На 12 декември (понеделник) во Националната галерија на Македонија – објект Мала станица со почеток во 18:00 часот ќе биде отворена изложбата за проектот „Млади уметници“ од страна на директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и стручната комисија. Овој проект трета година по ред се имплементира од страна на Агенцијата за млади и спорт. Имено, во рамки на конкурсот пристигнаа 66 дела, а наградени се следните : – Тамара Антевска (СЛИКАРСТВО), – Симона Спирковска (СКУЛПТУРА), – Неслихан Сулејман (ГРАФИКА), – Јасмина Трпевска (ФОТОГРАФИЈА), – Драганчо Божинов (ГРАФИЧКИ…
повеќе...Tag: слики
Отворена изложба на унгарски уметници во Охрид
Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и амбасадорот на Унгарија во Република Македонија , Јозеф Бенце, денеска во ЦК „Григор Прличев “, свечено ја отворија изложбата на ликовни уметници Роми од Унгарија. Бројните љубители на ликовната уметност ги поздрави градоначалникот Никола Бакрачески кој укажа на важноста од организирањето на вакви настани кои се во насока на зајакнување на пријателските односи помеѓу двете земји, Македонија и Унгарија. „Ми причинува особена чест и задоволство што денеска сум меѓу Вас, на отворањето на ликовната изложба на доајените на ромската ликовна уметност од Унгарија, која…
повеќе...Во понеделник ќе биде отворена изложба на сликари Роми од Унгарија
Во организација на Општина Охрид и Амбасадата на Унгарија во Република Македонија, на 9ти мај(понеделник), во Центарот за култура „Григор Прличев“ во 14 часот, свечено ќе биде отворена изложба на ликовни уметници Роми од Унгарија. На изложбата ќе бидат поставени 28 слики од 19 ликовни уметници, а на отворањето се очекува да говорат унгарскиот амбасадор во Република Македонија Јозеф Бенце, Градоначалникот Никола Бакрачески, министерот Неждет Мустафа и директорот на Центарот за култура Горан Стојаноски.
повеќе...Конкурс за млади уметници 2015
Агенцијата за млади и спорт објавува Конкурс за изложбата Young art 2015 на која Агенцијата ги повикува сите млади визуелни уметници и групи да поднесат свои авторски дела, согласно со утврдените критериуми, кои ги содржат следниве точки: 1. Авторите да се на возраст од 15 до 29 години 2. Доставените дела да се од следниве дисциплини: · Сликарство (со димензии не поголеми од 200х200 см) · Скулптура (со димензии не поголеми од 200х200×200 см) · Графика (со димензии не поголеми 100х70) · Графички дизајн (плакат) · Фотографија (со димензии не…
повеќе...Пејзажи на Стефан Хаџи-Николов на Охридско лето
Во рамките на Фестивалот „Охридско лето” вечерва во 20 часот, во куќата на Робевци ќе биде отворена јубилејната 60-та по ред самостојна изложба на реномираниот Македонски сликар Стефан Хаџи-Николов. Хаџи-Николов кој за 6-ти пат самостојно се представува во Охрид ќе изложи 30 слики работени во техника масло на платно. Препознатлив по фигуративното сликарство на изложбата ќе бидат изложени 15 дела со фигуративна тематика како и 15 дела од циклусот „Пејзажи на душата”. Сликите се создавани во последните три години. Изложбата ќе биде отворена до 5-ти август.
повеќе...Прва самостојна изложба на охриѓанецот Тони Попов
На 10-ти јули со почеток во 20:00 часот, во Музеј Куќата на Робевци, свечено ќе биде отворена првата самостојна изложба на уметникот Тони Попов од Охрид, насловена „Дојди поблизу”. На изложбата која ќе биде отворена до 24 -ти јули(петок) ќе бидат поставени 20 дела. Инаку, Тони Попов е самоук сликар. Под влијание на реализмот и фото-реализмот, неговите слики раскажуваат приказни, задржувајќи се на одреден детал, давајќи му важност на секој момент од нашето секојдневие. Досега има учествувано на IFES Меѓународна Групна Изложба во Екс ан Прованс, Франција, групна изложба на Меѓународниот Балкански…
повеќе...Каталог за сликите во Музејот на македонската борба
Сликите во Музејот на македонската борба, кои ја претставуваат историјата на македонскиот народ и неговата борба за слобода, се претставени во публикација-каталог „Слики со историска тематика“ на проф. Владимир Величковски. Каталогот е заокружување на процесот на визуелизација на историјата на платна на кои се претставени масовни сцени, но и портрети на познати историски личности (револуционери и преродбеници). Во изданието авторот дава податоци за секоја слика, за уметникот што ја создал и за процесот на работа – од скица до завршено дело. Сликите во Музејот ги илустрираат клучните настани во македонската…
повеќе...Отворена изложбата „Охрид – Слики од минатото“
Во рамки на празнувањата посветени на Св. Климент Охридски -Патрон на градов, вечерва во изложбениот салон на МАНУ во куќата на Уранија свечено беше отворена изложбата на фотографии „ Охрид-слики од минатото“ , подготвена од истоимената Фејсбук група. Во име на градоначалникот Никола Бакрачески , присутните ги поздрави советникот во Совет на општина Охрид , Климе Шешоски. „Благодарение на развојот на социјалните мрежи, група вљубеници на стари фотографии од Охрид , на Фејбук ја формираа групата „ Охрид- слики од минатото“ . Со тоа на пошироката јавност и беше овозможено…
повеќе...Одржана работилница за презентација на дигитални сликовници и активности во ОУ „Григор Прличев“
Денес во ОУ „Григор Прличев“, се одржа работилница за презентација на дигитални сликовници и активности која е проект на УСАИД, „Со читање до лидерство“ во соработка со Фондација за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“. Целта на оваа работилница беше да се презентираат околу дваесеттина дигитални сликовници кои можат да се користат во наставата по повеќе предмети, особено во одделенска настава. Како да се користат дигиталните сликовници, кои покрај илустрации и текст имаат и аудио запис. Преку оваа работилница, користењето на сликовниците можат значително да се збогатат одредени наставни…
повеќе...Изложба на слики и скулптури во Центарот за култура
Во Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид, на 3-ти септември(среда), со почеток во 19.00 часот ќе биде отворена изложба на слики и скулптури направени од железо и камен на авторот Трајко Дурчовски.
повеќе...