На 6 мај (сабота) во с, Орман, со почеток во 12:30 часот, (дворно место од Вила Климент, на самиот влез во селото), Еколошкото друштво „Грашница“ ќе го одбележи Денот на реката Дрим 2017 со следната програма: 09:30 ч. Градско пристаниште, Почеток на еко-караван со теренски возила и упатување кон с. Косел 10:00 ч. – 12:15 ч. Посета на с. Косел, с. Вапила, с. Горно Лакочереј, с. Долно Лакочереј: јавни средби со жители од селата и дискусија на тема: Добри земјоделски практики за зачувување на сливот на реката Дрим во добра…
повеќе...Tag: река
Исчистено коритото на реката во Рача
Согласно програмата за чистење на реки и речни корита на ЈП „Охридски Комуналец”, покрај тековните работи на „Јавна хигиена”, ангажирани беа 3ца работници кои го исчистија коритото на реката во населбата Рача од најгорниот дел се до самото езеро. „Собрани беа 20тина вреќи на комунален отпад, пластични шишиња и зелен отпад, расфрлани во коритото од околните куќи.“- велат од претпријатието.
повеќе...Заврши расчистувањето кај Грашница
Како што Локалната самоуправа најави изминатата недела за преземање активности за расчистување на шутот и трњата кај реката Грашница, завршија денес. Деновиве се очекува да започне наредната фаза со која ќе се оплемени и уреди целокупниот простор, по што овој дел ќе добие еден сосема нов лик. Низ овај предел предвидено е да поминува пешачката патека која се протега од Канео преку Лабино па се до Воска и Даљан. Со уредувањето на овој простор, охриѓани и туристите ќе добијат уште едно место каде ќе можат да се рекреираат, релаксираат и…
повеќе...Се уредува просторот кај реката Грашница
Просторот кај реката Грашница, кој долго време беше запуштен и обраснат со трња се уредува. По налог на Локалната самоуправа, денес, јавните претрпијатија во координирана акција започнаа со отстранување на шутот и трњата. Откако ќе завршат активностите за расчистување, ќе се продолжи со хортикултурно уредување на просторот. Оттука ќе поминува пешачката која што се протега од Кошишта по северната страна на калето кон Лабино и Канео, а од Лабино ќе води кон Воска и Даљан и кон извидничкиот центар. Со уредувањето на овој простор и со пешачката патека, градот добива…
повеќе...Депониран отпад во река Сушица
Утрово екипите на ЈП „Охридски Комуналец” од коритото на реката Сушица на пресекот на ул. „Ариф Мустафа” со бул. „Туристичка” извадија депониран отпад од несовесни граѓани (тросед, перници, ќебиња и комунален отпад). Од претпријатието ги осудуваат ваквите потези на несовесните граѓани и информираат дека граѓаните можат да се обратат во ЈП „Охридски Комуналец” за информации за подигнување на отпадот, а не да создаваат диви депонии.
повеќе...Дримската конференција – Одличен моментум за процесот на прекугранична соработка за управување со басенот на реката Дрим
На петтата годишнина од потпишувањето на Меморандумот за заедничка визија на Дримскиот басен и првата година од отпочнувањето на ГЕФ Дримскиот Проект, повеќе од 120 претставници се собраа во Приштина како индикатор на силен моментум за дримскиот процес во оваа година. Операционализацијата на ГЕФ Дримскиот проект и имплементацијата која во наредните 4 години тежи 5.5 милиони долари, овозможува критичен напредок на прекуграничната соработка за управување со дримскиот басен. Во духот на позитивниот моментум, заменик-министерот за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, Стево Темеловски, на отворањето на Конференцијата потенцираше:…
повеќе...Се чистеше река Сушица на пресекот со ул. „Железничка“
Деновиве со акцијата за расчистување на речните корита, екипите на ЈП „Охридски Комуналец” беа ангажирани на расчистување на коритото на река Сушица на пресекот со ул. „Железничка”. „Беа ангажирани 5 комунални работници за рачно чистење, а каде што пристапот беше потежок беше ангажирано специјално возило “ИЦБ” и “ФАП” за подигнување на извадените наноси од земја, зелен отпад, комунален отпад и вегетација кои беа отстранети од коритото.“– информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.
повеќе...Да не се фрла отпад во чистите речни корита и канали
Во тек е акцијата на Локалната самоуправа за чистење на речните корита и канали на територијата на Општина Охрид. Денес се работи на чистење на коритото на река Сушица по што ќе следи чистењето и проширувањето на река Коселска и нејзините дотеци. Надлежните служби апелираат до охриѓани да не фрлаат отпад и отпаден материјал во исчистените и проширени речни корита и канали затоа што во спротивно ќе следат соодветни законски санкции. Во чистењето се вклучени екипи и механизација на ЈП „Охридски комуналец“. За чистење на речните корита и канали согласно…
повеќе...Акции за заштита на рибите во ревирот река Црн Дрим 1
Во тек е мрестот на топловодните риби во река Црн Дрим. ЗРСК Пастрмка од Струга како концесионер на рибите во „риболовен ревир река Црн Дрим 1“ во тесна соработка со Државниот инспекторат за земјоделство од Охрид спроведуваат секојдневни акции за заштита на рибите кои се мрестат. Во споменатите акции запленети се повеќе од еден километар мрежи и друг недозволен риболовен алат: сертмиња, трокуки, харпуни и сл., затекнати се 12 лица како вршат недозволен риболов и против истите се покренати прекршочни постапки. Во една од акциите беше физички нападнат и овластениот рибочувар…
повеќе...СДСМ: АД Водостопанство најитно да обезбеди вода за наводнување во општина Дебрца
Општинската организација на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „До донесувањето на Законот за водостопанство, за наводнувањето на земјоделските површини на подрачјето на општина Дебрца се грижеа трите водни заедници: Водната заедница „Голема река“ – с.Велмеј, формирана за хидромелиоративна единица за подрачјето на КО-Велмеј, КО-Лешани и КО-Белчишта, Водната заедница „Сатеска“ – с.Мешеишта, формирана за хидромелиоративната единица за подрачјето на КО-Мешеишта и КО-Климештани и Водната заедница „Бел мост“ – с.Волино, формирана за хидромелиоративна единица за подрачјето на КО-Волино, а кои беа формирани согласно Законот за водните заедници. Овие подрачја за…
повеќе...