашите партиски определби за економски севкупен развој на општина Охрид, до Локалната самоуправа го предлагаме проектот за енергетска независност на Локалната самоуправа, односно јавните претпријатија, основните и средните училишта, градинките и…
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните ги препознаа вистинските вредности на 24 март, ги препознаваа и синоќа, а и натаму ќе ги препознаваат
На соопштението од ВМРО – Народна партија за синоќешната граѓанска трибина, со реакција излезе ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид во која стои: „Шокот на Народната партија од присуство на огромен број луѓе во салата и на платото во Центарот за култура „Григор Прличев“, на синоќешната граѓанска трибина организирана од ВМРО-ДПМНЕ, резултираше со за нив нормално, небулозно соопштение. Веројатно шокот бил уште поголем, од присуството на луѓе кои оние преостанати 3-4 персони на Народна, сметале дека се нивни членови. На крајот на краиштата фактот што Народна е симбол на штетите и корумпираноста…
повеќе...ВМРО-НП: Разочараноста на членовите на ДПМНЕ се покажа на вчерашната трибина
Во врска со синоќешната граѓанска трибина која се одржа во Охрид, а ја водеше премиерот и претседател на Владата на Македонија, со соопштение излезе Општинскиот комитет на ВМРО – Народна партија Охрид, во кое стои: „Вчера бевме сведоци на најслабата посета на трибините на движењето ДПМНЕ. И покрај притисокот кој им се вршеше на вработените во јавните претпријатија, дури и на тие не кои се дел од тоа движење и не се согласуваат со неговите ставови, да присуствуваат на трибината во Домот на културата „Григор Прличев“. Бојкотот кој вчера го…
повеќе...Премиерот Груевски утре на трибина во Охрид
Во рамките на своите редовни активности и средби со граѓаните, караванот на Владата на Република Македонија, составен од ресорни министри, државни секретари и директори на државни и јавни претпријатија, утре во Центар за култура „Григор Прличев“, со почеток во 20:30, организира Граѓанска трибина, која ќе ја води Премиерот на Република Македонија и Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Трибините имаат граѓански карактер, а присутните ќе можат непосредно и изворно да се информираат за сите владини активности кои се реализираат, како и плановите кои се предвидуваат во натамошниот период.
повеќе...ВМРО-НП: Да се покријат патните трошоци на просветните работници
„На иницијатива на советниците на ВМРО – Народна партија, минатата година, Локалната самоуправа и Синдикатот за образование, наука и култура – Регионален одбор Охрид, потпишаа меморандум за соработа. Според тој меморандум двете страни се обврзаа, во духот на воспоставување на социјален дијалог да разговараат, преговараат и да се договорат за сите прашања кои се од нивна надлежност. Како последица на овој меморандум, еден месец покасно, со решение, Општина Охрид се обврза дека ќе ги покрива патните трошоци на просветните работници на кои растојанието од местото на живеење до работното место…
повеќе...Одржано Основачкото собрание на партијата „ГРОМ“ во Скопје на кое учество зедоа 250 охриѓани
На Основачкото собрание на партијата Граѓанска опција за Македонија „ГРОМ“ што се одржа во Универзалната сала во Скопје во саботата навечер, од Охрид учествуваа околу 250 членови на оваа партија. Според претседателот на регионалната канцеларија на „ГРОМ“, Љупчо Настоски, тоа е само дел од членството кое е неколкупати побројно и во иднина се очекува негово зголемување. Според Настоски, очигледно е дека граѓаните се заинтересирани за т.н. „Трета опција“, затоа што во неа гледаат сила којашто може да ги забрза процесите за евроатлантск а интеграција на РМ и да го подобри…
повеќе...Промовиран огранокот на политичката партија ГРОМ во Охрид
Во Охрид промовиран огранокот на политичката партија ГРОМ- Граѓанска опција за Македонија. Вечерните саботни часови во Охрид беа исполнети со уште едно ново освежување на политичката понуда во нашиот град. Станува збор за нова политичка партија-Граѓанска опција за Македонија ГРОМ, на која претседател е актуелниот градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски. Охриѓани како и негови приврзаници го поздравија,пред новите простории на оваа партија,а тој им се обрати во канцеларијата на ГРОМ во Охрид. „Сето ова моментално е на ниво на иницијатива, но се очекува во политичката партија ГРОМ…
повеќе...