Велигденска работилница во ОУ „Св.Наум Охридски“ – Пештани

По повод претстојните велигденски празници учениците од второ одделение од ОУ „Св.Наум Охридски“, Пештани, заедно со наставничката Марина Шурбановска и своите родители организираа Велигденска работилница. „На работилницита сите заедно изработивме велигденски украси кои утре (среда 8-ми април) ќе бидат дел од Велигденскиот продажен панаѓур кој го организира нашето училиште со почеток од 11:00 часот на сред село во Пештани. Вредните рачиња на малите вторачиња, нивната креативност како и креативноста на нивните родители се заслужни за сите прекрасни Велигденски украси кои ги направија со многу љубов и труд.“ – велат од училиштето.

повеќе...

Меѓународниот ден на спортот одбележан во ОУ„Св.Наум Охридски“ – Пештани

Со цел одбележување на 6-ти Април, Меѓународниот ден на спортот, наставникот по физичко и здравствено образование, Зоран Целески и одделенските наставници од ОУ „Св.Наум Охридски“ од Пештани активно се вклучија во неговото одбележување. Наставниците на своите ученици уште еднаш им предочија дека физичката активност, играта и спортот се неопходни за правилен физички, ментален, психолошки и социјален развој на децата. За таа цел во училишната сала се презедоа и организираа низа активности од типот на елементарни игри и меѓуодделенски натпревари во кои беа вклучени сите ученици од одделенска и предметна настава. „Учениците…

повеќе...

Опасно свлечиште на патот Елешец – Елшани

Опасно свлечиште над кампот Елешец, на патот за Елшани ги демне и ги загрозува елшанци и сите други патници, жители и автомобили кои заминуваат за Елшани или доаѓаат оттаму. Ова место е веќе традиционална опасност последниве десетина и повеќе години, особено во вакви временски услови и време е надлежните да преземат нешто посериозно за трајно да се реши овој проблем кој, само по некоја чиста случајност, досега не направил поголема материјална или, недајбоже, човечка жртва. За да не дојде до такви несакани последици, елшанци замолуваат и барааат од надлежните итно…

повеќе...

Акција за чистење во Пештани – На „Кузман Капидан“ се санираат дрвјата

Екипите на „Охридски Комуналец“ денес спроведуваат акција за расчистување на јавните површини во Пештани. Се расчистува центарот на селото и улицата која води до основното училиште од наносите од земја, песок и чакал кои со силните врнежи беа слеани од планината кон пониските делови. „Ангажирани се 4 работници и според наши проценки ќе се подигнат 4 м3 земја и друг отпад.“– велат од претпријатието. И во Пештани е евидентирано уништување на урбаната опрема каде од депониран запалив отпад е оштетена канта за депонирање ситен отпад. Екипите на „Паркови и зеленило“…

повеќе...

Исчистени наносите од песок и земја низ улиците во Пештани

Улиците во Пештани кои деновиве беа затрупани со наноси од песок и земја од невремето, денес се исчистени од страна на Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ и ЈП Македонија-пат“. Фото: А.Андриоски

повеќе...

Бурињата со вино во Пештани кај Петар Толевски и Никола Гугоски

Традиционално, Денот на Рибарите се одбележува и во Пештани. Бурињата кои беа фрлени во Охридското Езеро, годинава, ги фатија 13 годишниот Петар Толевски и 23 годишниот Никола Гугоски. А.Андриоски

повеќе...

Училиштето во Пештани го чествува својот патрон Свети Наум

По повод патрониот празник на Основното училиште „Св.Наум Охридски“ во Пештани, утре, недела, ќе се одржи свечена прослава и осветување на фреска на Св. Наум во холот на училиштето. Осветувањето на фреската ќе биде со почеток во 17:00 часот, а со него ќе чиноначалствува парохискиот свештеник отец Атанас Казанџиски по што и ќе започне свечената приредба подготвена од учениците и нивните наставници. „Нашето училиште има особена чест и со гордост го носи името на чудотворниот учител Свети Наум Охридски и токму по повод овој наш празник упатуваме покана до сите…

повеќе...

Одржани предавања за превенција од употреба на пиротехнички средства

Во ОУ „Св. Наум Охридски“, вчера се одржа предавање за ризиците од употреба на пиротехнички средства. Исто вакво предавање, понеделникот се одржа во ОУ „Ванчо Николески” – с.Лескоец. Овие предавања ги реализира Одделението за превенција при СВР – Охрид. Предавањето се состои од објаснување што претставуваа пиротехничките средства, како треба да се употребуваат – исклучиво со присуство на родител или најдобро воопшто да не се употребуваат. На учениците им беа претставени одредбите од законот и казните за трговија со пиротехничките средства. Преку усни примери предавачот им посочи случаи од неговата…

повеќе...