На Бистра снег, на Шапка само дожд

Според последните информации од метеоролошките станици низ земјава, во северозападниот планински дел, на местата повисоки од 1100 м.н.в. има повремени врнежи од снег со слаб до умерен ннтензитет, јавува УХМР. Порталот skimacedonia.mk, пишува дека денес на Бистра снегот се појави дури до долната граница на ски центарот Маврово што е на околу 1.250 метри, наспроти тоа на Шапка сеуште дождот владее иако е сместена на 1.800 метри. Извор: Нет Прес

повеќе...

Утре дожд и снег

Врнежи од дожд и над 50 литри на метар квадратен на одредени места и повремен снег на највисоките планински врвови, најавува за утре Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Врнежите од дожд утре ќе започнат од раните утрински часови во јужните и западните делови. Во претпладневните часови ќе се прошират насекаде и претежно ќе бидат со умерен интензитет, што ќе придонесе вкупната количина на наврнат воден талог на места да биде над 50 литри на метар квадратен. Не е исклучено на највисоките планински врвови да има и повремен снег. Ќе дува…

повеќе...

Зимски температури и снег кон крајот на ноември

Македонија од утре ќе биде под влијание на влажна воздушна маса. Ни следат дождливи денови и благ пад на температурата, меѓутоа поголемо заладување и прв снег метеоролозите најавуваат дури за крајот на месец ноември. Долгорочните прогнози велат дека токму кон крајот на идниот месец ќе се јават првите услови за провејување на снег во котлините – поточно снег е најавен за 26-ти ноември. Сепак треба да се има предвид дека станува збор за долгорочна прогноза која не може да даде прецизни предвидувања. На фотографијата е прикажана временската прогноза за месец…

повеќе...

Снег на Попова Шапка, Маврово и Стража

Сообраќајот на патниот правец Катланово – Велес од 21:45 часот е нормализиран. Завршено е со расчистување на одронот. Поради внимателност, во должина од 500 метри сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Поставена е дополнителна сообраќајна и светлосна сигнализација. Поради врнежи од снег, од 20:15 часот, на патниот правец Р1202 од Мавровска крстосница„ Маврови Анови -Дебар и обратно, воведена е забрана за тешки товарни возила. Од 20:35 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Стража. Поради свлечиште на патниот правец А3 Прилеп-Ресен, на обиколницата…

повеќе...

Облачно време со повремени врнежи од дожд и снег

Времето денес во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините снег. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Се очекува, во вечерните часови врнежите од дожд да преминат во снег и на пониските места во западните и северните делови. Облачно и студено со повремени врнежи претежно од снег ќе биде и во наредните два дена. Од четврток следува период на стабилно време, со ниски утрински температури, а дневните ќе бележат значителен пораст.

повеќе...

Забрана за движење на тешки товарни возила на Стража и Пресека

Поради врнежи од снег забрана за движење на тешки товарни возила има на планинските премини Стража и Пресека, додека на патниот правец Тетово – Попова Шапка има забрана за тешки товарни возила и автобуси. Од 17:00 часот патниот правец Р1202 од Мавровска крстосница Маврови Анови – Дебар и обратно, поради врнежи од снег сообраќајот е оспособен за патнички моторни возила, но во отежнати услови, додека забраната за движење на тешки товарни возила сеуште важи. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.

повеќе...

Македонија на удар на циклонот Викторија, ќе врне дожд и снег

Македонија денеска ќе биде на удар на циклонот Викторија. Не очекува променливо облачно попладне со повремени врнежи од дожд, а на планините снег. Доцна попладне на повеќе места врнежите ќе се интензивираат па наместа ќе наврнат над 30 л/м2, особено во западните и јужните предели. На планините ќе се формира нова снежна покривка, наместа и над 20 цм нов снег. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од 5 до 12 степени. Извор: Нет Прес

повеќе...

Утре суво и потопло, во недела дожд и снег

Во Македонија утре се очекува стабилно, суво и потопло време. Во недела и во понеделник под влијание влажен бран од Медитеранот ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, а на некои повисоки места од дожд и снег, соопшти УХМР. Особено обилни врнежи се очекуваат во западите и јужните делови од земјата каде на повеќе мета ќе наврнат над 30 л/м2. Врнежите ќе продолжат и во понеделник. Од втората половина на наредната недела се очекува стабилизирање и затоплување на времето. Според агрометеоролозите, временските услови и…

повеќе...

Не очекуваат врнежи од дожд и снег

Времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се движи од минус шест до еден, а дневната од осум до 15 степени. Во Охрид, времето денес ќе биде сончево и потопло, со максимална температура до 11 степени. Од утре, недела во попладневните часови следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, само на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Врнежите ќе бидат со променлив, а во понеделник во западните и јужните делови со обилен интензитет.

повеќе...