Граѓаните на Македонија, Србија и Црна Гора да имаат исти цени за користење роаминг услуги кога патуваат во земјите-членки на ЕУ. Тоа го побараа денеска ресорните министри на трите држави Иво Ивановски, Расим Љаиќ и Вуица Лазовиќ преку потпишување заедничко писмо до Европската комисија и Дирекцијата за комуникациски мрежи. „Постојано ги исполнуваме директивите и барањата на Европската унија и редно време е Унијата да ги испочитува нашите барања“, истакна по потпишувањето на документот во Скопје македонскиот министер за информатичко општество и администрација Иво Ивановски. Следен чекор, појасни, е од страна…
повеќе...Tag: србија
Општина Охрид-град партнер на вториот меѓународен саем за вино и туризам „Жупа 2013“ во Александровац
Во рамките на вториот меѓународен саем за вино кој се одржа на 7-ми и 8-ми јуни во организација на Оштина Александровац, и оваа година Општина Охрид учествуваше како проект партнер. На саемот Општина Охрид ја претстави богатата туристичка понуда, квалитетните вина на локалните винарии, како и дел од вкусните и мајсторски приготвени специјалитети на домашните производители на прехранбени производи. Претставниците на Општина Охрид со претставници на Општина Александровац, разменаа Меморандум за соработка и партнерство, со цел поттикнување на меѓусебната промоција на туризмот и услугите како и унапредување на деловната соработка…
повеќе...Делегација на охридскиот СОНК во работна посета на Србија
За време на викендот, на 7 и 8 јуни 2013 година, делегација на синдикални лидери од Охридскиот регион на СОНК отпатуваа во градот Лесковац, (Србија) на возвратно работна посета на српскиот синдикат за образование. Во регионалниот центар на Српскиот Синдикат за Образование беше потпишана Спогодба за соработка меѓу двата регионални синдиката , а со тоа и за соработка меѓу СОНК од македонска страна и СОС (Синдикат на Образованието на Србија) од српска страна. Охридските синдикални лидери срдечно и на високо официјално ниво беа пречекани во Лесковац каде имаа прилика да…
повеќе...Груевски-Дачиќ: Македонија и Србија ги исполнија условите за преговори со ЕУ
Македонија и Србија ги исполнуваат сите услови да добијат датум за преговори на јунскиот самит. Остануваат посветени на патот кон европските интеграции, оценија премиерите Никола Груевски и Ивица Дачиќ, на прес-конференција по денешната прва заедничка седница на владите на двете земји. „Сакаме да соработуваме на патот кон ЕУ. Сметаме дека дека и Македонија и Србија ги исполнија сите критериуми за почеток на преговорите за членство во ЕУ“, рече Дачиќ. Премиерот Груевски посочи дека двете држави се соочуваат со услови кои не им беа поставувани на другите земји, но, како што…
повеќе...Заедничка седница на македонската и српската влада во Белград
Во Белград во тек е заедничката седница на владите на Република Македонија и Република Србија, на чиј дневен ред се повеќе теми од взаемен интерес. Пред седницата, премиерите на двете земји, Никола Груевски и Ивица Дачиќ имаа тет-а-тет средба, а за попладнево е закажана и заедничка прес-конференција. Премиерот Груевски пред палатата „Србија“, каде српските власти ги одржуваат најзначајните настани и ги пречекуваат гостите од висок ранг, од својот колега Дачиќ беше пречекан со највисоки државни почести. Според агендата, претседателот на македонската Влада попладнево ќе се сретне и со српскиот претседател…
повеќе...Средба на министрите за надворешни работи на Македонија и Србија пред заедничката седница на владите
Пред одржувањето на првата заедничка седница на владите на Република Македонија и на Република Србија во Белград, министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски оствари билатерална срдба со неговиот хомолог Иван Мркиќ. Инаку, заедничката седница, која беше иницирана од македонска страна, преставува нов сегмент во севкупната комуникација помеѓу двете земји и е на линија на континуирано развивање на билатералните односи и соработка. Оваа иницијатива кореспондира со добрососедската политика која Владата на Република Македонија ја гради со сите земји од соседството. На средбата, двајцата министри се осврнаа на актуелните…
повеќе...Заедничка македонско-српска полициска вежба – „константно гонење“
Во изминативе неколку дена полициски службеници од различни организации при македонското и српското министерство за внатрешни работи реализираа заеднички вежбовни активности и на македонска и на српска територија под име “константно гонење“. Заедничката акција беше во согласност со Конвенцијата за полициска соработка во југоисточна Европа, а нејзина цел беше координирањето на оперативните активности на двете полицииските служби на двете министерства при бегство на извршители на кривични дела од едната на другата територија. Според сценариото на вежбата во ситуација на грабеж активностите беа насочени кон гонење на сторителите. Притоа во првиот…
повеќе...СОНК Охрид оствари меѓународна синдикална средба со Синдикатот за образование на Србија
Вчера, во хотелот “Денариус” во Охрид, претставници на Регионалниот Одбор на СОНК од Охрид остварија меѓународна синдикална средба со свои колеги –просветари и претставници на Синдикатот за образованиее на Србија (СОС). Во пријатна работна атмосфера и македонските и српските синдикални лидери ги презентираа своите активности и приоритети во поглед на правата на просветните работници, при што беа разменети различни и слични искуства на обата Синдиката. Најмногу се разговараше на темата комуницирањето со работодавците и ефектите од тие разговори и преговори. Со посебна жар и српските синдикални претставници зборуваа за екстерното…
повеќе...Делегација од меѓународниот саем за вино „Жупа“ во посета на Охрид
Градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески, денеска оствари работна средба со претставници на меѓународниот саем на вино Жупска Берба од Александровац, Република Србија. Делегацијата предводена од Г-динот Југослав Стајковец, директор на меѓународниот саем за вино, му ја честиташе функцијата на Градоначалникот Бакрачески со желба меѓусебната соработка помеѓу двата градови во иднина да се издигне на едно многу повисоко ниво. Градоначалникот на Охрид, Г-динот Бакрачески заблагодарувајки се на честитките го прифати ваквиот предлог со заеднички заклучок дека ваквите партнерски односи на меѓусебна соработка ќе ни овозможат бенефит во поголем број на…
повеќе...Претседателот на Собранието Вељаноски оствари средба со српскиот претседател Томислав Николиќ
Уште еднаш потврдени пријателските односи и заемната поддршка меѓу Република Македонија и Република Србија на денешната средба меѓу претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски и српскиот претседател, Томислав Николиќ. Меѓу темите на двајцата соговорници предвизиците со кои се соочуваат двете држави во пресрет на очекуваниот датум за почеток на преговорите со ЕУ, разговорите за спорот со името, но и црковниот спор меѓу Македонија и Србија и можностите за нивно надминување. Вељаноски и Николиќ изразија задоволство од интензивирањето на соработката и средбите меѓу македонски и српски претставници. Српскиот претседател…
повеќе...