Здрави и активни млади за одржлива Европа

Младинскиот совет од Прилеп утре на градскиот плоштад во Струга организира Флеш моб за здрав и активен живот. Флеш мобот ќе го изведат млади од 6 земји (Македонија, Португалија, Албанија, Романија, Молдавија и Србија) кои се дел од меѓународната младинска размена „Здрави и активни млади за оддржлива Европа“ која се реализира во Струга до 7-ми август во рамките на Еразмус + програмата која ја финансира Европската Унија.

повеќе...

Илинденски кајак спринт-натпревар Струга 2015

Изминатиот векенд поимна во прославување и одбележување на големиот македонски државен празник Илинден,Македонската Кајакарска Федерација во соработка со Агенцијата за млади спорт, Сојузот на спортски Федерации на Македонија и домаќинот на манифестацијата Кајакарски клуб “Дрим”-Струга го организираа Илинденски кајак спринт-натпревар во Струга на Охридското Езеро. Истовремено беше и државно првенство во кајак на мирни води, на кој учествуваа македонските кајакарски клубови:” „Дрим” Струга, „Ехо „Охрид, „Стрмец” Охрид и „Радика”Дебар. На кајакарските натпревари учествуваа преку 130 млади кајакари од сите возрасни категории натпреварувачи (цицибани,пионери,кадети,јуниори,сениори). Илинденскиот кајак спринт-натпревар помина со одлични резултати…

повеќе...

Државниот секретар Бехиџудин Шехапи го затвори шестдневниот фестивал на театри „Тука фест“ во Струга

Државниот секретар во Министерството за култура, Бехиџудин Шехапи, синоќа во Струга се обрати на свеченото затворање на второто издание на фестивалот на театри „Тука фест“. Театарскиот фестивал траеше шест дена и собра познати актери од Албанија, меѓу кои присутни беа и: Маргарита Ѓепа, Роберт Дреника и Ујка Мујо; потоа Тинка Курти и Енвер Петровци од Косово и Бајруш Мијаку и Рафет Абази од Република Македонија. Државниот секретар им посака многу успех и плодна соработка на сите присутни уметници, при што во својот поздравен говор им се заблагодари на директорот на…

повеќе...

„OДВ Електрик“ отвора фабрика во охридско-струшкиот регион со 1.000 вработувања

Германската компанија од автомобилската индустрија „ОДВ Електрик“ за две недели ќе почне со изградба на фабрика во индустриската зона помеѓу Охрид и Струга каде најавува инвестиција од 15 милиони евра и отворање 1.000 нови работни места. Договорот за изградба на фабриката го потпишаа денеска во Скопје сопствениците на компанијата Кристијан Вајс и Андреа Мет и извршниот директор Лудвиг Батон со директорот на Дирекцијата за Технолошко индустриски развојни зони Виктор Мизо во присуство на премиерот Никола Груевски. „ОДВ Електрик“ по одлуката за инвестирање во Македонија во април лани на крајот на…

повеќе...

Два региони утре во портокалова фаза, останатите во жолта

Според најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи, утре два региони од територијата на државата ќе бидат зафатени со температури од портокалова фаза. Два региони утре во портокалова фаза, останатите во жолта Во текот на утрешниот ден температури од портокалова фаза ќе има во охридско –преспанскиот и јужно-вардарскиот регион, каде се предвидуваат температури повисоки од вообичаените за овој период од годината. Како што информираат од Министерството за здравство останатите региони ќе бидат зафатени со температури од жолта, односно алертна фаза. Почитувајте ги препораките Бремените жени и хронично болните лица…

повеќе...

Богат спортски Илинден

„Во годината кога се одбележуваат 112 години од Илинденското востание и 71 година од АСНОМ, преку неколку настани ќе се обидеме симболично да им оддадеме почит на нашите предци, кои придонесоа за создавањето на нашата држава. Токму затоа, годинава Агенцијата за млади и спорт во соработка со дел од националните спортски федерации реализираат повеќе активности за одбележување на празникот“, истакна директорот на АМС Марјан Спасески. АМС во соработка со Планинарската федерација на Македонија, годинава по 29-ти пат ќе го организира Традиционалниот Илинденски марш, кој што ќе започне од Скопје, преку…

повеќе...

Концерт и изложба на дела од работилницата за ready made во Струга

Културниот центар „Кула“, го затвора фестивалот Дрим он, со концерт и изложба на дела од одпад од работилницата за ready made. Работилницата се одржа во Струга, во рамки на фестивалот Дрим Он од 22-26 јули. Концертот кој ќе се одржи на 26 јули со почеток во 21.00 часот ќе биде производ на соработката помеѓу културниот центар Кула и фестивалот за процесирање култура Дрим он. Учесниците на оваа работилница имаа прилика да се запознаат со основите на концептот ready-made и да творат во духот на неговите поимања. Предметите кои се изработија…

повеќе...

Кривична пријава за убиецот на стружанецот Аргетим Асани

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „убиство“ и едно казнено дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјал“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.К.(23) од струшкото село Велешта. На 25-ти овој месец околу 13:15 часот, пријавениот на улицата „Маркс и Енгелс“ од огнено оружје пиштол испукал 14 истрели и од живот го лишил Аргетим А. (42) од Струга. Настанот се случил во момент кога сега починатиот излегувал од деловен објект лоциран на истата улица во Струга. Во моментот, од патничко моторно…

повеќе...

Едукативно предавање во Струга „Превенирај го хепатитот: Од тебе зависи”

Светскиот Ден за Борба Против Хепатитис е главен настан за подигање на свеста на глобално ниво, кој што стана официјален ден на СЗО во 2010 година. Датум за одбележување на Светскиот Ден за Борба Против Хепатитис е 28-ми јули кој што е избран во чест на Проф. Барух Блумберг кој ја доби нобеловата награда за откривање на хепатитис Б вирусот. Претходната година 2014 кампањата се одвиваше под мотото „ХЕПАТИТИС – РАЗМИСЛИ УШТЕ ЕДНАШ”, со што се нагласува потребата сериозно да се размисли и да се подигне свеста за вирусниот хепатитис,…

повеќе...

Кривична пријава за две лица вработени во ЕВН КЕЦ Струга

Полициската Станица Струга поднесе кривична пријава против В.Т.(26) и Г.Ш.(29) одговорни лица на работни групи во ЕВН КЕЦ Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Во април годинава, заради пропуштен должен надзор од страна на пријавените, била извршена кражба на електрични кабли сопственост на ЕВН причинувајќи материјална штета од околу 30.000 денари.

повеќе...