Промоција на книгата „Македонски раритети, раритетни Македонци“ од Ангелина Маркус

Во градската библиотека „Григор Прличев“ утре ќе биде промовирана книгата „Македонски раритети, раритетни Македонци“ од Ангелина Маркус. Промотор на книгата ќе биде Тоде Илиевски. Промоцијата ќе се одржи утре (четврток), во 12 часот, во Прличевата одаја при НУ Бибилиотека „Григор Прличев“ – Охрид.

повеќе...

Охрид презентиран на Саемот во Солун

Туристичкиот производ на Охридскиот регион, беше, презентиран на саемот за ребрендирање на туристичките дестинации кој што се одржа во Солун, Грција. На саемот свое учество зедоа агенции и организации од цела Југоисточна Европа. Исто така на конференцијата беа презентирани туристичките производи на Србија, Бугарија, Македонија, Турција. Целта е да се изработи една заедничка понуда или заеднички производ, како комбинација од регионални дестинации, која ќе биде атрактивна за туристите од целиот свет. Ребрендирањето на сет од туристички центри кои сами по себе имаат уникатни атракции, пак би биле привлечни и би…

повеќе...

Романците најзаинтересирани за зимски туризам

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) на Република Македонија ја претставува туристичката понуда на земјава на есенското издание на саемот за туризам во Букурешт, Романија (Romexpo, 17-20 Ноември, 2016). На саемот во Романија кој е специјализиран за промоција на дестинациите и директна продажба на туристички пакети има 223 излагачи кои својата понуда ја презентираат по 36-ти пат на овој саем. Посетителите и тур операторите од Романија покажуваат голем интерес за Македонија како туристичка дестинација поради фактот близината на двете земји, а преференцата на романските туристи е во насока…

повеќе...

Агенцијата за туризам со низа активности за време на саемот за туризам во Лондон, Англија

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) на Република Македонија ја претстави туристичката понуда на Република Македонија на најголемиот саем за туризам во Лондон, Англија (World Travel Market – WTM London 2016) кој се оддржа во период од 7-ми до 9-ти Ноември 2016. На саемот ориентиран кон бизнис заедницата, својата понуда ја претставија 50.000 компани, организаи, институции, медиуми и инвестори каде АППТ оствари бројни на состаноци со британски туроператори како што се: Thomas Cook, Flight Center Business Travel, Darrel James Travel, Gem Travel, Reliance Tours, Your Holiday Booking, Euro…

повеќе...

Промоција на проектот „Звучна библиотека 1, 2, 3“

Утре, во прличевата одаја при НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид, со почеток во 12:00 часот, ќе биде промовиран проектот „Звучна библиотека 1, 2, 3“. За проектот ќе говорат директорката на охридската библиотека Александра Белевска и носителот на проектот Елена Долоска. Промотор на проектот ќе биде Милчо Јованоски, а наратори се Елена Долоска и Сузана Стојкоска.

повеќе...

Утре ќе биде промовирана стихозбирката „Некаде помеѓу“ од Искра Пенева

Во „Прличевата одаја“ при НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид утре (среда) ќе се одржи промоција на стихозбирката „НЕКАДЕ ПОМЕЃУ“ од српската и македонската поетеса Искра Пенева, која е носител на наградата „Стојан Христов“ на СВП 2016 год. Покрај избраните песни ќе има и проекција на 3 поетски видеа, чиј автор е Искра Пенева. Искра Пенева е родена во 1980 година во Белград каде што живее и работи. Дипломирала на Математичкиот факултет во Белград. Автор е на четири стихозбирки. Член е на Здружението на писателите на Србија.

повеќе...

Охрид е во топ 10 најдобри туристички дестинации за 2017 година

Охрид на петто место од 10 за најдобар град за патување во светот за 2017 година, прогласен од најсилниот бренд во туризмот со масивна публика низ целиот свет – Lonely Planet. Како што соопштија од Агенција за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија Охрид е дел од публикацијата Best in Travel 2017, принтана едиција, која претставува основа за љубителите на патувањето повеќе од 40 години. „Респектираниот водич, кој е најсилен бренд во оваа индустрија, се издава еднаш годишно, потенцирајќи ги дестинациите кои ќе бидат „најжешки” во годината што…

повеќе...

Традиционални македонски производи на Саем во Париз

Македонски ајвар, лутеница, макало, полнети гамби со сирење и други конзервирани производи од овошје и зеленчук произведени во Македонија се дел од палетата прехранбени производи што се презентираат на годинашното издание на Саемот „СИАЛ“ во Париз. Македонските производители од Македонската асоцијација на преработувачи на овошје и зеленчук (МАП) на саемот настапуваат под слоганот „Вкусот на Македонија“, а заедничкиот штанд е дизајниран во насока на препознатливост на Македонија како земја со вкусна храна, природни убавини, богата традиција и добра дестинација за започнување и развој на бизниси. Учеството на македонските производители го…

повеќе...

Заокружен проектот за превод на 1.000 стручни и научни книги и учебници

Нови десет наслови од проектот „Превод на стручни и научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија, денеска беа промовирани во Скопје со што се заокружи бројот од предвидените 1.000 наслови во рамки на проектот. Заради успешноста на едицијата, како што најави заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, проектот ќе продолжи со превод на уште 200 книги во наредните четири години, а за првите 50 од областа на педагошка…

повеќе...

За прв пат „Ноќ на виното” во Мешеишта

Здружението за промоција на Вино Редеш – Мешеишта, во рамките на своите активности годинава за прв пат ќе ја организира манифестацијата „Hoќ на виното“. Во рамките на манифестацијата ќе настапат познати естрадни ѕвезди, Eлена Велевска, Татијана Стефаноска и групата Маестрал бенд, проследена со дегустација на македонски вина и избор на најдобро вино од Мешеишта и регионот. Сите активности во програмата која е подготвена за оваа манифестација во основа има негување на културата, традицијата и обичаите, истакнување на лозаро-винската компонента и развојот на винскиот туризам и промоција на квалитетно вино кое…

повеќе...