Груевски и Вучиќ телефонски разговарале за состојбата со напливот на мигранти

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски оствари телефонски разговор со претседателот на Владата на Република Србија, Александар Вучиќ. Двата премиера разговараа за начините за справување со регионалниот предизвик на наплив на илегални мигранти. Тие разменија информации кои се во корист за поефикасно менаџирање на постојниот проблем, согласно расположливите капацитети на државите. Премиерите се договорија да продолжат активно да ја следат ситуацијата и да преземат мерки и активности за справување со настанатата ситуација.

повеќе...

Огнено крштевање на кадетска репрезентација во велосипедизам на Македонија за Илинден во Србија

Кристијан Ванчевски, Мартин Цветановски, Александар Филиповски, Даниел Мојсоски, Виктор Ванчевски, Јован Настов и Кристијан Максимовски со огромна желба и пожртвуваност не преставија на меѓународната трка во Белград. Најмладата екипа во Белград, составена од деца кои сеуште си “играат детски игри” покажа дека не се наивни учесници на оваа трка и добро го познаваат велосипедизмот. „Прва етапа, нервозни се малку децава, со селекторот ги спремаме за борба како “петлиња” го одржуваме андреналинот доста високо, сериозни задачи добија а богами и ги извршија, убаво е на срцето кога во чело на групата…

повеќе...

Јелена Карлеуша најавува жежок викенд во Охрид: Спектактуларно шоу на балканската дива

Откако ги наполни сите познати светски магазини и портали, најозборуваната српска пејачка викендов ќе ја подгрее и онака жешката атмосфера во Македонија. Карлеуша за првпат доаѓа во Охрид каде што утре петок (24.07) ќе одржи целовечерен концерт во дискотеката „Калео“ која важи за една од најголемите дискотеки во Македонија. Позната по својот ексцентричен стил таа најверојатно во Охрид ќе долета со приватен авион, а нејзиниот настап ќе биде вистинско шоу какво што само таа знае да направи: провокативни точки, секси костуми, „флерт“ со публиката. Заедно со Јелена доаѓа тимот кој се…

повеќе...

Србија: 24 жртви на грип, прогласена епидемија во неколку региони

Педесет и осум годишна жена од Нови пазар е 24-тата жртва на грип во Србија, пишуваат српските медиуми. Институтот за јавно здравје прогласи епидемија на грип во Шумадија, поради зголемениот број на заболени од грип. „Минатата недела во Шумадија се евидентирани 780 заболени од грип“, изјави директорот на Институтот Предраг Делиќ и наведе дека од октомври до денеска вкупно 8.780 граѓани имале проблеми со респираторните органи. Поради зголемениот број на заболени епидемија на грип е прогласена во три центри за јавно здравје, во Пожаревац, Ќуприја и Крагујевац. Засега нема услови…

повеќе...

Успешна промоција на Охрид во соседна Србија

Градоначалникот Никола Бакрачески, синоќа во ресторанот „Језеро“на Ада Циганлија во Белград се обрати на традиционалната Охридска вечер што Општина Охрид ја организира во рамки на годинешниот туристички саем кој од 19-ти до 22 –ри февруари се одржува во соседна Србија. Пред претставниците од дипломатскиот кор, познати личности од политичкиот и јавниот живот во Србија, хотелиери, угостители и тур-оператори од повеќе земји, градоначалникот Бакрачески ги презентира белезите на Охрид поради кој тој станал познат туристички бренд и секогаш привлечно туристичко место за гостите и посетителите од цел Свет. „Оние кои дошле…

повеќе...

Потпишана Спогодба за за утврдување на граничните процедури за железничкиот граничен премин Табановце – Прешево

Во рамките на денешната заедничка седница на Владите на Република Македонија и Република Србија оддржана во Скопје, министерот за транспорт и врски, г-дин Миле Јанакиески и Потпретседател на владата и министер за сообраќај, градежништво и инфраструктура, Зорана Михајловиќ ја поптшиаа спогодбата за утврдување на граничните процедури за железничкиот граничен премин Табановце – Прешево. Спогодбата има за цел поедноставување на извршувањето на граничните процедури и скратување на временскиот период на задржување на возовите на граничниот премин во железничкиот сообраќај. Оваа Спогодба ќе придонесе за скратување на времето на задржување на возовите…

повеќе...

Високо ниво на соработка во областа на одбраната помеѓу Македонија и Србија

Денес, на маргините на заедничката седница помеѓу владите на Република Македонија и Република Србија, министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, оствари тет-а-тет средба со неговиот српски колега, министерот Братислав Гашиќ. На средбата министрите го потенцираа високото ниво на соработка во областа на одбраната која постои помеѓу Република Македонија и Република Србија. Министерот Јолевски истакна дека заедничкото учество во Балканските медицински сили, обучувањето на воениот персонал и соработката помеѓу Воените академии на Македонија и Србија се само дел од областите во кои соработуваат двете земји и двете армии. Во…

повеќе...

Груевски-Вучиќ: Заедничката седница потврда за одличните односи

Одржувањето на втората заедничка седница на владите на Македонија и на Србија во Скопје, по првата одржана во Белград, е уште една потврда за континуитетот и одличната соработка помеѓу двете држави, која во целост кореспондира со стратегијата на Владата на Република Македонија за континуирано унапредување на добрососедските односи со државите од непосредното соседство. Ова го истакна премиерот Никола Груевски по денешната заедничка седница на двете влади, која главно беше во фокусот на економската соработка. Конструктивна и продуктивна заедничка седница на владите, заклучи тој, изразувајќи очекување 7-те договори кои денеска беа…

повеќе...

Претседателот Иванов се сретна со претседателот на Владата на Република Србија, Вучиќ

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денеска го прими г. Александар Вучиќ, претседател на Владата на Република Србија, кој престојува во официјална посета на Република Македонија, по повод одржувањето на втората Заедничка седница на Владите на Република Македонија и на Република Србија. Претседателот Иванов искажа задоволство од размената на меѓусебни посети, оценувајќи дека тоа претставува индикатор за интензитетот на политичкиот дијалог. „Контактите на највисоко ниво имаат посебно значење и даваат силен сигнал за натамошниот развој на пријателството и соработката меѓу нашите две држави. Заедничките седници на двете Влади се…

повеќе...

Македонија, Србија, Унгарија и Кина потпишаа договор за царинска соработка

Македонија, Србија, Унгарија и НР Кина потпишаа договор за заемна царинска соработка. Договорот го потпишаа денеска во рамки на Третиот состанок на шефовите на влади на Кина и на земјите од Централна и Источна Европа. Договорот предвидува царините на сите четири земји да соработуваат во делот на размена на информации и документи, како и да се признава царинењето и постапката од другите царини и да ја продлабочи соработката. Целта на документот е да се поддржи регионалната и меѓународната трговија и да се создаде позитивна клима за стопанствата и граѓаните за…

повеќе...