Она што градоначалникот Никола Бакрачески го вети пред јавноста во однос на финансиска, кадровска и техничка поддршка за надминување на последиците од невремето кое минативе денови ја погоди Македонија и скопскиот регион се исполнува. Групата од 40 вработени од охридските јавните претпријатија, „Нискоградба“, „Водовод“, „Градски Гробишта“, „Градски пазар“ и „Охридски комуналец“, којашто ја формира градоначалникот Бакрачески активно се вклучи во санирање на штетите од невремето. Охриѓани на терен максимално ќе бидат вклучени се додека има потреба од тоа. Изминатиов период Градоначалникот Бакрачески беше во постојана координација и контакти со претставници…
повеќе...Tag: помош
МНР: Повеќе држави и понудија помош на Македонија
До Република Македонија помош за справување со последиците од невремето во Скопско и во Тетовско досега понудиле бројни пријателски држави. Првите понуди за помош пристигнаа од државите од поширокото соседство како Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Турција и Хрватска, а понуда за помош се уште пристигнува, информираат од Министерството за надворешни работи. „Во моментов се работи на специфицирање на конкретните потреби на Република Македонија во справувањето со вонредно настанатата состојба, по што ќе биде и официјално побарана меѓународна помош“, посочија од МНР. Република Македонија, посочуваат од МНР, викендов…
повеќе...Општина Охрид со помош за настраданите во Скопје
Со 300. 000 денари парична помош, со човечки и технички ресурси кои и се на располагање Општина Охрид ќе го даде својот придонес за надминување на последиците од елементарната непогода која изминативе денови го зафати скопскиот регион понесувајќи човечки жртви и материјални штети. Градоначалникот Никола Бакрачески на денешната Вонредна Седница на Советот на град Охрид упатувајќи сочувство до семејствата на настраданите и заблагодарувајќи се на Советниците кои позитивно одговориле на повикот за вонредно заседавање истакна дека предвидената помош е првична. На барање на градоначалникот утрово заседаваше и комисијата за финансии…
повеќе...Парична помош од Оштина Охрид по поплавите во скопскиот регион
На барање на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, а по повод невремето во Скопскиот регион кое однесе човечки жртви и големи материјални штети, претпладнево заседаваше Комисијата за финансии при Советот на Општина Охрид која донесе одлука да даде парична помош од 300. 000 денари до Општина Гази Баба чија територија имаше најголеми штети од елементарната непогода. Граѓаните на Охрид преку органите на општината, Градоначалникот и Советот сакаат уште еднаш да ја изразат својата солидарност и хуманост и да упатат сочувство до семејствата на несреќно загинатите лица. Воедно на Вонредната Седница…
повеќе...Борбата за нови работни места продолжува – Започна караванот „Македонија вработува 2“
Борбата за нови работни места продолжува. Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски денеска беа во посета на Куманово, каде го означија почетокот на караванот „Македонија вработува 2“. Борбата за нои работни места продолжува. Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и директорот на Агенцијата за врабвотување на Република Македонија Влатко Поповски денеска беа во посета на Куманово, каде го означија почетокот на караванот „Македонија вработува 2“. „Иако е лето напорно работиме и продолжуваме со реализација на…
повеќе...Во Охрид се одржаа обуки за спасување на вода и прва помош од операција Флориан
Петдневната обука за спасување на вода и прва помош која од 27ми јуни во организација на Црвен крст Охрид и во соработка со инструктори за безбедност на вода и прва помош од Операција Флориан, Манчестер, Англија се реализираше за припадниците на Граничната (езерска) полиција и членовите на Единицата за спасување на вода и Единицата за спасување на планина и непристапни терени при Црвен крст Охрид, денеска заврши со реализација на показна вежба на спасување на давеници од превртен чамец и педалинка од водите на Охридското езеро кај „старото пристаниште“. И…
повеќе...Утре ќе биде реализирана вежба „Гаснење пожар на брод и спасување давеници од вода“
Практична вежба „Гаснење пожар на брод и спасување давеници од вода“ ќе биде реализирана утре (25 јуни) во 12:00 часот на кеј „Македонија“, кај старото пристаниште. Предвидените активности од практичната вежба се организирани од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, а ќе ја реализираат претставници од Единицата за специјални задачи, СВР Охрид, езерската полиција, Капетанија на пристаништа, Територијалната против-пожарна единица Охрид, Општинскиот црвен крст-Охрид како и медицински екипи на Брза помош-Охрид. Целта на показната вежба е координација и меѓусебна соработка на стручните служби во спасување на загрозени лица и…
повеќе...Младите волонтери на Црвен крст изработуваа украсни предмети кои ќе се продаваат за хуманитарни цели
Неуморните волонтери на Црвен крст Охрид и вредните рачиња на децата со посебни способности од Охрид, децата од социјално загрозени семејства и децата од згрижувачки семејства, волонтерите од оригами клубот, на креативни работилници организирани овој викенд во Црвен крст Охрид, изработуваа декоративни, украсни предмети наменети за хуманитарни продажни изложби кои во текот на деновите пред и после велигденските празници ќе бидат организирани на јавни места во нашиот град. Целта е да се соберат средства за помош на ранливите категории. „Се поканувааат сите наши сограѓани, во празничните денови кои се пред нас,…
повеќе...Македонија доби хуманитарна помош од Бугарија за мигрантите кај Табановце
Министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски оствари средба со Анжелина Тотева началник на политичкиот кабинет на премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов во присуство на Н.Е Иван Петков, амбасадор на Република Бугарија во Република Македонија, и на Рајчо Жељазков советник за економски прашања во амбасадата на Република Бугарија во Македонија при што ја прими донацијата во хуманитарна помош од Бугарија наменета за мигрантите кај Табановце. Министерката Ташевска-Ременски срдечно се зблагодари за донацијата која е на иницијатива на бугарскиот премиер Бојко Борисов, а е во соработка со бугарскиот…
повеќе...Средношколците од „Ванчо Питошески“ се вклучија во активностите за помош на малиот Кирил
На иницијатива на ученичката заедница и младинската организација, денес, во ОУТУ „Ванчо Питошески“ се организираа хуманитарна акција за прибирање средства за помош на малиот Кирил Митрески. Учениците од ова училиште подготвија пирошки кои им беа понудени на вработените и учениците. Средствата кои се собраа од оваа хуманитарна акција ќе бидат уплатени на сметката за донации. Учениците му посакаа побрзо оздравување и среќно детство.
повеќе...