Во понеделник премиера на филмот на Пиперкоски за Охридското востание

Во понеделник, на 3-ти март, со почеток во 17:45 часот на МТВ 1 премиерно ќе биде прикажан новиот филм на охридскиот режисер Илија Пиперкоски за Охридското востание (македонско-албански бунт). Во филмот на Пиперкоски, наративна улога ќе има и охридскиот историчар Никола Митровиќ. Македонско-албанскиот бунт односно Охридското востание се случило во септември 1913 година, на само два месеци по крваво задушеното Тиквешко востание во кое биле убиени повеќе од 1.200 луѓе од српската војска и домашните предавници кои станале соработници на српските власти и еден месец по потпишувањето на катастрофалниот Букурешки…

повеќе...

Кривична пријава за правното лице и сопственикот на „Алтра-Сат 2000“ Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Повреда на правото на дистрибутерот на технички посебно заштитен сателитски сигнал“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против правното лице „Алтра Сат 2000“ – Охрид како и против сопственикот Т.Т. (60) од Охрид. На 29-ти минатиот месец, кај правното лице – кабелска телевизија „Алтра-Сат 2000“ лоцирана во трговскиот центар „Охриѓанка“, пронајдени се и одземени триесет и три дигитални ресивери со кои, пријавените со намера да прибават противправна имотна корист преку кабелска мрежа неовластено дистрибуирале и ставале на располагање на јавноста заштитени телевизиски канали,…

повеќе...

ТВ Морис вклучена во меѓународниот проект „Патот на мирот“

 Патиштата на мирот се својствени за професорот Винченцо Бјанки, познат скулптор и уметник, голем љубител на Македонија и Охрид. Повлечен од воените злосторства, првенствено од Втората Светска војна, Винченцо постанува поборник на мирот помеѓу сите народи во светот. Под задкрило на идејата ВЕТЕР НА МИРОТ, ја продолжува мисијата насловена како ПАТОТ НА МИРОТ, која стартува од огласената ЛИНИЈА ГУСТАВ во Италија, преку Македонија и Блискиот Исток, до Дубаи. За таа намена вклучена е и Телевизија Морис со задача да ја следи мировната мисија на Великанот, каде преку филмските записи од…

повеќе...

Продолжува серијалот на македонските народни приказни во продукција на ТВ Морис

 Деновиве во с.Велестово Охридско, продолжи снимањето на нови традиционални приказни во чест на царот на Македонските народни приказни Ѓорѓи Колозов, продуцирајќи ги охридската ТВ Морис. Овој проект продолжува како континуитет на снимањето на Македонски народни приказни од 2006 година, каде актерската екипа, ја предводи, осмислува и организира актерот Шенка Колозова. Од 2006-та година снимени со ТВ Морис се околу 40-тина народни приказни, и како што вели актерот, Владо Дојчиноски, секоја улога која ја игра во приказните му е особено драга, со кои израснаа и се воспитуваа многу млади генерации. Сепак…

повеќе...

Од 2014/2015 постдипломски студии на ФАМУ во Охрид

Од академската 2014/2015 година во Охрид ќе почнат постдипломски студии по филмско сценарио, според програмата на престижната Академија за филмска и телевизиска уметност-ФАМУ во Прага, кои ќе бидат дел од Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип. Македонија е прва земја со која ФАМУ склучува ваков тип соработка. Идејата е од 2008 година, а почна да се конкретизира со неодамна потпишаниот меморандум со МОН за соработка за формирање мешовит тим. Во него, покрај други еминентни личности, ќе бидат актуелниот декан на Академијата  во Прага  Павел Јех и македонскиот режисер Иво Трајков, кој е професор…

повеќе...

Владата го усвои Акцискиот план за финансиска поддршка на домашната музичка продукција

Портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев информираше дека Владата на Република Македонија започна со реализација на проектот содржан во Законот за поддршка на домашната музичка продукција, проект кој значи финансирање на домашни музички композиции. Владата на минатата седница го усвои и Акцискиот план за реализација со кој започна реализацијата. Владата утврди дека со средства од Буџетот на Република Македонија, а по пат на конкурси секоја година ќе финансира создавање на 200 нови композиции, од кои 150 се од областа на забавната и народната музика и 50 се детски композиции.…

повеќе...

Јавна расправа за Законот за медиуми

Во Собранието на Република Македонија денес се одржа седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија, на чиј дневен ред беше јавната расправа за Законот за медиуми. Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, во воведното обраќање образложи дека законот се однесува на сите медиуми и оти од неговото прво претставување во јавноста досега се направени повеќе измени и дополнувања, по предлог на странските и на домашните експерти, здруженија и асоцијации. Тој се задржа на слободата на изразувањето и правата на новинарите, како едни од најзначајните сегменти од нацрт-текстот…

повеќе...

Пронајдете ја вашата куќа од соништата во Елшани – порачува холандската телевизија „Мах“

Вчера, во Елшани, во куќата на тетка Трајанка Наќоска се снимаше дел од емисијата ОТКРИЈТЕ ЈА ВАШАТА КУЌА ОД СОНИШТАТА, која во продукција на холандската  национална MAX  TELEVISION се снима во голем број на земји во светот, од каде на средовечните парови од Холандија и од други западни земји им се нуди избор од три куќи каде би го поминале остатокот од својот заеднички живот. Во секоја емисија среќата да бидат извлечени некои од паровите е да  имаат  необична и незаборавна љубовна приказна. Во една од емисиите за Dream House…

повеќе...

Дигитализација на телевизиските станици во Македонија

Со свеченост на плоштадот „Македонија“ во Скопје, во употреба беше пуштен дигиталниот сигнал на националните и регионалните телевизиски станици во Република Македонија. Овој систем ќе им овозможи на граѓаните многу поквалитетна слика од досегашната, поквалитетен повеќеканален тон и повеќе услуги. Граѓаните кои не се приклучени на кабелски оператори или имаат постар вид на тв приемници, ќе треба да набават дигитални ресивери, за да можат да ја следат програмата на домашните телевизии. На свеченоста свои обраќања пред присутните имаа министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, главниот извршен директор на…

повеќе...

Уште четири дена аналоген ТВ сигнал, од сабота целосна дигитализација

Петте национални телевизии и една регионална (ТВ ЕДО) до денеска се поврзале на дигиталната платформа на телекомуникацискиот оператор ОНЕ, преку која в сабота треба да стартува дигитализацијата на телевизиските програми и комплетно да биде исклучен аналогниот сигнал.  Цирил Кафол, генерален извршен директор на ОНЕ, оператор избран преку тендер од Агенцијата за електронски комуникации, денеска информира дека технички се целосно подготвени да ја спроведат дигитализацијата и оти во регионите каде дигиталните фрекфенции се слободни веќе е пуштен тест сигнал. Ги правиме последните тестирања на нашата дигитална платформа за да може на…

повеќе...