Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на денешната прес-конференција, најавувајќи го претстојното учество на Саемот на книгата во Франкфурт, истакна дека Република Македонија е меѓу ретките земји во светот која посветува исклучително внимание на издаваштвото. „Министерството за култура, со поддршка на Владата на РМ, во изминатиот период реализираше низа капитални проекти кои го унапредија книжевниот, творечкиот, преведувачкиот и издавачкиот амбиент во нашата држава. Исто така, редовно, преку годишните програми, издвојуваме големи средства за проектите на приватните издавачки куќи и од 2008 година досега се издадени над 4.000 книги и изданија на…
повеќе...Tag: саем
Македонската литература на светските саеми на книгата
Република Македонија е една од земјите во светот, која обрнува големо внимание во унапредувањето на книжевниот амбиент во земјава и континуираното присуство на светските настани од областа на книжевната дејност.Со поддршка на Министерството за култура годинава македонското книжевно творештво ќе биде претставено на меѓународните саеми на книгата во Франкфурт, Истанбул и на саемот во Гетеборг. Македонската литература оваа година за првпат ќе биде претставена на Саемот на книгата во Гетеборг, најголемата книжевна смотра во Скандинавија, што ќе се одржи од 25 до 28 септември. Комесар на македонското претставување е издавачката…
повеќе...Општина Охрид – град партнер на третиот меѓународен саем за вино и туризам „Жупа 2014“ во Александровац – Р.Србија
Во рамките на третиот Меѓународен саем за вино кој се одржа на втори и трети мај, во организација на Оштина Александровац, и оваа година Општина Охрид учествуваше како град партнер. На саемот Општина Охрид ja претстави богатата туристичка понуда, квалитетните вина на локалните винарии, како и дел од вкусните и мајсторски приготвени специјалитети на домашните производители на прехрамбени производи. Претставниците на Општина Охрид со претставници на Општина Александровац, разменаа Меморандум за соработка и партнерство, со цел поттикнување на меѓусебнатапромоција на туризмот и услугите како и унапредување на деловната соработка…
повеќе...ОУ „Живко Чинго“ присуствуваше на саемот во „Јахја Кемал“
Ученици од ОУ „Живко Чинго“, село Велгошти – Охрид, заедно со директорот Ѓоко Чингоски и наставниците од ова училиште денес присуствуваа на саемот за наука и култура кој што се одржа и беше организиран од страна на „Јахја Кемал“ колеџот од Струга. Училиштето „Живко Чинго“ присуствуваше со посебен штанд и единствен, каде беа претставени активностите на учениците преку разни експерименти и прикази од областа на географијата, физиката, хемијата, информатиката, техничкото и музичкото образование. Саемот беше збогатен со повеќе активности, а поканети беа сите основни и средни училишта од град Охрид. WebOhrid
повеќе...Започна Велигденскиот саем
За првпат оваа година во Охрид започна да се одржува Велигденски саем. На саемот учество зедоа повеќе фирми од Охрид, како и општинските основни училишта и факултетот за туризам и угостителство. Велигденскиот саем се организира во соработка на Локалната самоуправа, ЈП „Градски пазар“ и Црвениот Крст од Охрид и е од хуманитарен карактер. „Овој Велигденски саем има хуманитарен карактер. Сакаме да дадеме свој придонес за на луѓето од социјално загрозените категории да им помогнеме поубаво да ги прослават велигденските празници. Ние заедно со ЈП „Градски пазар“ и Црвениот крст, оваа…
повеќе...ЈП „Градски Пазар“ организира Велигденски саем
По повод велигденските празници ЈП „Градски Пазар“ утре (Велики Четврток) од 11:00 часот во Халата на ЈП „Градски Пазар“ организира Велигденски Саем. На саемот ќе бидат изложени на продажба козињаци, слатки и Велигденски декорации подготвени од ученици од Основните училишта и од охридските производители и уметници. Учениците од основните училишта ќе продаваат рачно изработени Вегигденски декорации, а собраните парични средства ќе бидат искористени во хуманитарни цели.
повеќе...Отворен 26-от меѓународен Саем на книгата
Под мотото „Саемот на книгата-саем за љубовта кон пишаниот збор“ синоќа во Метрополис арената свечено беше отворен 26-от меѓународен Саем на книгата … На отворањето на Саемот кој годинава се одржува под покровителство на Министерството за култура, автори, издавачи како и министерката Елизабета Канческа-Милевска оставија пораки посветени на љубовта кон пишаниот збор. Саемот за отворен го прогласи професорот и филозоф Ферид Мухиќ кој од името на творците нагласи дека книгата е вечна и ги надраснува сите цивилизации. Пред присутните се обрати и Горјан Лазаревски, претседател на Здружението на издавачи на…
повеќе...Ставрески: Годинава 365 милиони евра за градежни инфраструктурни проекти
Градежништвото минататата година оствари раст од 33 проценти и имаше значајна улога во растот на економијата во целост. За годинава од Буџетот се предвидени 365 милиони евра за реализација на инфраструктурни проекти. Ова го истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески прогласувајќи го за отворен 11. Меѓународен сам на градежништво, градежни материјали и градежна механизација и на 4. Саем на недвижности и инвестиции – RealExpo. Потенцира дека растот не е случаен и дека е поттикнат од низа мерки и активности и потези што ги прави и приватниот сектор и…
повеќе...Охрид претставен на Саемот за туризам во Белград
На 27 февруари, во Белград, Република Србија се отвори Саемот за туризам, на кој Општина Охрид, ја претстави својата туристичка понуда. Општина Охрид заедно со хотелско – угостителските субјекти се претстави на штандот од Агенцијата за туризам на Република Македонија. Градоначалникот Бакрачески, на коктелот организиран за новинарите и туристичките агенции, имаше поздравен говор преку кој ја промовираше туристичката понуда на Охрид, а потоа следуваше промоција на охридски специјалитети зачинети со старо градска музика од Охрид. Вечерва во ресторан „Ковач“ е организирана охридска вечер на која се поканети туристички агенции, медиуми…
повеќе...Охрид ќе биде презентиран на белградскиот туристички саем
Туристичките потенцијали на Охрид ќе бидат презентирани на Меѓународниот саем за туризам, кој од денеска до 2-ри март ќе се одржи во Белград, Република Србија. Во организација на Агенцијата за поддршка на развојот на туризмот и Секторот за туризам и локален економски развој од Охрид, на оваа најголема туристичка манифестација во Југоисточна Европа, учествуваат претставници на голем број познати охридски хотелско-угостителски брендови и туристички агенции. На отворањето на годинашниот Меѓународен туристички саем во Белград ќе присуствува и градоначалникот Никола Бакрачески. Во рамките на престојот во Белград, градоначалникот Бакрачески ќе има…
повеќе...