Во Струга ќе се одржи работилница „Ефектите и предизвиците на политиката за рамномерен регионален развој“

Организациите Форум Центар за стратешки истражувања и документација од Скопје и Младински иницијативи за дијалог и соработка од Битола, организираат работилница на која ќе се направи јавна презентација на активностите на проектот „Алијанса за регионален развој“, поддржан од Европската унија преку програмата ЕИДХР2014-2015 и презентација на резултатите од базичното истражување за спроведувањето на политиката на рамномерен регионален развој. Настанот ќе се одржи во Хотел „Дрим“ – Струга на 23 февруари (четврток), со почеток во 12 часот. Во последниве десетина години донесени се Закон за рамномерен регионален развој и Стратегија зарегионален развој…

повеќе...

Потпишан договор за изработка на Просторен план за НП Пелистер

Министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети, директорот на Националниот Парк Пелистер, Амет Аџиу и директорот на Агенцијата за планирање на просторот, Љупчо Георгиевски, денеска, потпишаа договор за изработка на Просторен план за Националниот Парк Пелистер. Вкупната вредност за изработка на овој просторен план изнесува 3.665.320,00 денари, при што Министерството за животна средина и просторно планирање преку Годишната Програма за изработка на просторни планови за 2016 год. за таа цел има предвидено 900.000,00 ден. Останатите средства за реализација на целокупниот проект ќе се предвидат во Програмата за изработка…

повеќе...

Презентирана Стратегијата за развој на туризмот во Охрид (2016-2020)

Стратегијата за развој на туризмот во Охрид за периодот од 2016 до 2020 година, беше презентирана на третата прекугранична средба од регионалниот проект за Охридското Езеро, што пред два дена се одржа во Поградец во Албанија. Пред експертите од локалните и државните администрациии од Албанија и Македонија, секторите за туризам и локален економски развој, култура, заштита и одржлив развој на животната средина, стратегијата за развој на туризмот во Охрид, ја презентира Ѓоко Апостолов, раководител на Секторот за туризам и локален економски развој.

повеќе...

Груевски: Над 33 милиони евра за рурален развој во 2016

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска присуствуваше на работен состанок на тема: Разгледување на мерките и инструментите од програмата за рурален развој. Тој со претставници на Владата, градоначалници и директори од овој ресор говореше за активните мерки со кои им се помага на земјоделците, но и за сите оние планирани работи кои ќе бидат од голема корист за овие граѓани. Груевски потенцира дека програмата за рурален развој дава сериозни резултати, а со неа е постигнат значителен придонес и ефект. Оваа година во програмата за рурален развој ќе инвестираме 33,3 милиони…

повеќе...

Започна со реализација проектот „Курајчко средсело“

Деновиве започна со реализација проектот „Курајчко средсело“ со кој е предвидено до одредена висина рушење стариот руиниран објект поставување на нов кров, уредување на простор со скара и шанк кој ке служи за сите манифестации, како и зачувување на неговата автентичност (камен). Години наназад претставуваше голема опасност за случајните минувачи, посетителите на селото при одржување на било какви манифестации, секако и туристите кои го посетуваат Куратица во текот на целата година. Согласно Стратегијата за одржлив локален економски развој на Општина Охрид и стратешките цели во областа на туризмот, главна намена…

повеќе...

Дефинирани визијата и поединечните цели за туристички развој на Охрид

Во просториите на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, на 19 и 20 ноември 2015 година, се одржа дводневен работен состанок на Координативното тело за изработка на стратегија за туризам, иницијатива поддржана од ИМЕ-Програмата на SWISSCONTACT. На состанокот присуствуваа членовите на Координативното тело именувани од Општина Охрид, од Стопанската комора на Македонија, јавните претпријатија од регионот на Општина Охрид, институциите поврзани со туризмот и културното наследство, како и претставници на туристичко-угостителските објекти. Целта на овој состанок беше да се обединат на едно место сите активни чинители од сферата на…

повеќе...

Владата додели 42 милиони денари за 44 проекти за регионален развој

Вкупно 42 милиона денари за 44 проекти додели Владата на вториот јавен повик за рамномерен регионален развој. Како што соопшти денеска вицепремиерот Владимир Пешевски, проектите се доставени од центрите за развој на планските региони и од општините, а се разгледани и оценети по однапред утврдени критериуми од стручна комисија формирана во Министерството за локална самоуправа. Повикот беше организиран по ребалансот на Буџетот и распишан во септември годинава. Со реализација на двата повика годинава, со Програмата за рамномерен регионален развој, посочи Пешевски, од Буџетот на државата се финансирани вкупно 107 проекти…

повеќе...

Продолжува владината поддршка за производството на ориз

Владата ќе продолжи да го поддржува производството на ориз преку директните субвенции од 11.000 денари за хектар и од 15.000 денари за оние кои користат сертифициран семенски материјал, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанаство Михаил Цветков, отворајќи ја 4. Меѓународна манифестација на кочанскиот ориз во село Прибачево. Со несмалено темпо, додаде Цветков, продолжуваат и инвестициите во системите за наводнување. Целта е во наредните десет години преку планираните вложувања во рехабилитација на постоечките и изградбата на нови системи, да се вратат сегашните 4.600 хектари на површините на кои некогаш…

повеќе...

Претставници на АНТОР и новинари од Норвешка на информативно патување во Македонија

Претставници на АНТОР (Асоцијација на тур оператрори и туристички работници од Норвешка) и новинари од Норвешка се на неколку дневно информатино патување во Македонија. Во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и во соработка со економскиот промотор во Норвешка Марија Ковачевич, гостите ќе ги посетат атрактивните туристичките дестинации низ нашата земја, ќе се запознаат со културно-историските споменици, традиционалната македонска кујна, ќе го посетат винскиот регион и ќе се организира велосипедска тура низ Галичица, особено интерсна за Норвешките туристи како љубители на активностите во природа. Целокупното искуство од…

повеќе...

ФФМ ја претстави програмата за национална академија пред 54-те членки на УЕФА

Во Братислава, Словачка се одржува едукативна работилница за тренери, експерти од областa на едукативните тренерски процеси и технички менаџери на која учествуваат претставници од сите 54-ри членки на УЕФА. Фудбалската федерација на Македонија на 11-от УЕФА тренерски семинар ја претставуваат Зоран Стратев, координатор на младите национални тимови и фудбалската академија, Звонко Златановски, тренер во фудбалската академија, Марио Ѓурчиновски, член на УЕФА техничкиот комитет и Небојша Марковски, директор на центарот за едукација на ФФМ. „Создаваме иднина“ е слоганот на едукативниот семинар во Братислава, а главната тема на дискусиите и предавањата е…

повеќе...