Деновиве Охрид е полн со гости. Метеж во сообраќајот, полни плажи и угостителски објекти се показател дека Охрид е секогаш исполнет со домашни и странски гости за празникот Илинден. Летните горештини ги наполнија охридските плажи, а навечер полни се чаршијата, шеталиштата и летните бавчи во градот. Зголемената посетеност е резултат и на одржувањето на голем број концерти и настапи на познати музички имиња од земјава и странство. WebOhrid
повеќе...Tag: плажи
Скопјанец крадел од возила на паркинзите кај Св.Наум и кај Музејот на вода
Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Д. (30) од Скопје. Пријавениот, казнените дела го извршил во текот на март и април оваа година, во туристичкиот комплекс „Св.Наум“ и на паркинг простор кај комплексот „Музеј на вода“ во близина на Заливот на коските. Д.Д. користејќи подесен алат, но и физичка сила, ги отворал вратите и прозорците од патничките моторни возила сопственост на македонски и странски државјани. Притоа одземал пари, лап-топ компјутери, харддискови, усб стикови, видео камери, облека, обувки, сувенири, спортска…
повеќе...Акцијата за расчистување на јавните површини продолжува во Пештани
Продолжува акцијата на Ј.П. „Охридски Комуналец“ за расчистување на јавните површини. Денес се работи во Пештани. Активирани се четворица работници за чистење на улиците од наноси на земја и песок, се отстранува тревата од тротоарите и се чисти плажата од трска и комунален отпад. Акцијата ќе продолжи и во текот на утрешниот ден.
повеќе...И струшките плажи полни со гости
Деновиве и струшките плажи се полни со гости од земјава и странство кои спасот од горештините го бараат токму покрај убавото Охридско Езеро, односно се разладуваат во водата. Интересно е тоа што на струшките плажи можеа да се видат и повеќе лебеди кои се дружеа со капачите, особено со најмладите, не само во водата, туку и на копно. WebOhrid
повеќе...Општина Охрид со опомена до концесионерите на плажите на Охридското Езеро
Изминатов период констатирани се низа пропусти во однос на почитувањето на концесиските договори за закуп на плажите на Охридското Езеро, а особено не се почитува обврската 30% од плажата да биде слободна без лежалки, за да можат граѓаните на Охрид и туристите кои го посетуваат Охрид непречено да уживаат во убавините на Охридското езеро. Од тие причини Општина Охрид упатува јавна опомена до концесионерите на плажите на Охридското Езеро и притоа ги повикува на доследно почитување на оваа одредба од концесискиот договор во пресрет на претстојниот викенд и останатиот дел…
повеќе...Еко-колумна: Понесете го екологистот во себе!
Пред да излезете од дома – подгответе се! Секогаш со вас понесете го и екологистот во вас! Им помина времето на разно-разните отпади кои стоеа така покрај плажите, на плажите, но и во водата. Стакло, пластика, лименки, најразличен цврст отпад… Време е за екологија! Секогаш било и секогаш ќе биде! Ниту комуналните претпријатија, ниту еколошките друштва не успеваат да се справат со толкаво загадување. Едноставно, лесно е да се загади, но тешко е да се исчисти. Како ли само дошло до толкаво загадување?! Кој е виновен? Нашите дедовци, татковци, другари, пријатели…
повеќе...Претстојниот викенд ќе го наполни Охрид
Со чиста и релативно топла вода во езерото и со богата културно-забавна понуда, македонскиот туристички центар Охрид престојниов јулски викенд го очекува првиот голем бран туристи. Синоќа, со отворањето на Балканскиот фолклорен фестивал, практично почна богатото охридско културно лето, кое кулминацијата ја најавува за 12 јули, Петровден, кога традиционално се отвора меѓународниот музичко-сценски фестивал „Охридско лето“. Во прилог на бројните гости од земјата и од светот им оди и фактот што водата во најголемиот дел од Охридското Езеро е од прва класа и е погодна за капење и за спортување.…
повеќе...Дискусија за превенција од кражби и превенција на несреќи на капалиштата на охридското крајбрежје
Превенција на кражби во згодна прилика и превенција на несреќи на капалиштата на охридското крајбрежје, се теми на состанокот што денес ќе се одржи во малата сала во општина Охрид. На состанокот ќе бидат присутни претставници од СВР Охрид, Езерската полиција, Капетанија Охрид, ОО „Црвен крст“ Охрид, концесионери на плажи, претставници од јавното претпријатие за паркинг услуги и други.
повеќе...Состанок во Струга – Превенција на несреќи на капалиштата на струшкото крајбрежје
Превенција на кражби во згодна прилика и превенција на несреќи на капалиштата на струшкото крајбрежје, се теми на состанокот што денес ќе се одржи во Струга. На состанокот ќе бидат присутни претставници од СВР Охрид, Езерската полиција, Капетанија Охрид, ОО „Црвен крст“ Струга, концесионери на плажи, претставници од јавното претпријатие за паркинг услуги од Струга и други.
повеќе...Владините проекти придонесуваат за континуиран развој на туризмот
Покрај двете плажи на Преспанското Езеро, заврши и изградбата на плажите во Дојран, а наскоро ќе почне и изградба на плажата Лагадин во Охрид, најави денеска премиерот Никола Груевски по посетата на новата плажа во Стење. Груевски напомена дека продолжуваат владините проекти за континуиран развој на туризмот. „Оваа плажа е составен дел на нашите активности поврзани со развојот на туризмот, инвестирањето во понудата и вкупното вложување во оваа дејност. Имаме доста инвестирано и во промоција, субвенции за тур-оператори и за нови авионски линии, но и во нова понуда за туристите…
повеќе...