Програма по „Кембриџ“ од идната година и во средното образование

Примената на учебници по наставната програма од „Кембриџ“ за математика и за природни науки целосно заврши во основното образование, а од следната година проектот ќе продолжи и во прва година средно образование, соопшти денеска заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски. Заменик-министерот рече дека се завршени наставните планови и програми за учебници за 113 предмети за средно стручно образование кои досега недостигаа и дека за 40-тина дена ќе биде објавен повик. Тој истакна дека во следните три години, постепено ќе се менуваат учебниците и во средно стручно, кои ќе да…

повеќе...

Инфо ден: Креативна Европа, Хоризонт 2020, Европа за граѓаните и Еразмус+

Министерството за култура во соработка со Министерството за образование и наука, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и Секретаријатот за европски прашања денеска организираат инфо ден за програмите на Унијата: Креативна Европа, Европа за граѓаните, Хоризонт 2020 и Еразмус +. Дарко Димитров, директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност информира дека македонските граѓани и институции имаат право да аплицираат за овие програми и можат да учествуваат заедно со своите европски партнери. Додаде дека Европската комисија кон крајот на годината го објавува повикот за програмата „Еразмус…

повеќе...

Започнуваат уписите за Бреинобреин едукативната програмата

Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-Црвен крст Охрид започнува со уписи на нови деца од 4-14 годишна возраст заинтересирани да ја следат интернационалната Бреинобреин едукативна програма преку која ќе имаат можност да ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми. „Ги покануваме родителите со своите деца, да се уверат во уникатните, проверени и ефикасни техники и вештини имплементирани од високо професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени според меѓународните…

повеќе...

На 1ви јули во Охрид ќе стартува „Бело лето 2016“

По примерот на светските туристички центри на која градот практично ќе работи 24 часа на 01 Јули 2016 година, по четврти пат ќе се одржи Манифестацијата „БЕЛО ЛЕТО 2016”, a во рамки на истата предвидено е и одржување на Бела Ноќ. Манифестацијата е во организација на Општина Охрид – Сектор за туризам и ЛЕР. Во рамките на манифестацијата „БЕЛО ЛЕТО 2016” предвидена е следнава програма: – 19:00, Предворје на Света Софија – Концерт на Владимир Василески Четкар Секстет, – 21:00, Настап на перкусионистичка група KARANOS waterfall drums group од Воден,…

повеќе...

ИО „Пионер“ од Охрид дел од програмата „Зајакнување на младинското учество“

Сојузот на Извидници на Македонија имплементира програма „Зајакнување на младинското учество“ овозможена со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата за меѓународен развој на САД во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество. Реализацијата на оваа програма започна во Февруари 2015 и трае се до Јуни 2016 година, каде што младите ја имаат главната улога во креирањето на подобро општество и место на живеење. Во имплементирањето на оваа програма за зголемување на младинското учество во локалните заедници и подобрување на квалитетот на животот кај младите за подрачјето на Општина Охрид…

повеќе...

Со низа активности во Охрид ќе се одбележи Денот на планетата земја

Црвен крст Охрид ќе го одбележи 22 април, Денот на планетата земја со низа активности. Во соработка со ЈП „Охридски Комуналец“ на просторот пред седиштето на Црвениот крст децата што ја следат Бреинобреин програмата, заедно со возрасните волонтери од Програмата за грижа за стари лица ќе засадат садници кои ќе ја симболизираат поврзаноста на генерациите преку екологијата и хуманоста. Исто така, најмладите волонтери на Црвен крст Охрид ќе ги изразат своите размислувања и пораки за заштита и зачувување на здрава животна средина преку цртање на плочникот пред Црвен крст Охрид.…

повеќе...

Министерката Арсовска Томовска го отвори „Codefest 2016“

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска го отвори 4-от по ред „Codefest 2016“, што претставува технолошки настан во организација на Здружението за развој Стартап зона Охрид, кој ќе трае од 15-17 април. Арсовска Томовска истакна дека во изминатите години во Република Македонија е создаден добар екосистем кој опфаќа солидна информатичко-комуникациска инфраструктура, едуцирани и талентирани млади луѓе и растечка претприемачка култура, нагласувајќи дека одличната бизнис клима всушност е нашата предност како држава. „Со нашата растечка економија и лесен пристап до европските пазари, успешните пилот проекти можат брзо да…

повеќе...

Утре во Охрид официјално отворање на Codefest 2016

Утре во Охрид, официјално ќе биде отворен 4тиот по ред Codefest. Гости на официјалното отворање кои ќе имаат свои излагања покрај организаторите на настанот, ќе бидат Министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, и Rozandi Louw, програмска директорка на Швајцарската програма ИМЕ (Increasing Market Employabil Оваа година настанот се состои од три делови: еднодневна технолошка конференција Codeference, која се одржува утре (петок, 15.04) и на која ќе учестувааат истакнати имиња од повеќе странски и наши институции. Меѓу истакнатите предавачи и панелисти се вбројуваат Атанас Рајков, Генерален Менаџер за Viber за…

повеќе...

Прв студентски филмски фестивал – Филмоција во Охрид

Институтот за филм – Филмска Академија Охрид во периодот од 8ми до 10ти април 2016 година, го организира својот прв студентски филмски фестивал – Филмоција (Feelmotion) – чии активности ќе се одвиваат во просториите на академијата во Охрид. Овој настан предвидува разновидна и богата тридневна програма, вклучувајќи проекции на филмови, работилници и мини концерти. – Факултети кои ќе учествуваат со сопствени филмови и студенти ce: Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Есра и ФДУ – Скопје, Тетовскиот Универзитет и „Хасан Приштина“ од Косово. – Работилниците ќе бидат водени од продуцентите: Огнен Антов, Борис Дамовски, Атанас Георгиев и…

повеќе...

Ристовски: Позитивен извештајот на Кембриџ за примената на наставните програми

Од идната учебна година сите основци ќе учат математика и природни науки по адаптирани наставни програми од Меѓународниот центар за наставни програми на Универзитетот Кембриџ. Проектот почна пред три години и засега програмите се применуваат од прво до шесто, а од септември ќе бидат воведени во седмо, осмо и деветто одделение. Со тоа, адаптираните наставни програми по овие предмети ќе го опфатат целото основно образование. Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска на прес-конференција зборуваше за позитивните резултати од досегашната примена на наставните програми по Кембриџ, кои се објавени…

повеќе...