Еден од највпечатливите белези во старото градско јадро „Горна порта“ доби ново осветлување. Покрај стандардните рефлектори на древните камени ѕидови од неодамна се поставени и фенери во автентичен, градски стил. Инаку, наскоро се очекува постоечките канделабри на градскиот плоштад да бидат заменети со нови кои ќе бидат во автентичен градски стил. Тие ќе имаат две или три сијалици а подоцна Општина Охрид ќе набави исти такви канделабри кои ќе бидат поставени по должината на езерскиот кеј.
повеќе...Tag: плоштад
Се уредуваат зелените јавни површини низ градот
Екипите на „Паркови и зеленило“ денеска беа присутни на многу локации во градот уредувајќи ги зелените јавни површини. Денеска се засадени се околу 2,500 садници од летната цветна реколта на градскиот плоштад, малиот плоштад и в долж ул. „Кеј Маршал Тито“. Искосена е високата трева пред судентскиот дом „Никола Карев“ на еден метар од пешачаката патека, бидејќи станува збор за приватен имот. искосен е тревниот појас вдолж ул. „Булевар Туристичка“ и „Железничка“ искосена е тревата кај кружната сообраќајница на ул.„Јане Сандански“ и паркот во…
повеќе...Неделен хуманитарен хепенинг на градскиот плоштад „Заедно за еден детски живот“
Под мотото “Заедно за еден детски живот”, охридските новинари и Црвениот крст заедно со општина Охрид, организираат неделен хуманитарен хепенинг. Во недела точно на пладне сите заедно да ја покажеме нашата хуманост со тоа што ќе бидеме дел од еден богат хуманитарен настан. Динамичен перформанс исполнет со песна, музика, балет, театар. На сцената ќе настапат и најмладите и најстарите. Собраните средства ќе бидат наменети за лекување на 11 годишно момче од Охрид кое боледува од многу тешка болест . Потребна е итна операција на клиниката “BY” во Пекинг, која чини 35…
повеќе...Позитивните вибрации на „Баскерфест“ ќе се почувствуваат во Охрид
Караванот за кого велат дека носи среќа, за првпат оваа година ќе гостува во Охрид. Најпосетениот уличен театар „Баскерфест“ на 28-ми и 29-ти јуни, на Градскиот плоштад и низ охридската чаршија со своите несекојдневни перформанси ќе ги забавува охриѓани и туристите. Со повеќе од 150 улични артисти, музичари и театри „Баскерфест“ на посетителите ќе им понуди несекојдневно искуство и незаборавна забава, пантомима перформанси, претстава, музика во живо, улични танчери, ликовни изложби, креативни активности – вистински сплет на културни, забавни и уметнички содржини. Уличните фестивали се значајна културна атракција во многу…
повеќе...Матурска парада 2014
Со традиционалната порака за мир и со звуците на популарниот танц Квадрил околу 450 матуранти од трите општински средни училишта, денеска на Градскиот плоштад, ја одиграа Матурската парада 2014. Општина Охрид е традиционален покровител на танцот, а градоначалникот Никола Бакрачески ја отвори деветтата по ред Матурска парада. „Пред Вас е отворен пат кој секој посебно ќе го осмислува и секој посебно ќе го поминува. Бидете достоинствени, бидете храбри да се соочите со предизвиците кои секогаш стојат пред човекот. Бидете цврсти во Вашите одлуки да напредувате во животот, само на оној…
повеќе...Нема повеќе паркирање крај малиот плоштад и црквата Св. Софија
По налог на Општина Охрид денеска, Јавните Претпријатија „Ниско Градба“, „Градски гробишта“ и „Охридски комуналец“ започнаа акција за оградување на просторот околу малиот плоштад и црквата „Св. Софија“ со жардињери и бетонски столбчиња. По денешната акција на оградување се очекува повеќе да ги нема диво паркираните автомобили крај малиот плоштад кои оневозможуваа пристапност до него како и видливост на неговите убавини. Со акцијата се очекува да се стави крај на грдата слика која диво паркираните автомобили ја правеа крај источната страна од дворот на еден од најубавите сакрални објекти…
повеќе...Одбележан Денот на Европа
На малиот плоштад со богата културно-уметничка програма, приредена од учениците од општинските училишта се одбележа Денот на Европа. На денешен ден, пред 64 години, Роберт Шуман ја презентираше декларацијата, која се смета за темел на денешната Европска унија. На почетокот, во заедницата беа Белгија, Франција, Германија, Италија, Луксембург и Холандија, за да сега, по бројни процеси на трансформирање и проширување во Европската унија членуваат 27 земји. „Древниот Охрид е вистинското место од каде можеме уште еднаш да ги упатиме пораките за чување на цивилизациските вредности како темел за развој на…
повеќе...Се поплочува патот до црквата Св.Климент во Велгошти
Јавното Претпријатие „НИСКОГРАДБА“ денеска извршуваа повеќе градежни зафати. Во Велгошти, кај црквата Св. Климент се врши подготовтка на патот за покривање со бехатон плочки, а во стариот дел на градот кај месноста „Канео“, црквата Св. Софија и кај малиот плоштад се врши проверка на пумпните станици.
повеќе...Интензивно се бара стратешки партнер за ЕМО
На повидок е решение за наоѓање на стратешки партнер за ЕМО,. Ова го истакна синоќа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на митингот во Охрид. „Во сериозни разговори сме со крупна компанија од една средноевропска држава, за таа да стане стратешки партнер на охридски ЕМО. Не давам ветување, туку информирам дека ќе направиме се’ што е во наша моќ, да ги убедиме за тој чекор. Ако не успееме со нив, ќе преговараме напорно и ќе бараме решение. За ЕМО да стане тоа што бил некогаш, силен, моќен, со вработени“ посочи Груевски.…
повеќе...Пендаровски од Охрид: Народот на 13-ти ќе се справи со власта
Ја имам честа да се обратам во градот на словенските просветители Климент и Наум Охридски. Тие уште долги години ќе го чуваат македонскиот народ. Охрид бил и мора да остане центар на уникатноста и единственоста. Со овие зборови се обрати претседателскиот кандидат Стево Пендаровски пред граѓаните на преполниот градски плоштад во Охрид. Охриѓани загрижено констатираа дека основната гранка во нивниот крај, туризмот, последниве години стагнира или назадува. „Инвестирањето во реклами, споменици и Субрата Рој нема да го унапредат туризмот. Проектот Скопје 2014 го загрози проектот Македонија. Со добра инфраструктура и капитални инвестиции…
повеќе...