Пешевски на Светски форум на бизнис ангели во Истанбул

Бизнис ангелите имаат особено големо влијание во креирањето нови работни места, овозможуваат полесен пристап до финансиски средства за компаниите и се особено значајни за имплементација на иновации добиени со претходни искуства. Инвестициите на „бизнис ангелите“ достигнаа 5,5 милијарди евра со што се создадени над 180.000 нови работни места. Тоа се заклучоците што вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски ги презентираше во завршниот дел од тркалезната маса која се одржа во рамките на „Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели“ (WBAF – World Business Angels Investment Forum) во Истанбул, Република Турција. Вицепремиерот…

повеќе...

Претседатлот Иванов упати сочуство до претседателот на Турција

По повод терористичките напади во Анкара и Дијарбакир, претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов упати сочувство до претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, со следната содржина: „Почитуван господине Претседателe, Со шок и огорченост ја примив веста за последните терористички напади во Анкара и Дијарбакир. Во овие моменти на длабока тага во Република Турција, дозволете ми, во името на граѓаните на Република Македонија да изразам искрено сочувство. Најостро ги осудуваме овие насилни варварски напади, во време кога се прават напори за да се постигнат заеднички и сеопфатни решенија за…

повеќе...

Делегација од Турција во посета на претседателскиот кабинет

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска прими делегација од Република Турција по повод престојниот „Ден на пријателство“ на лицата со посебни потребни од Македонија и Турција. На средбата, на која присуствуваше и Маја Иванова, се разговараше за досегашните ангажмани на невладините организации од Република Турција за полесно вклучување во секојдневниот живот на лицата со посебни потреби и можната соработка со претставници и здруженија од Република Македонија. При тоа, беше споменат значајниот ангажман во многу проекти и активности на Маја Иванова за помош на овие лица. Претседателот Иванов порача…

повеќе...

Агенцијата за цивилно воздухопловство доби нова информатичко технолошка опрема од ТИКА

Турската интернационална Агенција за соработка и развој (ТИКА), на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија и донираше нова информатичко технолошка опрема. Донацијата, на директорот на македонскиот регулатор во воздушниот сообраќај, Горан Јандреоски, денес официјално му ја предаде потпретседателот на ТИКА, Али Маскан. На состанокот по повод примопредавањето на донацијата, покрај делегациите од ТИКА и АЦВ, присуствуваа и претставници од Министерството за транспорт и врски. Изразувајќи голема благодарност за добиената информатичко технолошка опрема, директорот на АЦВ, Јандреоски, посочи дека истата е од огромно значење, за зајакнувањето на капацитетите и функционалноста на Агенцијата…

повеќе...

Попоски се сретна со специјалниот претставник на германското МНР за ЈИЕ, Турција и ЕФТА

Министерот за надворешни работи Никола Попоски и специјалниот претставник на германското Министерство за надворешни работи за Југоисточна Европа, Турција и ЕФТА Ернст Рајхел денеска разговараа за предизвиците и перспективите во европската интеграција на Република Македонија, во светлина на неодамна објавениот извештај на Европската комисија за напредокот на земјата во пристапниот процес. Како што соопшти МНР, Попоски на средбата потенцирал дека Македонија останува подготвена за процесот на пристапни преговори. „Од 2009 година, кога беше дадена првата препорака од Комисијата, секоја година сме се подобро подготвени за овој процес“, порача Попоски. Според…

повеќе...

Средба на претседателот Иванов со претседателот на Р. Турција, Реџеп Таип Ердоган

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска престојува во работна посета на Република Турција, каде во Истанбул оствари средба со претседателот на Република Турција,  Реџеп Таип Ердоган. На средбата, двајцата соговорници изразија задоволство од високото ниво на севкупните билатерални односи меѓу Република Македонија и Република Турција, од високиот степен на политички дијалог и доверба, и отсуството на отворени прашања. Заеднички беа констатирани традиционално пријателските односи меѓу двете земји и беше изразена подготвеност за натамошно унапредување на соработката во сите сфери од заемен интерес, со посебен акцент на економската соработка.…

повеќе...

Експерти од Република Турција одржаа обука во областа на контролата и истрагите

Деновиве, во просториите на Царинска управа, врвни експерти од Царинската администрација на Република Турција одржаа обука во областа на контролата и истрагите. Обуката е резултат на добрата билатерална соработка помеѓу царинските служби на Македонија и Турција. За време на обуката споделени беа искуствата и практиките на земјите во областа на контролите и истрагата, моменталната состојба и потребите и очекувањата за во иднина. Покрај ова, разгледани беа конкретните резултати од успешно воспоставената соработка во полето на размена на информации и беа разменети мислења и предлози за нејзино продлабочување во иднина.

повеќе...

Туроператори од Турција и членки на ТУРСАБ во посета на Охрид

Делегација од Турција предводена од претседателот на регионалниот совет на ТУРСАБ- Асоцијација на тур оператори од Турција, Мехмет Акус, заедно со уште осумнаесет туроператори и нивни членки, од денеска се во официјална постета на Македонија, со цел проширување на туристичкиот пазар, зголемување на турстичката размена меѓу Турција и Македонија, зацврстување на веќе постоечките и создавање на нови партнерства со Македонија. Претседателот на регионалниот совет на ТУРСАБ, Мехмет Акус со Аркан Керим, претседател на Туристичко угостителската комора при Сојузот на стопански комори потпишаа Меморандум за соработка со цел поголема конторола, зацврстување…

повеќе...

Министерката за култура се сретна со познатиот турски пејач и текстописец Фетах Џан

Фетах Џан, кој e мошне популарен пејач и композитор, својот прв музички албум го издал во 2010 година, во соработка со Министерството за култура на Република Турција … Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска во просториите на Министерството за култура оствари работна средба со познатиот турски пејач и текстописец Фетах Џан, кој годинава е гостин на шестото издание на Школата за млади лидери во Охрид кое се одржува во организација на кабинетот на претседателот на РМ, Ѓорге Иванов. На средбата, министерката за култура потенцираше дека Република Македонија и Република Турција…

повеќе...

Актерската игра на Турскиот и Албанскиот театар покажаa зошто овие две установи егзистираат 6,5 децении

Извонредната театарска игра на актерите од Албанскиот и Турскиот национален театар од Скопје докажаа дека со право опстојуваат на македонската театарска сцена цели шест и пол децении. Копродукцискиот драмски проект „Слуга на двајца господари“ на текст од италијанскиот комедиограф Карло Голдони а во режија на Јуџел Ертен на публиката на „Охридско лето“ и ја долови реалната мултилингвална средина. Љубовта и лебот, двете нешта кои во современиот свет добиваат тешки димензии, но се вечно актуелни теми поради што беа предизвик и за режисерот Ертен. „Отсекогаш ми се допаѓаше спојот на јазиците…

повеќе...