Обраќање на Претседателот на СДСМ, Зоран Заев „Македонијо, Без слободни избори нема слобода! Со месеци заедно се бориме за слободни и демократски избори. Да се врати основниот демократски принцип „еден човек-еден глас„. Да се врати правото за различно мислење. Договорот од Пржино беше потпишан тоа да се обезбеди. Никола Груевски постојано го рушеше Договорот од Пржино. Избирачкиот список не се прочистува. Медиумски реформи не се прифатени. Притисоците продолжуваат. За нас, зборот навистина е збор. Не се откажуваме од принципите на коишто инсистираме. Заедно со цела демократска јавност. Во име на…
повеќе...Tag: сдсм
Пендаровски: Мора да се обезбедат сите предуслoви за фер и демократски избори
Носителот за столбот Партнерства за демократска Македонија, Стево Пендаровски заедно со членот на Извршниот одбор на СДСМ, Ѓоко Танасоски и претседателот на Комисијата за здравство, Гоце Чакаровски, денеска беа помеѓу граѓаните на Кичево и кичевско. Ние не живееме, ние преживуваме, има голема разлика, ама на медиумите по нивна контрола тече мед и млеко. На власта не и е важно како живееме ние, важно им е што ќе кажат на телевизија, револтирано рече еден од граѓаните во Поположани. „Ете затоа Никола Груевски не сака реформи во медиумскиот простор. Се плаши од…
повеќе...СДСМ: Во кој дел од Изборната програма на градоначалникот на Дебрца стои дека планира да ја задолжува општината
Советничката група на СДСМ при Советот на општина Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „На денешното продолжение на 38-та седница Советот на општина Дебрца, на предлог на градоначалникот на општината, со гласовите на советниците на ВМРО-ДПМНЕ и независниот советник донесе одлука за долгорочно домашно задолжување на општината Дебрца во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги, со која се предвидува ново задолжување на општината, со 50.000 евра, за набавка на возило за собирање на комунален отпад. Како советничка група во советот на општина Дебрца, иако секогаш безрезервно…
повеќе...Лазаревска: Бакрачески и ДПМНЕ не реализираа ни 1% од приоритетните проекти што им ги ветија на охриѓани
„Никола Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ не се грижат за охриѓани и нивните потреби, туку исклучиво за бизнис интересите и тендер политиките бандата на Никола Груевски. Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ не реализираа ни 1% од приоритетните проекти што им ги ветија на охриѓани“, обвини денес на прес-конференција раководителот на Центарот за комуникации ОО СДСМ Охрид, советничката Жаклина Лазаревска. Како што кажа таа, во Охрид го нема ветениот затворен пазар, го нема ни домот за стари лица. „Наместо индустриска зона во Мауцхер, има голема депонија на која се складира градежен шут и ѓубриште од целиот град. Нема ни откупно-дистрибутивн центар…
повеќе...Заев со родители на деца со попречености: Доаѓаат промени за сите, се обврзуваме во Програмата
„Доаѓаат промени за сите. Децата со аутизам, со Даунов синдром, со сите видови попречености ќе добијат еднакви шанси за развој и придонес во општеството, како што тоа го заслужуваат сите граѓани на Република Македонија“. Оваа охрабрувачка порака ја испрати претседателот на СДСМ, Зоран Заев до мајките со кои се сретна, од Ресурсниот центар за помош и поддршка на родители на деца со пречки во развој и од здружението Вера за помош и поддршка на лица со Даунов синдром. Тој ги знае проблемите на лицата со попречености и нивните потреби, бидејки…
повеќе...Шекеринска: СДСМ ќе обезбеди 140 милиони евра поддршка за домашните мали и средни претпријатија
Охрид вчера беше домаќин на една од низата трибини коишто СДСМ ги започна низ цела Македонија со цел граѓаните да ги слушнат мерките од Програмата на СДСМ што се решение на проблемите и предизвиците со коишто се соочуваат. Во секој град, во секое населено место што ќе го посетиме се чувствува новата енергија. Се чувствуваат промените коишто доаѓаат во Македонија, вака заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска ја отвори синоќешната трибина пред преполната сала во Домот на културата во Охрид. Презентирајќи ги мерките од Програмата, заменик претседателката Шекеринска истакна…
повеќе...Шекеринска: Економијата и подобриот живот во фокусот на Програма на СДСМ
Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, денеска е помеѓу граѓаните на Охрид. Огромната поддршка за СДСМ изразена од граѓаните на непосредните средби ги најавува промените. „Го чекаме денот кога ќе дојдат вистинските промени. Вие сте нашата надеж за повисок стандард и подобар живот,“ велат граѓаните на Охрид. „Нашите мерки од програмата се решение за проблемите со коишто реално се соочуваат граѓаните. Затоа фокусот на Програмата на СДСМ е економијата и подобриот живот. Преку силна поддршка на домашните мали и средни претпријатија, од 20-50 милиони евра државна финансиска помош, ќе се…
повеќе...Шекеринска: Чист избирачки список и реформи во медиумите за фер избори
Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска денес оствари средби со граѓаните на Охрид и охридско. Во изјава за медиумите Шекеринска истакна: „Денес, Македонија се наоѓа во сериозна политичка, економска, државна криза која што е предизвикана од погрешните и криминални политики на ВМРО ДПМНЕ. Како резултат на таквите политики сите овие години, денеска како држава се соочуваме со огромен број на луѓе, стотици илјади, коишто заминуваат од државата. Се соочуваме со млади лица коишто се повеќе сакаат да заминат од Македонија. Се соочуваме со низок животен стандард, со медиумски мрак, со…
повеќе...Заев: СДСМ ќе биде пример за заштита на слободно изразена волја на граѓаните
Предизборните активности на сите политички партии се во финишот на својата подготовка, така и Социјалдемократскиот сојуз е во целосна подоготовка за изборите на 5-ти јуни, истакна денес на претседателот на СДСМ, Зоран Заев. „Ние сме подготвени за 5 јуни заради тоа што сме убедени дека промените ќе се случат, согласно сите рејтинзи и целокупниот амбиент во Република Македонија. Но, секако учеството е единствено возможно на кредибилни, регуларни, фер и демократски избори. Остануваме до крај на браникот на она за коешто се залагаме и на она што го очекува цела македонска…
повеќе...Стојаноски: Се што во својот мандат вети Бакрачески, ништо не исполни
ОО на СДСМ Охрид, денес одржа прес-конференција, на која говореше, координаторот на советничката група на СДСМ Охрид Јован Стојаноски. „Недомаќинското и неодговорно работење на градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Бакрачески се повеќе доаѓа до израз. Се што во својот мандат вети Бакрачески, ништо не исполни.Го нема ветениот Дом за стари лица, нема затворен Градски пазар, нема откупно-дистрибутивен центар за земјоделски производи, нема индустриска зона во Мауцхер. Индустриската зона Охрид – Струга, која спектакуларно беше отворена од Никола Груевски плива во вода. Нема нити домашни нити странски инвестиции во Охрид. Проектот за модернизација, проширување…
повеќе...