Лажна дојава за експлозивна направа во автомобил во Струга

Нема експлозивна направа која може да предизвика општа опасност поставена во патничко моторно возило во Струга. Ова го констатираа стручни полициски тимови од анти-тероризам при СВР Охрид и полициски службеници од полициската станица во Струга, при денешните активности во Струга по добиена информација за можна поставена направа во патнички автомобил на улицата „Јово Стефаноски Риле“ во Струга. Во полициската станица во Струга, денес во 09 часот и 30 минути добиена е информација дека во патнички автомобил марка „Нисан Примера“ со бугарски регистарски ознаки, има направа која може да предизвика општа…

повеќе...

Здруженијата на Власите од Охрид и Струга ќе го одбележат Националниот Ден на Власите

Здруженијата на Власите од Охрид и Струга оваа година заеднички ќе го одбележат 23 мај – Националниот ден на Власите. 23 Мај е денот кога кога во 1905 година, турскиот султан Абдул Хамид Втори, за прв пати ги признал Власите како посебен народ, со право да се образуваат на својот мајчин јазик, да имаат право на одржување на богослужба на влашки јазик, да публикуваат книги и списанија на влашки јазик, да имаат свои инспектори по училиштата. Влашката заедница, кај нас е присутна со векови, и е тесно поврзана со целокупната историја на македонскиот народ. Власите во Македонија,…

повеќе...

Разбојништво во казино во Струга

Утрово околу 03:30 часот во Струга, на ул.„Кеј Борис Кидрич“ поточно во казино „Астра Клуб“од страна на две непознати маскирани лица од кои едниот вооружен со пиштол било извршено разбојништво и од вработената одзеле сума на пари од околу 520.000 денари по што го напуштиле местото на настанот. Извршен е увид од страна на увидна екипа од ПС-Струга. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

повеќе...

Организирани математички и научни активности во „Јахја Кемал“

Приватното основно училиште „Јахја Кемал“, денес организираше активност за учениците од V одделение, тестирање по предметот Математика и активност од Наука. На најуспешните ученици им беа доделени сертификати и награди. WebOhrid

повеќе...

Пролетна школа во Дримскиот Басен 2016

Од 7-13 Мај во Струга (а потоа и во други места во сливот) се одржа Пролетната школа за студенти кои потекнуваат и истражуваат во басенот на реката Дрим . Целта на оваа школа е студентите да ја запознаат фундаменталната важност на басенот на реката Дрим за екосистемот и севкупното живеење во Регионот. Преку различни активности студентите ќе се фокусираат на заштитата на биодиверзитотот, еколошката етика како и одржливиот развој. Тие ќе се информираат и за начинот на употреба и управувањето со водените ресурси . На школата предавање за активностите во…

повеќе...

Стружанец пријавил исчезнување на невенчаната сопруга и седуммесечно бебе

На 10ти мај во 22:15 часот во ПС-Струга, Е.Д. (47) од Делчево, а со привремен престој во Струга, пријавил дека истиот ден околу 17:15 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата невенчана сопруга В.Д. (36) од с.Радолишта, струшко, при што со неа го зела и нивното седуммесечно бебе. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

повеќе...

Фолклорната група при „Јахја Кемал“ дел од Фестивалот за јазици и култури во Германија

Фолклорната група од приватното средно и основно училиште „Јахја Кемал“ од Струга ќе учествува на Фестивалот за јазици и култури (IFLC) во Германија. Тие таму ќе престојуваат еден месец и ќе настапуваат во повеќе градови.

повеќе...

Ученичка од „Јахја Кемал“ освои второ место на натпреварот по англиски јазик организиран од ELTAM

Учениците од приватното средно и основно училиште „Јахја Кемал“ од Струга продолжуваат да нижат успеси. Овој пат, ученичката Софија Ставреска-III година, освои второ место на натпреварот по англиски јазик организиран од ELTAM (English Language Teaching Association Macedonia). Натпреварот се одржа во саботата ( 7ми мај) во Скопје. WebOhrid

повеќе...

Свечена литија – Еордија во Струга

Откако го прославивме светиот великомаченик Георгиј, според одамна востановената традиција во Струга, празнувањето продолжии ден потоа, на 07.05.2016 година. Празнувањето на Великиот Георгиј, започна во утринските часови, во храмот „Св. вмч. Георгиј“, со света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Никола Христоски, свештениците Васко Голабоски и Петре Бојчиноски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Христијан Костоски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодно слово, со кое ги поучи верните дека секој кој сака да…

повеќе...

Ден на ДРИМ: Сме создавале и создаваме – проклетството да се биде чекор пред времето

Прогласувањето на 5. Мај за Ден на реката Дрим е идеја и одлука на Дрим Кор Групата која како симболика ги има петте земји кои го делат Дримскиот Басен, но и петте прсти на една рака кои симболизираат заедништво и еден организам и координација. Овогодинешното одбележување се одржува во сите пет држави во ист ден како порака за цврста решеност за обезбедување на заштитата на водените ресурси и квалитетното управување со целокупниот слив. Сливот на реката Дрим е еден од најкомплексните организми и неговото заедничко управување е еден од најголемите…

повеќе...