Охриѓанка украла велосипед на бул. „Македонски просветители“

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.К. (41) од Охрид. На втори мај годинава, во времето од од 11:30 до 12:00 часот, со цел да се стекне со противправна имотна корист, пријавената на булеварот „Македонски просветители“ во близина на „Македонска Пошта“, забележала, а потоа и одзела женски велосипед марка „Drag glide” бела боја. Пријавената А.К. со извршување на казненото дело „кражба“ се стекнала со противправна имотна корист во висина околу 19.000,оо денари.

повеќе...

Приведен стружанец кај кого била пронајдена дрога

Вчера во периодот од 12:00 до 13:30 часот, со Наредба од Основен суд Струга, полициски службеници од ПС за ГН „Франгово“ извршиле претрес во домот на О.Д. (61) од Струга. При претресот во кујната бил пронајден керамички тањир со непозната бела прашкаста материја, една пластифицирана картичка со траги од непозната бела прашкаста материја, како и едно парче од најлонско ќесе со траги од непозната прашкаста материја. О.Д. бил приведен во ПС Струга за понатамошна постапка. Пронајдените предмети ќе бидат испратени на вештачење.

повеќе...

Жител од гостиварско Дебреште крадел низ Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторени 12 казнени дела „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Џ.И. (23) од гостиварското село Дебреште. Пријавениот, казнените дела ги сторил во текот на мај оваа година на подрачјето на Охрид. Користејќи подесен алат и прибор, но и физичка сила, Џ.И. успевал да влезе во менувачници, агенции за недвижности, земјоделски аптеки, во канцелариите на наплатните служби од Јавните претпријатија „Проаква“ и „Нискоградба“, во самопослуги, сувенирници, работилници и фризерски салони. Со извршувањето на казнените дела „тешка кражба“, пријавениот се стекнал со вкупна противправна…

повеќе...

Работник починал при изведување работи во каменолом

Вчера околу 15:00 часот во болницата „Св.Еразмо“ Охрид, бил донесен починат В.М. (61) од Струга. Тој бил вработен во фирма, кој изведувал работи во каменоломот на местото викано „Стрижак“ на планината Јабланица. Увид на местото на настанот извршила екипа на ПС Струга. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

повеќе...

Охриѓанец заработи кривична пријава поради загрозување на сигурноста при вршење семејно насилство

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување на сигурноста при вршење семејно насилство“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.С. (44) од Охрид. Пријавениот, казненото дело го сторил н шести минатиот месец во семејниот стан во кој живее заедно со неговиот 68 годишен татко. Во момент на караница и агресивно однесување, пријавениот, загрозувајќи го животот и сигурноста на неговиот татко, извадил алишта од плакарот, ги ставил сред соба и ги запалил. Потоа почнал да фрла разни предмети од покуќнината, скршил две прозорски стакла, при тоа упатувајќи сериозни…

повеќе...

Повредено едно лице во сообраќајка на патот Охрид – Свети Наум

На 17.06.2017 година во 17:40 часот на регионалниот пат Охрид-Свети Наум се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Голф“ со чешки регистарски ознаки, управувано од Н.П. (18) од Република Чешка и патничко возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И. (25) од Охрид. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Н.Б.(34) од Република Албанија, сопатник од возилото „Фолксваген Голф“. Истиот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во специјалната болница „Свети Еразмо“ каде му била укажана лекарска помош и бил пуштен на домашно лекување. Увид на…

повеќе...

Стружанец во дворот пронашол рачна бомба

На 17.06.2017 година околу 10:30 часот во ПС Струга, В.Т. (53) од Струга пријавил дека на 15.06.2017 година во дворот од сопствената куќа пронашол една рачна бомба од непознато потекло. В.Т. ја предал експлозивната направа во ПС Струга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

повеќе...

Кривична пријава за две лица од Центар Жупа поради незаконит риболов

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „незаконит риболов“, полициската станица од Дебар поднесе привична пријава против С.И. (31) и И.О. (26), двајцата од селото Долгаш, општина Центар Жупа. Пријавените, казненото дело го сториле на четврти овој месец во 00.50 часот во водите на Дебарското езеро. Тие биле забележани во незаконит риболов од концесионерот на Дебарското езеро а потоа затекнати од полициските службеници. При извршената контрола, кај пријавените пронајдени се и одземени еден чамец марка „Интекс-Еxплорер 400“, една мрежа во должина од 400 метри и четири парчиња уловена…

повеќе...

Го испрскала сопругот со солна киселина

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против В.В. (43) од кичевското село Брждани. Пријавената, казненото дело го сторила на ден 29-ти мај оваа година при расправија со нејзиниот сопруг. Настанот се случил во семејната куќа во селото, околу 15 часот кога, поради одредени недоразбирања настанал вербален конфликт меѓу пријавената и нејзиниот сопруг. Во еден момент од меѓусебната караница, пријавената В.В. со солна киселина го испрскала сопругот во пределот на лицето. Истиот бил пренесен во општата болница во Кичево…

повеќе...

СВР Охрид поднесе кривична пријава за романски државјанин поради измама

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.Г. (30) од Романија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 07.04.2017 година околу 09.50 часот на ул.„Галичица“ во Охрид пријавениот го пресретнал Б.Т. (83) во с.Негорци, гевгелиско, лажно му се претставил дека доаѓа од Унгарија и дека вршел презентација на тенџериња и тави во Битола, по што, бесплатно, на оштетениот му дал комплет тенџериња и тави под изговор дека не можел да ги враќа предметите. Откако продолжиле со разговор на оштетениот му побарал да му позајми 550 евра за…

повеќе...