Дел од раководството на СДСМ во отсечено струшко: Ваква власт да не се повтори

Дел од раководството на СДСМ денес ги посети отсечените села во струшко. „Погрешните политики на власта секојдневно го земаат својот данок. Трошењето на буџетските средства во непродуктивни цели, како што се барокни фасади на МЕПСО, наместо во капитални проекти, како што е електро-енергетскиот систем, скапо чинеше илјадници наши сограѓани кои повеќе дена и тоа за време на новогодишните празници, на температура под нулата, останаа дома, без струја, без вода, во завеани и непроодни патишта. И додека власта на Никола Груевски ја префрлаше одговорноста и формираше Кризен Штаб, затоа што среде…

повеќе...

СДСМ: И во 2015 остануваме цврсто за враќање на демократските институции во Македонија

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, заедно со заменик претседателката Радмила Шекеринска и гереналниот секретар Оливер Спасовски денеска имаше работен состанок со претседателите во Централниот систем на комисии на СДСМ. И во 2015 година остануваме цврсто на ставот за враќање на демократските институции во земјава и посветени исклучиво на интересите на граѓаните на Република Македонија. Централниот систем на комисии, што го раководи претседателот Заев, направи осврт на сработеното изминатиот период и донесе едногласни заклучоци за интензивирање на теренските активности што се одвиваат во соработка со граѓаните, со цел изработка на максимално…

повеќе...

Новогодишна честитка на ОО СДСМ од Охрид

ОО на СДСМ Охрид упати новогодишна честитка до своите сограѓани. „Почитувани граѓани, Нека со заминување на 2014 година зад нас останат сите грижи , неправди , понижувања и сите намерни или ненамерни грешки кои беа направени во неа , а со доаѓање на Новата 2015 започне реализацијата на сите наши очекувања. Посакуваме Новата 2015 Година да биде поуспешна , побогата , подарежлива и исполнета со реализација на сите Ваши очекувања . Животот во Новата Година нека Ви биде исполнет со подобри моменти и најважно од се да сте здрави и…

повеќе...

СДСМ: Цели реони се без струја, власта се крие

СДСМ денес одржа прес-конференција, на која зборуваше Атанаско Тунески, член  на Комисијата за енергетика. Во целост ја пренесуваме изјавата : „Во темно, повеќе од 48 часа, се жителите на 10- на села во општина Могила. Струја од неделата нема во Ивањевци, Новоселани, Подино, Лознани, Свето Тодори, Трновци, Вашарејца, Ношпал. Струја нема и во Маврово Ростуше. Од сабајле има испади на далекуводите на МЕПСО кај Вруток Тетово. До Комисијата за енергетика на СДСМ синоќа стигна информација од Вевчани дека и таму жителите два дена се без струја. Луѓе стравуваат дека ќе…

повеќе...

СДСМ: Одговорноста за целата ситуација е на власта на Никола Груевски

ОО на СДСМ Охрид денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои: „Миле Јанакиески нека не ја префрла одговорноста само на Ј.П Македонија Пат за целата хаварија по патиштата што ги загрозува животите на граѓаните и го отежнува сообраќајот. Власта на Груевски е таа што ги задолжи граѓаните на Македонија за милионски камени фонтани, споменици и тркала, наместо да ги решава суштинските потреби. Затоа од првиот снег не се функционални голем дел од магистралните и регионалните патни правци, до малите улици. Миле Јанакиески и Гајур Кадриу заедно мора веднаш да…

повеќе...

СДСМ: Остануваме доследни на своите ставови, нема да се вратиме во собранието

СДСМ денес со соопштение до медимите дека остануваат доследни на своите ставови, дека нема да се вратат во собранието на Република Македонија. Во соопштението стои: „Се што се случува во Собранието изминатите 8 месеци, во врска со пратеничките мандати на опозицијата, не е во согласност со Уставот ниту законите на Р. Македонија. Пратениците од СДСМ и коалициските партнери поднесоа изјави за неприфаќање на мандатите, но мнозинството одлучи насилно да ги верификува. Потоа, пратениците од опозицијата доставија и оставки до Собранието на Р.Македонија коишто власта не ги констатира со месеци. Опозицијата останува…

повеќе...

Претседателот на СДСМ Заев со честитка по повод Католички божик

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во свое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз, по повод Бадник и големиот празник Рожденство Христово Божик, упати честитка до Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, Д-р Киро Стојанов и до сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија. „До Вас лично и до сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија, во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз, упатувам срдечни честитки за денешниот голем ден Бадник и за утрешниот големиот христијански празник Рожденство Христово Божик. Ви посакувам добро здравје, благосостојба…

повеќе...

Претседателот на СДСМ Заев се сретна со извршниот директор на мрежата на Централно европската иницијатива за родови прашања

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, заменик претседателката Радмила Шекеринска и претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Цветанка Ласкова, денеска остварија средба со Соња Локар, извршен директор на мрежата на Централно европската иницијатива за родови прашања. На средбата за разменија мислења за политичката состојба во земјава и регионот. Родовата еднаквост, вклученоста на жените во активниот политички живот и едукацијата на жените се правци во кои треба да работи Македонија како земја која претендира да стане дел од Европската заедница, истакна Локар. Претседателот на СДСМ Зоран Заев посочи дека вклученоста на…

повеќе...

СДСМ: Власта на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски бега од соочување со граѓаните на Македонија

ОО на СДСМ Охрид денес испрати соопштение, во кое се вели: „Власта на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски бега од соочување со граѓаните на Република Македонија. Претставниците од владеачката партија, вчера не дојдоа на дебатата организирана од Младинскиот совет од Охрид на тема „Дали зголемената урбанизација го уништува Охридското Езеро“, на којашто беа поканети пратениците од 5-тата изборна единица и советници. На дебатата присуствуваа голем број граѓани и граѓански здруженија, урбаните и месните заедници. Требаше да се дебатира, да се отворат заедничките проблеми и предложат решенија. Но, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и претставниците…

повеќе...