ОО СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Охридската јавност е добро запознаена со манипулациите на ВМРО-ДПМНЕ. Покрај многуте ветени, а неостварени проекти во изминативе години можеме само да им сугерираме, кога ветуваат барем нека покажат елементарно познавање на работите. Плоштадот кај Чинарот не се вика плоштад „Крушевска Република“. Имено, плоштадот во 1993 година со одлука на Советот на општина Охрид е преименуван во плоштад „Чинар“. ( Службен гласник на општина Охрид бр. 6 од 1993 година). Доколку бевте сериозни во намерите да ги остварите ваквите проекти, ќе…
повеќе...Tag: плоштад
Тунтев: Планираме гасификација на Охрид
Домашниот буџет на секој охриѓанец е оптоварен со големи трошоци за електрична енергија за загревање на своите домови. Ние ќе ставиме крај на тоа бидејќи планираме гасификација на Охрид, рече на денешната прес-конференција пратеникот од СДСМ, Томислав Тунтев. „Со гасификацијата на Охрид, придонесуваме за намалување на огромните сметки за електрична енергија, со што секој граѓанин заштедува значителни средства во семејниот буџет. За здрава животна околина, пониски трошоци и економски развој на општината ќе донесеме гас до секое училиште, амбуланта, детска градинка, институција, до фирмите и до секое домаќинство во Охрид.…
повеќе...Кучињата скитници проблем и пред и по избори
Во пресрет на поставувањето на бината за вечерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, граѓаните беа сведоци како една мала глутница кучиња безгрижно дивее на Градскиот плоштад. Без разлика која партија се наоѓа „во позиција“ или опозиција, кучињата скитници останаа голем проблем кој се провлекува години наназад. Можеби е време овој проблем да се вметне во некоја предизборна програма од политичките партии, за негово решавање, пред се за граѓаните, но и за туристите кои го посетуваат Охрид. WebOhrid
повеќе...Градоначалникот Бакрачески организира Ифтарска вечера
Градоначалникот Никола Бакрачески, за граѓаните од муслиманска вероисповест, утревечер ( 21.06.2017 г.) со почеток во 20 часот, на плоштадот Крушевска Република, организира Ифтарска вечера. Во името на соживотот, мирољубието и човекољубието, градоначалникот Бакрачески упатува јавна покана до сите граѓани од муслиманска вероисповест да дојдат на Ифтарската вечера. На вечерата, на покана на градоначалникот Бакрачески ќе присуствува и евроамбасадорот Самуел Жбогар.
повеќе...Матурантите танцуваа квадрил на Градскиот плоштад
Традиционално со кажување на „Заклетвата за мир“, на Градскиот плоштад, денес беше одржана „Матруската парада“. На звуците од операта „Лилјакот“ на Штраус, 330 матуранти од охридските средни училишта заедно со врсниците од повеќе градови во Македонија и неколку земји од Југоисточна Европа, во 12 часот на пладне го одиграа квадрилот. Одржувањето на годинешната „Матурска парада“ беше 11-тo по ред.
повеќе...Матурска парада 2017
И оваа 2017 година продолжува традицијата на одржување на „Матурската парада“, во која ќе учествуваат матурантите од четирите средни училишта од Општина Охрид. На 19 мај точно во 12 часот, на градскиот плоштад Св. „Климент Охридски“ матурантите повторно ќе го танцуваат матурскиот квадрил, со своите врсници од шеесетина градови на Централна и Југоисточна Европа. На овој начин заеднички постепено, заедно со младите од година во година создаваме нова традиција во одбележувањето на матурирањето, што е во согласност со стремежите на младите за меѓусебно поврзување околу една заедничка идеја. „Матурската парада…
повеќе...ОУ „Св. Климент Охридски“ со хепенинг на градскиот плоштад
По повод завршувањето на учебната година, ОУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид денес на градскиот плоштад, одржа хепенинг под мотото „Приказна за моето училиште“. На хепенингот беа презентирани дел од активностите, условите и можностите на ова училиште.
повеќе...Најмладите од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ ја дочекаа пролетта
Традиционално на градскиот плоштад во Охрид се организираше детска забава по повод доаѓањето на пролетта. На манифестацијата учествуваа дечиња од 4-6 годишна возраст од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, кои со дефиле под пролетни маски настапија со неколку музичко – ритмички точки и песнички со содржина за пролетта. WebOhrid
повеќе...Црвен крст Охрид денес ќе врши бесплатни здравствено-превентивни прегледи во рамки на Неделата на срцево-садови заболувања
Во рамки на своите здравствено-превентивни активности, а како дел од одбележување на Неделата на срцево-садови заболувања (21-28 февруари), Црвен крст Охрид со своите медицински тимови, денес од 13:30 до 15:00 часот на плоштадот Крушевска република (Чинар) ќе врши бесплатни здравствено-превентивни прегледи-мерење на крвен притисок и ЕКГ, а стручните тимови ќе даваат корисни совети за превенција и заштита од срцево-садови заболувања. Срцево-садовите заболувања се водечка причина за смртност во светот. Според податоците на Светстката здравствена организација, секоја година од болести на циркулаторниот систем умираат околу 17 милиони луѓе. Во Европа околу…
повеќе...Утре ќе се одржи Бадниковата литија низ улиците на Охрид
Во пресрет на Христовото раѓање – Божиќ, утре по 4–ти пат ќе се одржи Бадниковата литија во нашиот град. Поворката со над 300 деца во 10:30 часот ќе тргне од црквата Св.Ѓорѓи, преку улиците „Јане Сандански“ и „Кеј Македонија“ ќе заврши на плоштадот „Св.Климент Охридски“, каде ќе бидат дарувани децата коледарчиња. Манифестацијата ќе заврши со ручек во црквата Богородица – Каменско. Во чест на Христовото раѓање Божиќ, на градскиот плоштад е поставена макета на пештерата која го наговестува денот на христовото раѓање, изработена од монахињите од манастирот Св.Ѓорѓи Победоносец од…
повеќе...