Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива во зимски услови, по влажни коловози

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива во зимски услови, по влажни коловози со наместа остатоци од кашест снег на коловозот, без забрани, застои и ограничувања. АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација и на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони. Дежурните екипи на ЈП Македонија пат се на терен…

повеќе...

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози на места со остатоци од кашест снег

Поради снежни врнежи со променлив интензитет сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози на места со остатоци од кашест снег кој останува по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП Македонијапат. Поради интензивни снежни врнежи воведени се забрани за движење на тешки троварни возила на патните правци Гостивар – Маврово – Дебар и Кичево ( Колари)- Стража. Во клисурите и усеците можни се помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Гостивар – Стража, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.…

повеќе...

Сообраќајот на сите државни патишта во републиката се одвива по влажни коловози

Сообраќајот на сите државни патишта во републиката се одвива по влажни коловози. Поради ниските температури можна е и појава на голомразица на повисоките и осојничави места, како и на мостовите. АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација и на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

повеќе...

Од утре задолжителна зимска опрема во возилата

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (член 404, став1), од утре (15.11) ќе започне примената на законската обврска за задолжително поседување на пропишаната зимска опрема за моторните возила и работните машини кога учествуваат во сообраќај на пат надвор од населено место, а која ќе биде во сила во периодот од 15 ноември до 15 март идната година. Во таа насока, истовремено, МВР информира дека со членот 11 од  -“Правилникот за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежното возило…

повеќе...

Анкета: Граѓаните со позитивни оценки за Министерството за транспорт и врски

Според резултатите од неодамна спроведена анкета на Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС), 62,6 отсто од вкупно 1.107 испитани граѓани одговориле дека би го користеле повеќе железничкиот превоз по реализацијата на проектот за набавка на нови патнички вагони и рехабилитацијата и проширувањето на железничката мрежа, а 86,2 отсто го сметаат овој проект за оправдан, соопшти Министерството за транспорт и врски. Според резултатите од анкетата за испитување на јавното мислење во однос на работењето на Министерството, повеќе од половина испитаници изразиле поддршка на проектите и активностите од областа на инфраструктурата…

повеќе...

Потпишани договорите за изградба на патните делници Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески,  заедно со Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија Владимир Пешевски и Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Љупчо Георгиевски и овластениот претставник на Кинеската компанија, изведувач, Sinohydro Corporation Limited, Yu Shichun, денес ги потпишаа Договорите за изградба нa патната делница Миладиновци-Штип и патната делница Кичево-Охрид, врз основа на Законот кој го донесе Собранието на Република Македонија на 74-та седница. Согласно договорите, предвидено е изградба на  автопатот Миладиновци – Штип во должина од 53 километри и ширина од 29 метри, со по…

повеќе...

Изградбата на автопатите, многу работа за домашните компании

Изградбата на новите автопати Скопје-Свети Николе-Штип и Кичево-Охрид ќе се реализира со исклучитено поволен кредит преку кинеската Ексим банка, со рок на отплата од 20 години, пет години грејс период и каматна стапка од 2 процентни поени. Тоа го соопштија попладневно на прес-конференција во Владата вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и министерот за транспорот и врски Миле Јанакиески, пренесувајќи ги одлуките од денешната седница на Владата за усвоените закони за реализација на проектите за автопатите. Изградбата на автопатите, според Пешевски и Јанакиески, ќе придонесе за севкупниот економски развој на…

повеќе...

Се средуваат локалните патишта низ општина Дебарца

ЈП за комунална дејност „Дебрца“ започна со активности за средување на локалните патишта низ Општина Дебарца. Со набавката на нови машини за работа како моторни пили, косилки, телескопска пила итн, вработените на ЈПК „Дебрца“ започнаа да ја спроведуваат акцијата за чистење и косење на локалните патишта, и сечење и отстранување на гранките од дрвата покрај патиштата што претставуваа пречка во одвивање на сообраќајот. Со тоа ќе се олесни животот на жителите во општината, особено во зимскиот период, каде што во минатото пристапот до одредени села во тој период беше отежнат,…

повеќе...

Ставрески: Со новите автопати значително подобрување на патната инфраструктура

Со изградбата на двата клучни автопати, Скопје – Штип  и Кичево – Охрид значително ќе се подобри патната инфраструктура во Македонија, ќе се подобри конкурентноста на економијата, а на краток рок  ќе се зголемат градежната и останатите активности. Тоа го оцени денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, одговарајќи на новинарски прашања по доделувањето сертификати за финансиски менаџмент на вработени во јавниот сектор. Според Ставрески, во завршна фаза е одобрувањето на кредитите за изградба на автопатите, а  законите со кои државата ќе гарантира за исплатата што ќе ја врши…

повеќе...

Сливово доби нов асфалтен пат

Денес Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски изврши увид врз градежните работи кои се одвиваат за реконструкција на патот од с.Сливово до спој со магистралниот пат М4 Охрид-Кичево при што ги увиде активностите кои се одвиваат на овој пат кој е во должина од 2.831,00 метар и вредност од 8.275.698.00 денари.  „Денес сме сведоци на изградбата на патот од село Сливово до магистралниот пат Охрид – Кичево, кој е во должина од  2 км и 850м и за што се издвоени некаде околу 8 и пол милиони денари од страна…

повеќе...