Од Министерството за транспорт и врски информираат дека во периодот од 10.10.2014 година (петок) со почеток од 00:00 часот заклучно до 15.10.2014 година (среда) до 24:00 часот ќе се врши годишното аплицирање по електронски пат за распределба на ЦЕМТ дозволи за 2015 година и изготвување на поединечен план како резервација на поединечни транспортни дозволи за превоз на стоки за 2015 година. Трговските друштва кои имаат лиценци за меѓународен јавен превоз на стоки (за сите видови меѓународни транспортни дозволи) и трговските друштва кои имаат лиценца за превоз на стока за сопствени…
повеќе...Tag: транспорт
Турнир за млади фудбалски категории во Охрид
Во организација на Општина Охрид и “Фер плеј” купот од градов , од утре до недела на терените при СРЦ „Атина Бојаџи“ ќе се одржи четвртото издание на Фер плеј куп, турнир за млади фудбалски категории. На спортското случување учество ќе земат над 90 екипи од целиот Балкан или околу 1 500 дечиња кои ќе се натпреваруваат во повеќе категории. Фер плеј купот е реномиран турнир на кој учествуваат млади спортски таленти и како никогаш и никаде досега е покриен со live streaming и 10 000 фотографии благодарение на заложбата…
повеќе...Министерот за транспорт и врски Јанакиески денес во Струга
Денес, во 13:00 часот, Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески ќе изврши увид на градежните работи кои се изведуваат на водоводната мрежа во населеното место Нерези, општина Струга. Исто така, по настанот во н.м Нерези, посета на градежни работи ќе се изврши и на водоводната мрежа во населеното место Луково, општина Струга.
повеќе...ЕК бара компании за обнова нa 10 железнички станици во Македонија
Европската комисија денеска на својата интернет страница објави оглас со кој бара компании за рехабилитација, надградба и реконструкција на 10 железничките станици во Македонија долж пан-европскиот коридор 10, вклучувајќи го и кракот 10-д, согласно најдобрите практити во Европската Унија. Со проектот за рехабилитација, надградба и реконструкција ќе бидат опфатени железничките станици во Велес, Прилеп, Битола, Гевгелија, Богомила, Чашка, Табановце, Демир Капија, Градско и Неготино – Вардар. Краен рок за поднесување на понудите на заинтересираните компании е до 30-ти следниот месец до 12 часот. Целта на проектот е подобрување на целокупниот…
повеќе...83 седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија
Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на денешната 83. седница, како матично работно тело, во скратена постапка, ги разгледа: Предлогот на законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги; Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти. На седницата, во својство на претставници на Владата на Република Македонија, присуствуваа г-ѓа Марта Арсовска-Томовска, заменик-министер за информатичко општество и администрација и г. Џелал Бајрами, заменик-министер за транспорт и врски. Претседателот на Комисијата, г. Реџаил Исмаили, ги извести…
повеќе...Груевски: Енергетиката, транспортот, иновациите се нашите приоритети
Иднината на регинот е во ЕУ, а меѓусебната соработка е неодминлив дел од тој процес. Заедничко искористување на економскиот потенцијал на регионот и привлекувањето можни инвеститори е патот до економскиот раст во регионот. Преку регионална соработка земјите на практичен начин го изразуваат единството кој го води регионот во ЕУ и до европските стандарди и практики на соработка. Ова го истакна премиерот Никола Груевски денеска на конференцијата во Лондон во оганизација на ЕБОР на која учествува заедно со колегите од Србија, Црна Гора, БиХ, Хрватска, Албанија и Косово. Тој потенцира дека…
повеќе...Онлајн состојбата на патарините и граничните премини
Информации за состојбата на патиштата низ државата, со пренос во живо на сообраќајот на сите патарини и на најфреквентните гранични премини, преглед на тековните и реализираните активности за изградба на патишта, увид во трошоците за таа намена… Тоа од денеска е достапно преку новиот портал на Јавното претпријатие за државни патишта, www.roads.org.mk, што го промовираа директорот на претпријатието Љупчо Георгиевски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. „Може во живо да се следи определена патна делница и да се види каков е протокот на возила. Ова е важно кога…
повеќе...Министерството за транспорт и врски со реакција на прес-конференцијата на ОО на СДСМ-Охрид
Министерството за транспорт и врски најостро реагира на наводите од денешната прес-конференција на општинската организација на СДСМ – Охрид, со кои се наведува дека од страна на државата било откупено земјиште за 10 милиони денари блиску до охридскиот аеродром, иако тоа земјиште како што велат од Министерството не може да се искористи за проширување на аеродромот, со што на претходните сопственици, партиски војници, роднини и пријатели на претставници на власта им се подариле 162.600 евра… „Земајќи го фактот дека експропријацијата за која на оваа прес-конференција информираат СДСМ е направена пред…
повеќе...Македонија бара целосна либерализација на транспортот во регионот
Неопходна е целосна либерализација на превозот на стоки во регионот, порача министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески на средбата на министрите за транспорт на државите во Југоисточна Европа, што денеска се одржа во Тирана, Република Албанија. Во своето излагање Јанакиески нагласи дека транспортната либерализација ќе придонесе кон зајакнување на економската соработка меѓу земјите во регионот и ќе донесе голем број на бенефити. Затоа побара и поддршка од претставниците на Европската комисија. Јанакиески ги презентираше и главните инфраструктурни проекти и активности кои се реализираат во Македонија, меѓу кои и изградбата…
повеќе...Граѓаните ќе можат да ги откупат становите добиени по основ на ниски приходи
Лицата кои живеат во станови доделени од државата врз основ на ниски приходи ќе можат да поднесуваат барање да ги откупат под поволни услови. Оние кои нема да ги откупат ќе плаќаат закупнина и тоа пониска или социјална доколу спаѓаат во ранливи категории граѓани, и комерцијална доколку не се во овие категории. Средствата од продажбата ќе се користат за изградба на нови станбени единици со кои државата ќе го реши прашањето за домување на други категории граѓани. Оваа одлука, како што информираше на прес-конференција министерот за транспорт и врски Миле…
повеќе...