Помеѓу четврток и недела (27-30 Октомври 2016 година), во Струга ќе се одржи обука за деца правобранители од средните училишта од следните градови: Прилеп, Битола, Охрид, Струга, Гостивар вклучени во проектот„Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Република Македонија”. Македонија е потписник на Конвенцијата за правата на детето на Обединетите Нации од 1989 година. Но, колку во државата се почитува Конвенцијата и колку тие права се почитуваат во институциите каде децата се најприсутни – училишта? Согледувајќи ја препорака на Комитетот за правата на детето при Обединетите нации каде епотенцирана потребата да се подобри…
повеќе...Tag: правда
Во Охрид ќе се имплементира концептот за ресторативна правда
Претставници на Центарот за развој на локалната демократија и менаџерот на проектот „Поддршка на имплементацијата на концептот за ресторативна правда“ Гри Акре Телум, денеска имаа средба со заменик- градоначалникот Ангел Јанев. Гостите, информираа дека овој пилот проект, финансиран од Министерството за надворешни работи на Норвешка, а во соработка со Министерството за правда на Република Македонија, успешно е реализиран во општина Тетово. На средбата беше речено дека Норвешкото министерство за надворешни работи, во соработка со нивната национална служба за медијација, одлучило проектот за ресторативна правда (специфичен вид на медијација) да продолжи…
повеќе...Промовирана Збирката пресуди на ЕСЧП по членот 10 – слобода на изразување
Во Академијата за судии и јавни обвинители на Република Македонија беше промовирана публикацијата „Збирка на пресуди на Европскиот суд за човекови права, по членот 10 – слобода на изразување“. „Оваа двотомна публикација во која на безмалку 2.000 страници во превод на македонски јазик се содржани 70 пресуди и одлуки на Судот за човекови права во врска со членот 10 од Конвенцијата, претставува понатамошен чекор во приближување на судската пракса на Судот во Стразбур до домашните судии, особено оние кои постапуваат по предметите за клевета и навреда“, истакна на промоцијата на…
повеќе...Јанкулоска: Врз професионалното работење не влијае никаква политичка одлука
МВР постапува согласно закон и наредбите од надлежни институции. Во принцип не ги најавува полициските акции, нагласи министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска одговарајќи на новинарско прашање во врска со приведувањето на Паско Кузман, поранешен директор на Управата за заштита на културното богатство. „МВР кога ќе добие наредба од обвинителството, како што тоа беше во конкретниот случај, веднаш постапуваме без никакви консултации и информации. Тоа е практика на секое МВР во светот бидејќи само така ќе бидеме подготвени да одговориме во секој момент кога обвинителството од нас тоа ќе…
повеќе...Беџети се обрати на конференцијата за антикорупциска иницијатива на земјите од ЈИЕ во Загреб
Министерот за правда Блерим Беџети денеска се обрати на Регионалната конференција за антикорупциска иницијатива на земјите на Југоисточна Европа, што се одржува во Загреб, Република Хрватска. „Република Македонија секогаш се залагала и ќе продолжи да се залага за што поголема регионална соработка на полето на борбата со корупцијата и организираниот криминал од едноставна причина што овие феномени ги надминуваат границите на нашите држави и многу често добиваат регионална димензија“, рече Беџети и додаде дека тоа само по себе бара од државите и тие здружено да дејствуваат за да се постигне…
повеќе...Адвокатите треба да се фискализираат
Укинати адвокатските маркички Согласно Законот за престанување на важењето на Законот за адвокатски маркички („Службен весник на РМ“, бр.82 од 05.06.2013 година), од 13 јуни 2013 година се укинува обврската на адвокатите за користење на адвокатски маркички. Воведување и користење на фискален апарат Со укинувањето на примената на адвокатските маркички, од 13 јуни 2013 година за адвокатите отпочнуваат да важат обврските предвидени со Законот за регистрирање на готовинските плаќања: • Адвокати кои вршат промет на добра и промет на услуги за кој плаќањето не се извршува по банкарски пат, должни…
повеќе...Беџети: Македонија има ефикасен систем на извршување
Во Република Македонија постои ефикасен систем на извршување. Околу 58 проценти од извршните предмети се завршени во период од три месеци по поднесувањето на барањето за извршување, истакна министерот за правда Блерим Беџети на семинар за извршители што се одржа во Драч. Обраќајќи се пред присутните, Беџети рече дека процентот на реализација е зголемен во однос на реализацијата на извршување од страна на судовите, а времетраењето на спроведување на извршувањето е повеќекратно намалено. Тој рече дека од досегашната примена на Законот за извршување може да се констатира дека системот на…
повеќе...Заштита на правните лица и подобра бизнис клима со измените на Кривичниот законик
Портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев на денешната прес-конференција истакна дека Владата на Република Македонија е стратешки насочена кон спроведување на континуирани реформи, мерки и активности чија цел е подобрување и унапредување на бизнис климата и деловното опкружување во нашата земја. Со цел обезбедување на поквалитетна заштита на интересите на правните лица, на друштвата и претпријатијата, и унапредување на правата на лицата во нив и акционерите, а со цел и поттикнување на акционерскиот активизам, Владата се одлучи да предложи дополнувања на Кривичниот законик, со кои што дополнувања се дава…
повеќе...Македонија со одлични постигнувања во исполнувањата на препораките на ГРЕКО
Македонија има одлични постигнувања во исполнувањата на препораките на Групата на држави против корупција на Советот на Европа – ГРЕКО. Од 44 препораки 35 се целосно имплементирани, шест делумно, а само три не се имплементирани, изјави денеска на прес-конференцијата што се одржа во Министерството за правда членот на експертскиот тим на ГРЕКО за Република Македонија, Софи Меудал Лендерс. Делумно исполнетите и неисполнетите препораки, појасни Лендерс, се од третиот круг на евалуација на ГРЕКО и се однесуваат на инкриминациите и на транспарентноста во финансирањето на политичките партии. „Оваа рунда на евалуација…
повеќе...Адвокатите ќе се фискализираат, најави Ставрески
Владата го прифати барањето на Адвокатската комора и на адвокатите за ставање надвор од примена на Законот за адвокатски маркички, со што ќе се овозможи фискализација на адвокатските услуги. „Министерството за финансии на првата седница на Владата ќе предложи измена на Законот со цел да се стави вон сила и да се премине на вообичаениот систем на оданочување на услугите на адвокатите во делот на готовинските трансакции преку фискални апарати, а во делот на плаќањето преку жиро-сметка тоа ќе се биде вообичаено“, информираше денеска на прес-конференција вицепремиерот и министер за…
повеќе...