Лауреатот на СВП, кинескиот поет Беи Дао пристигна во Струга

Добитникот на „Златниот венец“ на 54те Струшки вечери на поезијата кинескиот поет Беи Дао претпладнево пристигна во Струга. Беи Дао, кој во 2003 година беше учесник на Фестивалот, изрази задоволство што годинава учествува како лауреат на највисокото фестивалско признание, но и што ќе има повторно можност да се сретне со големи поетски имиња од целиот свет. „Дефинитивно наградата е многу важна за мене, но многу поважен е поетскиот фестивал кој продолжува да влијае и да ги оформува луѓето. Ова е еден од најстарите поетски фестивали во светот“, изјави Беи Дао…

повеќе...

Со работилница за деца и неделата на поетски и документарни филмови почнува неофицијалниот дел од 54. Струшки вечери на поезијата

Со работилница за деца „Како настанува книгата“ денеска почнува неофицијалниот, пред фестивалски дел од програмата на 54. Издание на фестивалот Струшки вечери на поезијата, чиј официјален дел ќе се одржи од 26-ти до 31-ви август во Струга. Во рамките на Фестивалската програма вечер ќе биде отворена неделата на поетски и документарни филмови посветени на поезијата, што ќе се реализира во соработка со Фестивалот на поетски филмови „Зебра“ од Берлин, Германија. Покрај изборот од неколку кратки поетски филмови вечерва ќе биде прикажан и документарниот филм „Звуците на Ариранг“ посветен на добитникот…

повеќе...

Над 40 поети од повеќе земји во светот ќе учествуваат на 54-то издание на СВП

Над 40 поети од повеќе од 25 земји во светот ќе учествуваат на 54. Струшки вечери на поезијата што од 26 до 31 август ќе се одржуваат во Струга, но поeзија ќе се чита и во други градови низ Македонија. Директорот на фестивалот Мите Стефоски на денешната средба со новинарите истакна дека покрај традиционалното отворање на Фестивалот со читање на Константиновата Т`га за југ поетско послание ќе има познатиот сириско-либански поет со светска слава Адонис. „СВП ќе ги отвори Адонис со поетско послание. Ден претходно неговата поезија ќе биде претставена…

повеќе...

Позната програмата за Струшките вечери на поезијата 2015

ПРОГРАМА НА СВП 2015 ГОДИНА Недела, 23 08. 2015 11:00 Работилница за деца „Како настанува книга“ – Летна сцена на „Домот на поезијата“ и други локации во Паркот на поезијата. 20:00 Отворање на саемот на книгата во рамките на СВП – поетски маркет – Летна сцена на „Домот на поезијата“ и други локации во Паркот на поезијата. 20:30 Отворање на неделата на поетски и документарни филмови посветени на поезијата – секој ден во 21 на летната сцена на „Домот на поезијата“. – „Летна сцена“ на „Дом на поезијата“ 21:00 Проекции…

повеќе...

Едно лице го загуби животот во сообраќајна незгода на патот Ќафасан – Подмоље

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајната незгода што синоќа околу 21 часот се случи на магистралниот пат Ќафасан-Подмоље во близина на струшката населба Мислешевски пат. Од силината на удар од автобус на лице место починала Нафије М. (79) од Струга. Сообраќајната незгода се случила во момент на непрописно преминување на коловозот од сега починатата и неприлагодена брзина према условите на патот со која се движел автобус „Мерцедес“ со гостиварски регистарски таблици сопственост на „Дурмо турс“ а управуван од Г.Д. (48) од Гостивар. Во моментот на непрописното преминување на…

повеќе...

Кривична пријава за двајца стружани поради обид за убиство

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „убиство во обид“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против албанскиот државјанин Г.Б.(22) и Д.З.(39) од струшкото село Радолишта. Кривичното дело е сторено на 16 декември минатата година во 00.05 часот на локалниот пат Велешта-Октиси, при што со повеќе огнострелни рани во грбот, стомакот и екстремитетите се здобил А.С. (36) жител на селото Велешта. Настанот се случил во близина на неговиот дом кога тој излегувал од своето патничко моторно возило марка „Мерцедес“. Во моментот, од патничко моторно возило марка „Ровер“…

повеќе...

Гостиварчанец кој вршел кражби во Струга заработи кривична пријава

Поради постоење основи на сомнение за сторени девет казнени дела од кои пет „тешка кражба“ и четири „кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против О.А.(20) од Гостивар. Пријавениот, кривичните дела ги извршил во текот на минатиот месец во повеќе куќи, станови, од патничко моторно возило, но и од плажи на струшкото крајбрежје при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 800.000,оо денари. О.А. користејќи подесен алат и физичка сила и со обивање на врати насилно влегувал во куќите. Откако ќе извршел пребарување во внатрешноста, одземал пари,…

повеќе...

Жена погодена со куршум додека си седела во дворот

Синоќа во 22.30 часот во с.Лабуништа-Струга во дворот од семејната куќа С.А., откако слушнала звук, најверојатно од истрел од огнено оружје, се пожалила на болка во главата, бидејќи нешто силно ја удрило. Кога истата се допрела забележала крв, а кога станала од столот на кој што седела, од нејзе паднал и проектилот со кој што била погодена. На истата и е укажана лекарска помош во МЦ-Струга, каде се констатирани телесни повреди, по што е пуштена на домашно лекување. Увид на лице место извршила екипа од ПС-НККР-Струга.

повеќе...

Груевски: ТИРЗ Охрид–Струга подготвена за влез на новите фабрики, 2.000 нови вработувања

Претседателот на Владата Никола Груевски во рамки на работната посета на Охридскиот регион денеска заедно со градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и со претставници на Агенцијата за ТИРЗ, ја посети Технолошко-индустриската развојна зона Охрид – Струга, што се наоѓа на магистралниот пат во близина на охридскиот аеродром. Станува збор за инвестиција на Владата за привлекување странски компании, технолошко-индустриска зона за чие инфраструктурно уредување се обезбедени средства во износ од шест милиони евра. Премиерот Груевски истакна дека според информациите од претставникот на Агенцијата за ТИРЗ градбата на објектот е во тек,…

повеќе...

Вевчанец заработи кривична пријава поради узурпација на недвижности и бесправно градење

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“ полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Р.П.(57) од Вевчани. Пријавениот, на катарстарската парцела број 840/2 , 837 и 836 КО Вевчани, започнал да гради куќа што согласно извршен увид од градежен инспектор, покрај на приватно земјиште, се изведувала и на јавен пат односно државно земјиште сопственост на Република Македонија. Овластениот градежниот инспектор при општина Вевчани во мај годинава, затекнал објект во фаза на изведени ископани темели, истите армирани и бетонирани по што било…

повеќе...