Потпишана спогодба за заштита на посетители помеѓу Националните бироа за осигурување на Македонија и Словенија

Спогодбата за заштита на посетители, која денес беше потпишана во Скопје, меѓу Националното биро за осигурување на Македонија и Националното биро за осигурување на Словенија, им овозможува на возачите од двете држави побрз и поефикасен надомест на штета, во случај на евентуални сообраќајни незгоди. Со Спогодбата е предвидено оштетеното лице, кое претрпело штета на територијата на другата држава, по враќањето во матичната земја, да се обрати на своето Национално биро за осигурување, кое во соработка со Бирото на другата држава каде што се случила незгодата, ќе овозможи побрзо остварување на правото на…

повеќе...

Во Охрид ќе се одржи фестивалот „Словенија во Охрид 2017“

Во Охрид во периодот од 23 – 27 јуни, ќе се одржи фестивалот „Словенија во Охрид 2017“. Свеченото отворање на Фестивалот „Словенија во Охрид 2017 година“ ќе биде на 24.06.2017 година во 20 часот на летната сцена на Долни Сарај – Охрид. На отварањето ќе присуствува и свое обраќање ќе има Амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија Милан Јанзбец. Во 22 часот на сцената на Долни Сарај концерт ќе одржат Зоран Предин со најпознатата словенечка група Лачни Франs. Покрај тоа што ќе се изведуваат изведби на летната сцена на Долни…

повеќе...

Наставници од ОУ „Григор Прличев” во едукативна посета на ОУ „Песница” – Марибор, Р. Словенија

Во периодот од 14-18 март оваа година, наставници од ОУ „Григор Прличев”- Охрид, предводени од директорката Силвија Мојсовска го посетија ОУ „Песница” во градот Марибор, Р. Словенија. Оваа средба е од меѓународен карактер организирана од ОУ „Песница“ за соработка со училиштата ОУ „Григор Прличев”- Охрид, ОУ „Јован Поповиќ“- Белград и истоименото училиште од Крушевац, Република Србија. Во рамките на оваа едукативна посета, наставниците има можност да ги согледаат сличностите и разликите во воспитно- образовните процеси на двете земји. „Преку директна посета на часовите организирани од тамошниот наставно-стручен кадар, нашите наставници разменуваа…

повеќе...

Македонија на листа на туроператори од Словенија

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија за првпат се претстави на саемот за туризам во Љубљана, Словенија (NatourAlpeAdria) кој трае од 27-ми до 30-ти Јануари 2016 година, а се организира по 9-ти пат. Учеството на Македонија побуди голем интерес на тамошните тур-оператори и потенцијални туристи, но и словенските медиуми не останаа рамнодушни на македонската иницијатива за развој и промоција на туризмот на словенскиот пазар. „Го изразувам задоволството што после неколку години пауза, повторно учествуваме на саемот NatourAlpeAdria. Словенците ја перцепираат Македонија како пријателска земја од југот…

повеќе...

Претседателот на СДСМ Заев и „Вистината за Македонија“ во Словенија

На барање на угледниот Меѓународен институт за блискоисточни и балкански студии (IFIMES), во Љубљана, Словенија, претседателот на СДСМ, Зоран Заев ќе одржи предавање на тема Вистината за Македонија. Предавањето на Заев е во рамки на циклусот предавања “Западен Балкан и ЕУ“ што ги организира овој институт. Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (IFIMES) го најавува претседателот на СДСМ, Зоран Заев, како политичар во Македонија кој сака да обезбеди благосостојба за сите граѓани на Македонија, транспарентност и граѓански слободи. „Актуелната Влада во Македонија тоа не им го овозможи на граѓаните…

повеќе...

Во Охрид се отвори конзулатот на Р.Словенија во Р. Македонија

На пригодна свеченост на која присуствуваа градоначалникот Никола Бакрачески , амбасадорот на Р. Словенија во Р. Македонија ,Н.Е. Бранко Раковец, министри и заменици министри во Владата на Р. Македонија како и претставници од бизнис и политичкиот живот во државава, синоќа беше отворен конзулатот на Република Словенија во Охрид. Посакувајќи му успешна работа на Почесниот конзул на Р. Словенија во Р. Македонија,г-дин Шенол Ислам, градоначалникот Бакрачески поздравувајќи ги присутните се осврна на значењето од отворањето на вакви претставнички тела. „Големо е задоволството да се присуствува на овој свечен чин на отворањето…

повеќе...

Договор за полициска соработка меѓу Македонија и Словенија

Во текот на вчерашниот ден министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска оствари билатерална средба со министерката за внатрешни работи на Република Словенија м-р Весна Гјеркеш Жнидар, која беше искористена за потпишување на Договорот меѓу Владите на Република Македонија и Република Словенија за полициска соработка. Со склучувањето на Договорот за полициска соработка, двете Министерства за внатрешни работи дополнително ја зацврстуваат соработката во однос на спречување на опасност и осигурување јавна безбедност, во поглед на јавниот ред и сообраќајната безбедност, како и спречувањето, откривањето и спроведувањето на истраги за кривични дела,…

повеќе...

Претседателот Иванов се сретна со претседателот на Република Словенија, Борут Пахор, во Доха

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во Доха, Катар имаше неформална средба со Претседателот на Република Словенија, г. Борут Пахор. На средбата двајцата претседатели разговараа за продолжување на регионалната соработка и активностите во рамките на Брдо-Бриони процесот, состојбите во регионот, европските и евро-атланските интеграции на регионот и улогата на Словенија во процесот. Претседателот Иванов побара позасилен ангажман од Словенија, со цел да продолжи да дава поддршка за забрзување на евроатланските процеси, како клучен предуслов за трајна стабилност и просперитет на регионот. Двајцата претседатели оценија одлични билатерални односи и…

повеќе...

Претседателот на СДСМ Заев се сретна со амбасадорот на Словенија Бранко Раковец

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев придружуван од претседателката на Комисијата за европски прашања, Лидија Димова, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Словенија, Бранко Раковец. Недостатокот од демократија и слобода во Македонија, економските проблеми на земјата, назадувањето на Македонија на европскиот пат, беа теми на разговорот. Словенечкиот амбасадор посебно се интересираше за политичката состојба во земјава и посочи дека забелешките од последниот Извештај на Европската комисија што се однесуваат на загрозување на демократијата и слободата треба да бидат сериозно сфатени. „Враќањето на државата на нормален колосек е приоритет од којшто…

повеќе...

Студиска посета на полициски едукативни центри во Република Словенија

Програмската канцеларија на Советот на Европа во рамките на проектот „Јакнење на капацитетите на органите за спроведување на законот за соодветно постапување со задржани и осудени лица“, организираше студиска посета на вработени лица од Министерството за внатрешни работи. Претставниците на Министерството се задолжени за изготвување на наставни програми за основна и континуирана обука од областа на етичко однесување и почитување на човековите права при полициско постапување, како и употреба на средства за присилба и превенција на несоодветно постапување со задржани лица. При студискиот престој посетени се Полицискиот центар за обука…

повеќе...