Во декември издадени 333 одобренија за градење

Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2016 се издадени 333 одобренија за градење што е за 0.9% помалку во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7 433 793 илјади денари што е за 52.9% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 199 (59.8%) се наменети за објекти од високоградба, 39 (11.7%) за објекти од нискоградба и 95 (28.5%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 333 објекти,…

повеќе...

Македонија со ново најниско место на ФИФА рејтинг листата

Македонија се наоѓа на 165 место на најновата ФИФА рејтинг листа. Ова е нов најнизок „рекорд“ откако нашата фудбалска репрезентација забележа пад од -3 места. Сега Македонија го дели ова место со репрезентацијата на Косово. Нема промени на врвот од ФИФА рејтинг листата каде остануваат Аргентина, Бразил и Германија. Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Камерун со скок од +29 места се искачи на 33 место. Најголем пад забележа репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска од -13 места и се најде на 47 место. WebOhrid

повеќе...

Цените во угостителството без промени

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2017 година, во споредба со декември 2016 година, остана на исто ниво. Индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2017 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.4%.

повеќе...

Над 170 илјади земјоделски стопанства во Македонија

Во согласност со Регулативата на ЕК број 1166/2008, во јуни 2016 година Државниот завод за статистика го спроведе Структурното истражување за земјоделските стопанства. Структурното истражување за земјоделските стопанства е едно од основните статистички истражувања во областа на земјоделството кое се спроведува на секои три години и обезбедува споредливи податоци за земјоделските стопанства. Според податоците од истражувањето, вкупниот број на земјоделски стопанства во Република Македонија  изнесува 178 125. Просечно, едно земјоделско стопанство користи 1.8 хектари земјоделско земјиште и има 2.1  добиточни единици. Вкупното користено земјоделско земјиште од страна на земјоделските стопанства…

повеќе...

Во ноември 79,8 отсто од потрошената струја од домашно производство

Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2016 година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 695 934 МWh електрична енергија, 33.459 мил.нм3 природен гас, 464 200 тони јаглен и 97 561 тони нафтени продукти. Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 79.8% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 94.6% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.

повеќе...

ДЗС: Просечната нето плата во ноември изнесувала 22.380 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2016 година, во однос на ноември 2015 година, изнесува 101.8. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (10.5%), Уметност, забава и рекреација (8.0%) и Градежништво (7.3%). Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (5.1%), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа…

повеќе...

Непроменети цените на угостителските услуги

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во декември 2016 година, во споредба со ноември 2016 година, остана на исто ниво. Индексот на цените на угостителските услуги во декември 2016 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.4%. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – декември 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, е зголемен за 0.4%, додека во однос на декември 2015 година е зголемен за 0.2%.

повеќе...

Во Македонија има 1.205 основни и средни училишта

Според податоците на Државниот завод за статистика, добиени врз основа на пристигнатите извештаи во рамките на Пописот на училишниот простор на основните и средните училишта во Република Македонија, во 2016 година, бројот на основните и средните училишта изнесува 1 205. Од вкупниот број училишта, 89.5% се за основно образование, а 10.5% се за средно образование. Од овие училишта, најголем процент се редовни училишта (93.2% од основните училишта и 95.3% од средните училишта). Својата образовна дејност училиштата ја извршуваат во 1 342 училишни згради. Според годината на изградба/последна реконструкција, адаптација или санација,…

повеќе...

ДЗС: Во октомври 72,7 отсто од потрошената струја е од домашни извори

Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2016 година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 640 641 МWh електрична енергија, 23.424 мил.нм3 природен гас, 344 347 тони јаглен и 103 179 тони нафтени продукти. Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 72.7% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 93.1% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.

повеќе...

БДП со раст од 2,4 отсто во третото тримесечје

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот  производ (БДП) во третото тримесечје од 2016 година изнесува 2.4%.  Во третото тримесечје од 2016, најголем пораст е забележан во секторите: К и Л- Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 10,9%; Ѓ – Градежништво од 10,3%; и Ѕ –  Информации и комуникации од 5,6%.   Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од 2016 година, номинално расте за 5,3%, а нејзиното учество во…

повеќе...