Една вечер поезија, 365 вечери депонија

За време на завршната манифестација од Струшките вечери на поезијата, на дрвениот мост во Струга беше истакнат транспарент на македонски, албански и англиски јазик: Една вечер поезија, 365 вечери депонија 1 mbrëmje poezi, 365 mbrëmje deponi 1 evening poetry feel, 365 evenings landfill Транспарентот поставен од страна на граѓанската иницијатива „Стружани за Струга“ има цел да го привлече вниманието од пошироката јавност за проблемите со кои се соочуваат стружани со депонијата во Струга, загадувањето од неа, а особено од нејзиното палење и чад за време на летната туристичка сезона. WebOhrid

повеќе...

Претседателот Иванов ги прими учесниците на 55. издание на СВП

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, во „Вила Билјана” во Охрид, ја прими канадската поетеса Маргарет Елинор Атвуд, и организаторите на 55. издание на Струшките вечери на поезијата. Претседателот Иванов на годинешниот лауреат Маргарет Елинор Атвуд и го честиташе признанието „Златен венец”, како една од најпрестижните светски награди, но и како признание за нејзината целокупна поетска дејност. На приемот македонскиот претседател упати честитки за успешната организација на оваа поетска манифестација и изрази очекување дека тоа ќе продолжи и во иднина, истакнувајќи дека Струшките вечери на поезијата имаат особено значење…

повеќе...

Поетски читања на Мостот на поезијата и врачување на признанијата на 55-то издание на СВП

Најпрестижното признание на Струшките вечери на поезијата „Златен венец“ синоќа и беше врачено на годинашниот лауреат, канадската поетеса, романсиерка, книжевна критичарка и активистка Маргарет Атвуд на меѓународниот поетски митинг „Мостови . Признанието и го врачи претседателот на Управниот одбор на СВП Славе Ѓорѓо Димоски.  Наградата „Браќа Миладиновци“ за 2016 година за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија на Струшки вечери на поезијата, на лауреатот Иван Џепароски му ја врачи претседателката на жири-комисијата за оваа награда, Вера Чејковска. Директорот на СВП Мите Стефоски ја врачи наградата „Мостови на Струга“ за…

повеќе...

Портрет на лауреатот на „Златниот венец“ на СВП Маргарет Атвуд

Во катедралната црква Св. Софија во Охрид, синоќа, се одржа портрет на добитничката на „Златниот венец“ на 55-те јубилејни Струшки вечери на поезијата, канадската поетеса Маргарет Атвуд. „Златниот венец“ на лауреатот Атвуд, ќе и биде врачен вечерва на манифестацијата „Мостови“. Атвуд е 51-ви добитник на највисокото признание на фестивалот, кое се состои од филигрански изработен лавров венец.

повеќе...

СВП и Тиквеш заеднички ќе ја раскажуваат винската приказна за Македонија

Учесниците на 55. јубилејно издание на Струшките вечери на поезијата денес ќе имаат несекојдневна можност да творат со вината на Тиквеш. Имено винарската визба Тиквеш обезбеди вино со празни етикети од едицијата „спешл селекшн“ на кои поетите ќе творат и ќе остават траен белег на вината на Тиквеш со стихови од светската поезија. СВП и винаријата Тиквеш заеднички ќе ја раскажуваат винската приказна за нашата земја што гостите ќе ја добијат од посетата на Македонија. Приказната за поезијата и виното во еден простор кој уште од антиката бил средиште на…

повеќе...

Атвуд: Значајно е што во Македонија се посветува многу внимание за поезијата

Струшките вечери на поезијата се одлична можност да се слушнат поети од целиот свет кои читаат поезија на својот јазик и таа поезија да се слушне со превод. Манифестацијата е преглед на поетите од светот и е многу охрабрувачки што посветувате многу време и внимание на поезијата која често е запоставена и е зад романите, забележа канадската поетеса романсиерка, книжевна критичарка и активистка Маргарет Атвуд. На официјалната прес-конференција посветена на Атвуд, таа истакна дека е многу значајно што во Република Македонија се посветува многу внимание за поезијата и дека во…

повеќе...

Засадено дрвце во паркот на поезијата во Струга во чест на годинешниот лауреат на СВП

Денеска во Паркот на поезијата во Струга беше засадено дрвце, во чест на добитникот на „Златниот венец“ на 55то јубилејно издание на Струшките вечери на поезијата 2016, канадската поетеса Маргарет Атвуд. Престижната награда „Златен венец“ на Марагрет Атвуд ќе и биде врачена утре на традиционалното поетско читање „Мостови“.

повеќе...

Почина Ив Бонфоа, еден од најзначајните современи светски поети

Струшките вечери на поезијата со жалење ја примија веста дека вчера, на 1 јули, почина еден од најзначајните француски и современи светски поети, Ив Бонфоа, кој во 1999 година за неговото исклучително поетско творештво беше награден со „Златен венец“. Ив Бонфоа е роден на 24 јуни 1923 година во Typ, Ендр-е-Лоар. Татко му бил железничарски службеник, а мајка му наставничка. Во родниот град ја завршил познатата математичко-филозофска гимназија „Декарт“, а потоа студирал математика и филозофија во Поатје и на Сорбона во Париз. Магистрирал под меиторство на Џин Вал и три…

повеќе...

Белгиската поетеса Руна Светликова е добитник на наградата „Мостови на Струга“ на СВП

Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата едногласно ја донесе одлуката за наградата „Мостови на Струга“, што ја доделуваат Струшките вечери на поезијата и УНЕСКО, во 2016 година да ѝ се додели на Руна Светликова, поетеса од Белгија, за нејзината дебитанска книга „Оваа мека бела соба“. Во образложението за наградата е потенцирано дека наградата „Мостови на Струга“ за најдобра дебитанска книга, што ја доделуваат Струшките вечери на поезијата и УНЕСКО, во изминатите години се избори за високо место меѓу поетските награди на светско ниво и стана една од најпосакуваните награди…

повеќе...

Канадската авторка Маргарет Етвуд добитник на Златниот венец на СВП за 2016

Канадската романсиерка, поетеса, книжевна критичарка и активистка Маргарет Етвуд е добитничка на наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2016 година. Одлуката била донесен аедногласно, а денеска на прес-конференција ја соопшти раководството на фестивалот. Етвуд е родена во 1939 во Отава. Нејзиното пишување главно се занимава со прашањата на феминизмот, кој таа го истражува низ различни жанрови. Позната е по своите романи, но еднакво е успешна и во поезијата. „Наградата на Етвуд и се доделува за исклучителниот придонес во поетската уметност со особениот творечки пристап во третирањето на…

повеќе...