Поради врнежи од снег забрана за движење на тешки товарни возила на патот Маврово-Дебар

Поради интензивни врнежи од снег воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на крак Маврово – Дебар. Сообраќајот за тешки товарни возила на планинскиот премин Стража е нормализиран. Според информациите добиени во АМСМ од Ј.П. Македонија пат, сообраќајот на останатите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Врнежи од снег се бележат на повисоките места во северозападниот дел од републиката, додека во останатиот дел врне дожд.

повеќе...

Ќе започнат да се градат 46 локални патишта

Од понеделник започнува реконструкцијата и изградба на локални патишта низ 38 општини низ државата. „Се работи за 46 локални патишта во должина од 57 километри , инвестиција од 7,2 милиони евра. Веќе од пондеделник започнуваме со изградба и реконструкција на сите овие локални патишта кои треба да бидат завршени до крајот на оваа година“, посочи министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

повеќе...

Јанакиески: Најдоцна до април ќе се распише концесија за автопат Гостивар – Кичево

Оваа година ќе биде распишана концесија за патниот правец од Гостивар до Кичево. Очекувам тоа да се случи во текот на март или најдоцна во април, со тоа ќе го затвориме целокупниот Коридор 8 од Скопје до Охрид на ниво на автопат. Ова го најави денеска министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, одговарајќи на новинарско прашање по доделувањето на решенија за легализација на дивоградби во општина Кисела Вода. Тој рече дека ќе биде објавена концесија за делницата од Скопје до Блаце, која е многу значајна, бидејќи со тоа Република…

повеќе...

Укината забраната за движење на тешки товарни возила на патот Маврово- Дебар

Од 07:00 часот укината е забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар. На патниот правец Лакавица-Неготино на 7км. над село Лескоица има пропаѓање на патот од 200м на кој е извршена санација. Поставена е содветна сигнализација за внимателно управување со возилата. На патниот правец Страцин – Крива Паланка, на излез од Страцин во правец на Крива Паланка, поради свлечиште зафатена е третата лента од коловозот во должина од 150 метри. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. Според информациите добиени од Ј.П. Македонија пат, сообраќајот…

повеќе...

Забрана за движење на тешки товарни возила на патот Маврово-Дебар и планинските премини Пресека и Буково

На регионалниот пат Маврово – Дебар кај Бигорскиот манастир повторно дојде до лавина во 11,45 сообраќајот е повторно во прекин за сите видови на возила.Се очекува брзо расчистување ( за половина час). Поради врнежи од снег, на патниот правец крак Маврово – Дебар и на планинските премини Пресека и Буково има забрани за движење на тешки товарни возила. Во 10,30 на пл. преминот Стража воведена е забрана за движење на тешки товарни возила Сообраќајот на патниот правец клучка Марвинци – Гевгелија е во прекин поради излевање на река Вардар на…

повеќе...

Врнежи од слаб снег на патните правци кон Маврово, Крушево, Пресека и Охрид

Поради големи одрони од камења, сообраќајот на патниот правец Кочани – Македонска Каменица е во прекин. Возилата се пренасочуват по патниот правец Кочани – Виница – Делчево. На патниот правец Демир Капија-Корешница поради излевање на реката Вардар воведена е забрана за патнички возила. На патниот правец Виница – Берово на 11-от и 12-от километар на две места во должина од по 20 метри сообраќајот се одвива по една коловозна лента поради поплава. На местата е поставена соодветна сигнализација од страна на ЈП Македонија пат. Поради излевање на реката Брегалница, превентивно…

повеќе...

Затворен за сообраќај патниот правец Штип – Ново Село

Патниот правец Кочани – Делчево е затворен за сообраќај поради големи одрони од карпи. Возилата се пренасочуваат по патниот правец Кочани – Виница – Берово – Делчево. На патниот правец Виница – Берово на 11-от и 12-от километар на две места во должина од по 20 метри сообраќајот се одвива по една коловозна лента поради полава. На местата е поставена соодветна сигнализација од страна на ЈП Македонија пат. Поради излевање на реката Брегалница, превентивно е затворен за сообраќај патниот правец Штип – Ново Село. Забрана за движење на тешки товарни…

повеќе...

Забрана за движење на тешки товарни возила на патот Маврово-Дебар

Забрана за движење на тешки товарни возила има само на патниот правец крак Маврово – Дебар. Поради излевање на реката Брегалница, превентивно се затвора сообраќајот на патниот правец Штип – Ново Село. Поради лавина на патниот правец Маврово – Дебар кај манастирот Бигорски, сообраќајот беше во целосен прекин. Сега е исчистена една коловозна лента и се работи на целосно расчистување. Поради поголеми одрони на патот Кочани – Македонска Каменица од с.Истибања до брана Калиманци, сообраќајот наместа се одвива по една коловозна лента. Поради оштетување на средниот столб на мостот на…

повеќе...

Забрана за тешки товарни возила на Буково и Маврово

Забрана за движење на тешки товарни возила има на патните правци Тетово – Попова Шапка, Крак Маврово – Дебар и на планинските премини Стража, Буково, Ѓавато и Пресека.  Поради оштетување на средниот столб на мостот на река Пчиња, на патниот правец Р2136 Ржаничино – Д.Коњаре има забрана за движење на тешки товарни возила над 7,5 тона и автобуси. Забраната за движење, поради свлечиште кај с. Ратавица, на патот Киселица – Злетово во општина Пробиштип е сеуште во тек. Поради надојдените води од реката Крива Лакавица во прекин се патните правци…

повеќе...

Слаб снег провејува на сите планински премини во западниот и југозападниот дел од Републиката

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно без забрани и застои, по претежно влажни коловози. Слаб снег провејува на сите планински премини во западниот и југозападниот дел од Републиката кој во моментов не се задржува на коловозите. Појава на магла со видливост до 50 метри има на Маврово и Стража. Воведена е забрана за движење на тешки товарни возила над 7,5 тона и автобуси, на патниот правец Р2136 Ржаничино – Д.Коњаре, поради оштетување на средниот столб на мостот на река Пчиња. Штетата на мостот на патниот правец Радовиш –Штип…

повеќе...