Постојаната работна група за регионален рурален развој (СВГ) утре во Ресен свечено ќе ги потпише договорите со грантистите од Вториот повик од АБД Грант шемата за прекуграничниот регион Преспа. Во рамки на овој настан ќе бидат потпишани вкупно десет договори со шест апликанти од Македонија и четири од Албанија со вкупна вредност од 64.729 евра. Грантовата шема беше спроведена од страна на Постојаната работна група за регионален рурален развој (СВГ) во рамки на проектот „Рурален развој преку интегрирано управување со шумските и водните ресурси“ кој се спроведува во соработка со…
повеќе...Tag: преспа
Посетете го Етнолошкиот музеј во Подмочани
Етнолошкиот музеј (сопственост на Јоне Ефтимовски) се наоѓа во преспанското село Подмочани и во него е сместена една од најбогатите етнолошки колекции во Македонија. Во музејот е сместена ретка и импозантна колекција на над 2000 уметнички детали: прекрасни примероци на накит, оружје, стари монети и преку 160 различни Македонски национални носии од разни региони на Македонија.
повеќе...Пановски на Светскиот конгрес во Лима – Охрид/Преспа мора да се промовира и штити на светско ниво
Денес во Лима, Перу започна 4.Светски Конгрес на Биосферните резервати, еден од најголемите собири на светските стручни лица од областа на заштитата и одржливото управувањето на природното и културното наследство. За првпат на еден ваков светски настан ќе биде преставен Прекуграничниот биосферен резерват Охрид/Преспа како уникатна вредност преку презентацијата на Дејан Пановски од МЖСПП. Пановски беше дел од заедничкиот македонско-албански тим кој ја изработи номинацијата и издејствува прогласување на Регионот Охрид/Преспа како 13ти Прекуграничен Биосферен резерват на УНЕСКО во светот во Јуни 2014 година. Пановски на Светскиот Конгрес ќе ги…
повеќе...Претседателот на СДСМ, Заев помеѓу земјоделците, производители на јаболко во Преспанско
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска е помеѓу граѓаните на Преспанскиот регион. Утрово, претседателот Заев се сретна со земјоделците, производители на јаболко. Во пресрет на Јаболкоберот, претседателот Заев симболично откина едно јаболко и им посака среќен Јаболкобер, добро здравје и добар пласман на земјоделските производи. Овоштарите се пожалија дека се манипулирани од страна на прекупци кои се продолжена рака на власта. Тие со поддршка на актуелната власт си поигруваат со трудот и маката на овоштарите. Се нудат банални, недостоинствени цени за трпезното јаболко, за индустриското да не говориме. Земјоделците не…
повеќе...Превентивна активност „Летен хепенинг 2015“
Утре на плажа во Претор на Преспанското езеро, Полициската Станица Ресен ќе реализира превентивна активност „Летен хепенинг 2015“. Активноста традиционално се спроведува секоја година за време на туристичката сезона во Преспа, а истата е дел од превентивниот проект на ПС Ресен „Безбедно на нашите плажи“, кој се реализира во партнерство со Локалната самоуправа Ресен, Црвениот Крст и бизнис заедницата. Целта на проектот и самата манифестација е заеднички, во партнерство со низа фактори од локалната заедница да се делува врз безбедноста на граѓаните и туристите кои ги посетуваат плажите во Преспа, со…
повеќе...Нови плажи на Преспанско Езеро до почетокот на сезоната
До средината на јуни годинава ќе бидат уредени две нови модерни плажи во должина од 600 метри кај населбите Стење и Сливница на брегот на Преспанското Езеро. Почетокот на градежните работи беше означен денеска кај Стење, во присуство на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и претставници на ресенската локална самоуправа. Во Стење се уредува 500 метри плажа, а на источниот брег во Сливница 100 метри. Инвестицијата изнесува 77 милиони денари и треба да придонесе за заживување на туризмот во препанскиот регион. Плажите ќе имаат многу содржини, игралишта за…
повеќе...Преспанските, струшките и охридските критични населени места добија електрична енергија
Велестово, Брајчино, Љубојно, Долно Дупени, Радожда, Долно и Горно Татеши и неколку други населени места во охридскиот, преспанскиот и струшкиор регион добија електрична енергија. Екипите на ЕВН Македонија во доцните ноќни и раните утрински часови ги отстранија дефектите на 35 кВ далекуводи. Сега се работи на санирање на помалите дефекти во ниско напонската мрежа. Екипите се сега стационитрани на три преостанати точки каде треба да се нормализира снабдувањето со електрична енергија. Се работи интензивно на потегот кај Пренков мост, Луково Поле и Жировница. Од утрово на терен во критичните места…
повеќе...Изаири: Прекуграничниот Биосферен резерват Охрид-Преспа е една од вредностите која денес му ја додаваме на светот
Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири на Р,Македонија иминистерот за животна средина на Р. Албанија Лефтер Кока во Корча, Република Албанија, се обратија на инаугурацијата на прекуграничниот биосферен резерват Охрид-Преспа, кога преставници од Националните Комисии на УНЕСКО им го предадоа Сертификатот за прогласување на Прекуграничниот резерват на преставниците на Билатералниот Комитет и Секретаријат, кои беа носители на активноста. На настанот присуствуваа и заменик премиерот на Република Албанија Нико Пелеши, и преставници на мисиите на Обединетите Нации, УНЕСКО и УНДП градоначалници и директори на Националните паркови. Истакнувајќи дека…
повеќе...Ќе се уредуваат плажите на Преспанско Езеро
Следната недела ќе почне уредување на вкупно 600 метри плажи на Преспанското Езеро. Ќе бидат опфатени плажите во населбите Сливница и Стење. Како што информираат од Министерството за транспорт и врски, проектите за уредување опфаќаат содржини кои се во согласност со највисоките туристички стандарди, со цел овие плажи да бидат атрактивни локации во текот на туристичката сезона. Предвидено е во рок од четири месеци да биде завршено уредувањето на плажите, со што ќе бидат подготвени за пречек на првите туристи во текот на следната туристичка сезона. Теренот на кој ќе…
повеќе...Охрид-Преспа регионот прогласен за прекуграничен биосферен резерват на УНЕСКО
На седницата на Меѓународниот Комитет на УНЕСКО која се одржува во Јонкопинг, Шведска, една од точките беше и прогласувањето на Охрид-Преспа за прекуграничен Биосферен резерват под УНЕСКО, кое прогласување беше едногласно од страна на членките на Комитетот. Носител на номинацијата беше Билатералниот Секретаријат за Охридско Езеро поддржан од МАБ комитетите, Министерствата за животна средина и Националните Комисии на УНЕСКО на Македонија и Албанија. Дејан Пановски од Билатералниот Секретаријат во обраќањето пред УНЕСКО МАБ комитетот истакна дека: „Создавањето на биосферен резерват е сублимат на сите постојни заштитени појаси во регионот и…
повеќе...