Познати добитниците на стипендии

Познати добитниците на стипендии на конкурсот за стипендирање на редовни студенти и на талентирани ученици од основните и средните училишта на територија на општина Охрид, кој градоначалникот Никола Бакрачески го распиша претходниот месец. Добитниците на стипендии се повикуваат во рок од три работни дена, да дојдат во просториите на Одделението за образование при општина Охрид, да достават трансакциона сметка и да потпишат договор. Резултати ученички стипендии… Резултати студентски стипендии…

повеќе...

Аплицирање за Чивнинг стипендии за 2015/2016 година

Поттик за идните лидери во Македонија да аплицираат за престижната британска Чивнинг програма за стипендирање. Талентираните професионалци од разни области, како и државните и јавните службеници од Република Македонија имаат можност да аплицираат за стипендија во рамки на британската шема за стипендирање спонзорирана од британското Министерство за надворешни работи и Комонвелтот. Чивнинг стипендијата се доделува на талентирани лица кои имаат потенцијал за лидерство. Оваа стипендија нуди финансиска поддршка за магистерски студии на водечките универзитети во Обединетото Кралство за учебната година од септември 2015 година. Заинтересираните лица имаат можност за аплицирање…

повеќе...

Поддршка за инвестиции, повеќе стипендии за македонски студенти

Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, и членовите на владината делегација денеска (понеделник, 30.06.2014 година) во Токио, во рамките на официјалната посета на Јапонија, остварија средба со влијателни членови на јапонскиот Парламент кои ги предводеше г-дин Такао Макино кој ја врши и функцијата заменик министер за надворешни работи на Царството Јапонија. Двете страни изразија задоволство од политичките односи и изразија подготвеност за продлабочување на односите на полето на општествените сфери, образование и здравство. Беше истакната и подготвеност за унапредување на економските односи помеѓу двете земји. Двете страни…

повеќе...

Зголемување на квалитетот и стандардите во сите нивоа на образованието

Реконструкција во околу 200 училишта, изградба на десетици нови спортски сали и училишта и набавка на 300.000 таблет-компјутери со тастатура, најави мандатарот Никола Груевски во образованието, образложувајќи ја пред пратениците предлог-програмата на новата влада. „Ќе се продолжи со стипендирањето за студии на светски реномираните факултети и со реконструкција на постоечките и изградба на нови студентски домови и кампуси, како и опремување на кабинетите и училниците со најсовремена опрема“, истакна Груевски во експозето. Особен фокус во образовниот процес, посочи тој, ќе се стави на иновациите  и претрпиемништвото. Приоритети се и реформата…

повеќе...

Воведени стипендии за изучување старотурски јазик

Министерството за образование и наука од оваа година воведува нова категорија стипендии за додипломски и постдипломски студии наменети за изучување на старотурски јазик на некои од светските универзитети на кои има катедри за отомански студии. Како што информира на денешната прес-конференција министерот за образование и наука Спиро Ристовски, конкурост за стипендиите ќе биде објавен денеска на интернет страницата на Министерството и согласно програмите за студентски стандард и за научна истражувачка дејност на Министерството за академската 2014/2015 година, ќе бидат доделени 20 целосни стипендии кои покривт трошоци за уписнина, месечен паричен…

повеќе...

Ристовски: Шеесет стипендии за студии во Русија

Руската федерација доделува 60 стипендии за македонски студенти за додипломски, магистерски, специјалистички и докторски студии. Министерот за образование и наука Спиро Ристовски одговарајќи на новинарско прашање денеска на прес-конференција информира дека 44 од овие стипендии се за редовни додипломски, седум се за магистерски, осум за специјалистички, а една за докторски студии. „Станува збор за стипендии кои ќе се доделуваат во технички области, односно на техничките универзитети и факултети на Руската федерација, области на технолошко – металуршкиот развој, во кои се инвестира и унапредува во Република Македонија, како што се развојот…

повеќе...

Ќе се доделат 15 стипендии за изучување на старотурскиот јазик

Со одлука на Владата на Република Македонија, Министерството за образование и наука првпат ќе додели стипендии за додипломски и постдипломски студии за старотурски јазик на универзитети во Турција или во други земји кои имаат катедри за ориенталистика. Министерот Спиро Ристовски соопшти дека ќе бидат доделени 15 вакви стипнедии. Ги повика сите заинтересирани кои сакаат да изучуваат стар турски јазик да аплицираат и ако бидат примени ќе добијат целосна стипендија. Посочи дека Македонија има потреба од таков стручен кадар поради голем број стари документи и ретки ракописи кои ги има во…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески додели 47 договори за стипендии на основците, средношколците и студентите

На пригодна свеченост, денес во  големата сала при општина Охрид, градоначалникот Никола Бакрачески додели 47 договори на основците, средношколците и студентите кои врз основа на претходно распишани конкурс ги исполнуваа предусловите и  се добитници на  стипендии. Градоначалникот Бакрачески при врачувањето на договорите им посака понатамошен успех на добитниците, посочувајќи дека истите имаат мотивирачки карактер за нив во поглед на нижење нови успеси. „ По 1 500 денари за период од девет месеци Општина Охрид , ќе издвојува за 21 талентиран ученика од основното и за 15 ученици од средното образование.…

повеќе...

Известување за лицата корисници на стипендии од општина Охрид

Се известуваат лицата кои се корисници на стипендиите за основно, средно и високо образование, избрани по јавниот оглас што го распиша општина Охрид, дека во понеделник (17-ти февруари) треба да одат во Одделението за образование во Локалната самоуправа (кај Лиле Маркоска). Корисниците треба да достават трансакциска сметка и документ за идентификација. Малолетните корисници, доколку немаат своја, да достават трансакциска сметка на родителите или старателите.

повеќе...